DW

Item 1
Id 78509751
Date 2026-08-26
Title Стотици локални жители и туристи се водат за исчезнати по разорна поплава во Непал
Short title Стотици исчезнати по разорна поплава во Непал
Teaser Поројна поплава во Непал однесе најмалку деветнаесет животи, а најмалку 384 патници се водат како исчезнати по катастрофата во регионот на Хималаите.

Најмалку деветнаесет лица загинаа во Непал по ненадејна поројна поплава што предизвика големи разурнувања во хималајската држава. Според соопштенијата на властите, цели села биле однесени од водената стихија, додека патишта, мостови и хидроенергетски постројки претрпеле сериозни оштетувања.

Според Туристичката управа на Непал, најмалку 384 патници се водат како исчезнати, меѓу кои 291 странски државјанин. Меѓу нив има повеќе од 290 странски државјани од земји како Германија, САД и Шпанија. Ова го соопшти националната туристичка организација за германската новинска агенција ДПА, Дирк Годер известува од Њу Делхи.

Портпарол на непалската полиција изјави дека исчезнати се и десетици полициски службеници во погодените високопланински подрачја во близина на границата со Тибет.

Според весникот „Катманду пост“ и други непалски медиуми, огромните количества вода и кал предизвикале големи штети во населените места и на инфраструктурата долж реката Ботекоши. Реката извира во тибетските висорамнини и тече низ непалската покраина Багмати.

Меѓу оштетените објекти има бројни станбени куќи и мостови, од кои дел се целосно уништени, а дел сериозно оштетени.

Армијата вклучена во спасувачките операции

Премиерот на Непал, Балендра Шах, најави ангажирање на армијата и дополнителни безбедносни сили во спасувачките операции.

Властите истовремено издадоа предупредување за катастрофа за подрачјата што се наоѓаат низводно од погодените региони во хималајската држава.

Причината за поројната поплава засега останува нејасна. Не е исклучена можноста катастрофата да била предизвикана од таканаречен пробив на глацијално езеро. Во такви случаи, глацијалното езеро нагло ја ослободува насобраната вода, што создава силни поплавувачки бранови.

Во меѓувреме, „Катманду пост“, повикувајќи се на официјални извори, објави дека можно е претходно свлечиште да блокирало река во Тибет и да предизвикало натрупување на големи количества вода. Според ова сценарио, поројната поплава можела да настане откако насобраната вода ја пробила природната пречка.

Сепак, оваа верзија на настаните засега не е официјално потврдена.

Исчезнати лица и во југозападниот дел на Тибет

Кинеската државна новинска агенција Ксинхуа објави дека постои стравување од голем број жртви и исчезнати лица на граничниот премин во округот Ѓиронг во југозападниот дел на Тибет.

Засега не се објавени попрецизни информации за бројот на настрадани.

Според Ксинхуа, калната лавина ги прекинала патните врски кон граничниот премин, како и снабдувањето со електрична енергија и комуникациските врски во регионот.

Видео-снимки објавени на социјалните мрежи и фотографии покажуваат како огромни кафеави маси од кал и вода го преплавуваат речното корито и околната долина.

Кинескиот претседател и генерален секретар на Комунистичката партија, Ши Џинпинг, побара исчезнатите лица да бидат пронајдени со сите расположливи средства и населението во погодените подрачја да биде евакуирано на безбедно место, јави Ксинхуа.

Тој исто така повика на дополнително зајакнување на системите за рано предупредување од природни катастрофи.

Ши Џинпинг вообичаено издава вакви наредби само при особено тешки несреќи. Дополнително, во погодениот регион го испратил високиот функционер на Комунистичката партија Џанг Гуоцинг, кој треба да ги надгледува спасувачките активности на терен.

Short teaser Најмалку деветнаесет загинати и 384 исчезнати по разорна поројна поплава во Непал на границата кон Тибет.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0::%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B8%D1%86%D0%B8%20%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%20%D0%B6%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8%20%D0%B8%20%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%20%D1%81%D0%B5%20%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B8%D1%81%D1%87%D0%B5%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B8%20%D0%BF%D0%BE%20%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%9D%D0%B5%D0%BF%D0%B0%D0%BB%20&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78509751&x4=10352&x5=%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B8%D1%86%D0%B8%20%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%20%D0%B6%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8%20%D0%B8%20%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%20%D1%81%D0%B5%20%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B8%D1%81%D1%87%D0%B5%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B8%20%D0%BF%D0%BE%20%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%9D%D0%B5%D0%BF%D0%B0%D0%BB%20&x6=1&x7=%2Fmk%2F%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8-%D0%B6%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8-%D0%B8-%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8-%D1%81%D0%B5-%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%B8%D1%81%D1%87%D0%B5%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B8-%D0%BF%D0%BE-%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BD%D0%B5%D0%BF%D0%B0%D0%BB%2Fa-78509751&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260826&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/стотици-локални-жители-и-туристи-се-водат-за-исчезнати-по-разорна-поплава-во-непал/a-78509751?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&title=%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B8%D1%86%D0%B8%20%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%20%D0%B6%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8%20%D0%B8%20%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%20%D1%81%D0%B5%20%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B8%D1%81%D1%87%D0%B5%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B8%20%D0%BF%D0%BE%20%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%9D%D0%B5%D0%BF%D0%B0%D0%BB

Item 2
Id 78503789
Date 2026-08-26
Title Одлучувачка недела: Како изгледа иднината на Фолксваген?
Short title Одлучувачка недела: Како изгледа иднината на Фолксваген?
Teaser Раководството на Фолксваген неделава се соочува со гневните вработени поради плановите за преструктурирање кои можат да доведат до укинување на дури 100.000 работни места и затворање на повеќе фабрики во Германија.

1. Зошто Фолксваген води кризни разговори со вработените?

Раководството на Фолксваген неделава одржува вонредни состаноци со вработените како дел од досега незабележаната програма за намалување на трошоците, која, според медиумските извештаи, вклучува и можност за кратење на до 100.000 работни места и затворање на неколку фабрики во Германија.

Германската автомобилска индустрија се соочува со длабока структурна криза поради силниот притисок од кинеската конкуренција, преминот кон електрични возила, зголемувањето на трошоците за производство и други предизвици.

Како најголем европски производител на автомобили по обем на производство, Фолксваген е особено погоден од прекумерниот капацитет во своите германски фабрики, високите фиксни трошоци и големата зависност од кинескиот пазар.

Вработените се особено незадоволни од начинот на кој досега е комуницирано реструктуирањето. Претставници на работниците го опишаа тој процес како „катастрофален“.

Девет одделни состаноци ќе се одржат во текот на неделава, кои почнаа во вторникот во седиштето на компанијата во Волфсбург, додека разговори се планирани и во погоните во Емден, Цвикау, Брауншвајг и во Хановер.

Работниците веќе се согласија да се намалат околу 50.000 работни места, главно преку програми за доброволно отпуштање. Меѓутоа, менаџментот сега верува дека ќе треба да се намалат уште дополнителни 50.000 работни места.

2. Зошто Фолксваген мора да спроведе такви драстични кратења?

Извршниот директор Оливер Блуме нагласи дека Фолксваген е во „повеќе од критична состојба“ и дека досегашните мерки не се доволни за враќање на конкурентноста.

„Преголеми сме. Тоа често нè прави премногу бавни и премногу комплицирани“, им рече тој на вработените во интервју објавено на внатрешниот портал на компанијата минатата недела.

Со речиси 630.000 вработени, Фолксваген стана значително помасивен од своите конкуренти во текот на децениите. Компанијата одлучи да контролира голем дел од процесот на производство, вклучувајќи го производството на компоненти и развојот на софтвер, додека истовремено преземаше брендови како Шкода, Порше, СЕАТ и Бугати.

Автомобилскиот производител, исто така, го одложи преминот кон електрични возила во време кога кинеските конкуренти значително зајакнаа, што доведе до голем пад на продажбата на некогаш најважниот пазар - Кина.

Блум предупредува дека Фолксваген моментално во Европа произведува околу половина милион возила повеќе отколку што пазарот може да апсорбира секоја година.

Иако затворањето на германските фабрики би било последна мерка, Блуме вели дека менаџментот во моментов „не гледа начин тие да останат профитабилни во 30-тите години од веков“.

На високите трошоци за водење бизнис во Германија укажаа и други производители на автомобили. Извршниот директор на Мерцедес, Ола Келениус, минатиот месец изјави дека постои разлика од дури 70 проценти во трошоците помеѓу работењето на компанијата во Унгарија и во Германија.

3. Каква реакција се очекува од работниците?

Се очекува Блуме да се соочи со силно незадоволство од вработените во Фолксваген, кои се сметаат за едни од најдобро платените работници во автомобилската индустрија благодарение на силното влијание на синдикатите и работничките совети.

Откако веќе ги прифати претходните планови за реструктуирање, претседателката на синдикатот ИГ Метал, Кристијане Бенер, рече дека работниците сега „добиваат уште една шлаканица“.

На состанокот во Волфсбург, претседателката на работничкиот совет на Фолксваген, Даниела Кавало, оцени дека довербата во Оливер Блуме и во менаџментот на компанијата е „нарушена“, но дека „сè уште не е неповратно изгубена“.

Минатиот месец, Надзорниот одбор на Фолксваген, кој вклучува претставници на акционери и на вработени, го отфрли вториот круг предложени мерки за штедење.

Ситуацијата е дополнително комплицирана од фактот дека сојузната покраина Долна Саксонија е косопственик на Фолксваген и има 20 проценти од гласачките права. Според германските медиуми, покраинските власти одбиваат да ги поддржат плановите на управата.

„Долна Саксонија е земја на автомобилската индустрија и така мора да остане“, изјави во понеделникот покраинскиот премиер Олаф Лиес. „Сега ми е важно да најдеме заеднички решенија.“

4. Како Фолксваген планира да се врати на вистинскиот пат?

Блуме минатиот викенд за весникот Билд ам Зонтаг изјави дека го подготвил „најголемиот план за трансформација во историјата на Фолксваген групата“.

Неговата програма Таргет вижан 2030 предвидува преполовување на асортиманот на модели на возила и намалување на режиските трошоци, особено во Германија. Компанијата, исто така, планира да ја намали својата глобална производствена цел од рекордни околу 11 милиони возила од 2018 година на приближно 9 милиони возила годишно во иднина.

Соочен со растечката конкуренција од Кина, американските царини, геополитичките ризици и административните оптоварувања, Блуме предупредува дека менаџментот мора да тргне од претпоставката дека глобалните ризици дополнително ќе се зголемат.

Повеќето од големите светски производители на автомобили се обидуваат да одговорат на сè посилното присуство на кинеските електрични возила на светските пазари, нестабилните пазарни услови и растечкиот притисок од европските климатски прописи, кои предвидуваат и парични казни за неисполнување на целите за намалување на емисиите.

Блуме верува дека следните неколку години ќе бидат клучни за опстанокот на многу производители на автомобили.

Според него, иако Фолксваген постигнал солидна оперативна маржа од 3,8 проценти, остварената добивка не е доволна за инвестиции во нови технологии, развој на нови производи и во исто време зачувување на постојните производствени локации на компанијата.

Short teaser Раководството на Фолксваген неделава се соочува со бесот на вработените поради спорните плановите за преструктурирање.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%95%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0::%D0%9E%D0%B4%D0%BB%D1%83%D1%87%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%B0%20%D0%BD%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B0%3A%20%D0%9A%D0%B0%D0%BA%D0%BE%20%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%20%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A4%D0%BE%D0%BB%D0%BA%D1%81%D0%B2%D0%B0%D0%B3%D0%B5%D0%BD%3F&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78503789&x4=10350&x5=%D0%9E%D0%B4%D0%BB%D1%83%D1%87%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%B0%20%D0%BD%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B0%3A%20%D0%9A%D0%B0%D0%BA%D0%BE%20%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%20%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A4%D0%BE%D0%BB%D0%BA%D1%81%D0%B2%D0%B0%D0%B3%D0%B5%D0%BD%3F&x6=1&x7=%2Fmk%2F%D0%BE%D0%B4%D0%BB%D1%83%D1%87%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%B0-%D0%BD%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0-%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%84%D0%BE%D0%BB%D0%BA%D1%81%D0%B2%D0%B0%D0%B3%D0%B5%D0%BD%2Fa-78503789&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260826&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%95%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/одлучувачка-недела-како-изгледа-иднината-на-фолксваген/a-78503789?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/77888402_302.jpg
Image caption Менаџментот на Фолксваген се среќава со работниците во седиштето на производителот на автомобили во Волфсбург, каде што би можеле да објават големи промени за компанијата
Image source Moritz Frankenberg/dpa/picture alliance
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&f=https://tvdownloaddw-a.akamaihd.net/vps/webvideos/MAZ/2025/DWUZ/VWCurrywurst_final_AVC_640x360.mp4&image=https://static.dw.com/image/77888402_302.jpg&title=%D0%9E%D0%B4%D0%BB%D1%83%D1%87%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%B0%20%D0%BD%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B0%3A%20%D0%9A%D0%B0%D0%BA%D0%BE%20%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%20%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A4%D0%BE%D0%BB%D0%BA%D1%81%D0%B2%D0%B0%D0%B3%D0%B5%D0%BD%3F

Item 3
Id 78504828
Date 2026-08-26
Title Дата - центри: Тешко до нив, потешко без нив
Short title Дата - центри: Тешко до нив, потешко без нив
Teaser Не може да се управува со центри за податоци без одржливо снабдување со електрична енергија, оцени Мицкоски и најави проект за две хидроцентрали во износ од 1,5 милијарди долари.

Кој сака да спречи инвестиции во високи технологии за развој на земјата, и кој сака странски дата - центри за сопствени тендерски профити? На овие две прашања се вкрстија копјата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, откако Советот на Општина Пехчево гласаше против предлог за изградба на дата-центар, доставен како приватна иницијатива.

Извесно е дека темата и натаму ќе се држи под висок интензитет откако премиерот најави дека Владата не се откажува од изградба на дата-центар, а претседателот на СДСМ, Венко Филипче, повика на национална мобилизација за да се спречи таков проект.

„Повикувам на национална мобилизација да спречиме водата и струјата да паднат во раце на профитери на грбот на народот“, јавно повика Филипче.

Ги обвини Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека сакаат водата и струјата да ги стават во функција на странски дата центри за сопствени тендерски профити.

„На крајот кој ќе ја плати таа струја? Граѓаните преку повисоки сметки. Кој ќе нема вода? Граѓаните. Каде ќе оди затоплената вода? Никој не кажува“, рече Филипче и ги повика советниците во сите општински Совети да се обединат по тоа прашање

Дата центри по сите стандарди

Премиерот Христијан Мицкоски и вчера беше дециден - Владата не се откажува од изградба на дата-центар, по сите стандарди и без последици за животната средина.

„Наша цел како Влада е да ја развиваме државата и јас сум подготвен - ако оваа политика е погрешна - да ја платам политичката цена. Но, јас како човек, како професор и инженер сум убеден дека ако не го препознаеме моментот, ако не го фатиме моментот сега, и ако не успееме да се качиме на тој брод, за жал сите ќе не претркаат“, одговори Мицкоски на новинарско прашање.

Тој не сакаше да ја коментира одлуката на Советот на Општина Пехчево кој гласаше против изградба на дата-центар, за да не навлегува во детали и мотиви за приватна иницијатива.

Пробен балон

Но, од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение наведоа дека лицето што стоело зад Иницијативата за дата центар во Пехчево, било пратеник на СДСМ од 2002 до 2006 година

„Драги Ѓорѓиев е испостава на Зоран Заев и Венко Филипче. Додека Филипче ја замајува јавноста со кампања против дата центрите, негови луѓе поднесуваат иницијативи и бркаат маркици за дата центри. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, дата центри треба да има, но истите мора да се по сите стандарди, надвор од населено место, а не како што тоа сакаат да го прават луѓето на СДС (...) Следен пат кога Филипче ќе пушта пробни балони и ќе крои политика од јахта, нека им каже на неговите пајташи “, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Реакција упати и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој исто така најави дека ќе има нови инвестиции во високи технологии.

„За да не успееме како држава, тие ќе бидат и против центри за податоци, и против странски инвестиции, и против влез на високи технологии. Подготвени се да бидат и против нови вработувања – само С. Македонија да пропаѓа како што пропаѓаше седум години (...) За нивно жалење, ќе има и нови инвестиции во високи технологии и ќе се развива Македонија во дигиталната сфера. Тоа никогаш нема да значи компромис со животната средина, воздухот и водата. Ние не сме луѓе кои ќе дозволат, заради матни тендери, живи да изгорат пациенти во болници“, наведе Андоновски.

Клучен избор - локацијата

Во земјите каде дата центри во чекор го следат бумот на вештачката интелигенција, како една од последиците на нивното работење се посочува големата топлина што ја рефлектираат објектите, а за чие ладење се користи или климатизација која троши многу електрична енергија, или систем за ладење со вода кој троши многу вода.

Според експертите, за да нема концентрација на своевидни топлински острови, пожелно е дата центрите да не се во јадро на урбани средини, кои заради бетонизација и други фактори веќе се претворени во топлински острови. Заради тоа, за исклучително важен фактор се смета изборот на локацијата за изградба на центри за податоци, но и одржливиот начин на нивно опслужување со електрична енергија и вода, кој нема да ги засегне потребите и стандардот на локалните заедници.

Две хидроцентрали - проект од 1,5 милијарди долари

Мицкоски се осврна на овој аспект во завчерашното интервју за „Брајтбарт њуз“, во контекст на потребата од нови хидроцентрали за производство на повеќе електрична енергија.

„Имајќи ги предвид климатските промени и глобалното затоплување (...) би сакале да развиеме две хидроцентрали - прво за да обезбедиме снабдување со вода за регионот, потоа за наводнување, а како трет приоритет - производство на електрична енергија. Зборуваме за еден терават час електрична енергија годишно, што е супер голема количина електрична енергија за големината на земја како нашата“, посочи Мицкоски.

Според него, дополнителната електрична енергија ќе ѝ помогне на земјата да изгради центри за податоци, за да ја искористи моќта на вештачката интелигенција.

„Не можете да управувате со вашите центри за податоци без да имате одржливо снабдување со електрична енергија. Ова е единствениот начин на кој можеме да управуваме со центри за податоци и како можеме да работиме на вештачка интелигенција (...) Кога станува збор за тие две хидроцентрали, зборуваме за проект во износ од 1,5 милијарди долари, а кога станува збор за центрите за податоци, зборуваме за целосна американска инвестиција и ќе работиме на обезбедување на сите потребни стимулации што можеме да им ги обезбедиме за да ја направат таа инвестиција остварлива во иднина“, најави Мицкоски во интервјуто.

Најави дека на оваа тема викендов ќе разговара и со Крис Павловски, извршен директор на „Рамбл“, кој со неговите партнери веќе инвестирал во Европа.

Short teaser Не може да се управува со центри за податоци без одржливо снабдување со електрична енергија, оцени Мицкоски
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0::%D0%94%D0%B0%D1%82%D0%B0%20-%20%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D1%80%D0%B8%3A%20%D0%A2%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%BE%20%D0%B4%D0%BE%20%D0%BD%D0%B8%D0%B2%2C%20%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%BE%20%D0%B1%D0%B5%D0%B7%20%D0%BD%D0%B8%D0%B2%20&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78504828&x4=10344&x5=%D0%94%D0%B0%D1%82%D0%B0%20-%20%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D1%80%D0%B8%3A%20%D0%A2%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%BE%20%D0%B4%D0%BE%20%D0%BD%D0%B8%D0%B2%2C%20%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%BE%20%D0%B1%D0%B5%D0%B7%20%D0%BD%D0%B8%D0%B2%20&x6=1&x7=%2Fmk%2F%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D1%80%D0%B8-%D1%82%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%BE-%D0%B4%D0%BE-%D0%BD%D0%B8%D0%B2-%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%BE-%D0%B1%D0%B5%D0%B7-%D0%BD%D0%B8%D0%B2%2Fa-78504828&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260826&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/дата-центри-тешко-до-нив-потешко-без-нив/a-78504828?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&title=%D0%94%D0%B0%D1%82%D0%B0%20-%20%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D1%80%D0%B8%3A%20%D0%A2%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%BE%20%D0%B4%D0%BE%20%D0%BD%D0%B8%D0%B2%2C%20%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%BE%20%D0%B1%D0%B5%D0%B7%20%D0%BD%D0%B8%D0%B2

Item 4
Id 78504326
Date 2026-08-26
Title Трагедија во Исламабад: Новороденчиња загинаа во пожар во болница во Пакистан
Short title Новороденчиња загинаа во пожар во болница во Пакистан
Teaser Најмалку 14 новороденчиња загинаа во пожар што избувна на оддел за породување во Исламабад. Причина за несреќата можеби е дефект на системот за климатизација.

Најмалку 14 новороденчиња загинаа во пожар што избувна на оддел за породување во главниот град на Пакистан, Исламабад, соопштија владини претставници. Според дел од новинските агенции, кои се повикуваат на спасувачките служби, бројот на жртвите достигнал 15.

Според информациите од спасувачките екипи, пожарот избувнал во раните утрински часови. Од новороденчињата кои се наоѓале на одделот, спасено било само едно бебе. Во меѓувреме, пожарот е ставен под контрола.

Можно е дефект на клима-уред да ја предизвикал трагедијата

Првичните истражувања укажуваат дека причината за пожарот можеби била неисправност на системот за климатизација на одделот. Според првите сознанија, непосредно пред избувнувањето на пожарот експлодирал компресор.

Одделот за породување е дел од гинеколошката клиника на Пакистанскиот институт за медицински науки (Pakistan Institute of Medical Sciences) во Исламабад, државна здравствена установа.

Наредена итна истрага

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изрази длабоко жалење поради смртта на новороденчињата и нареди итна истрага за трагичниот настан.

„Одговорните мора да бидат идентификувани и најстрого повикани на одговорност“, соопшти кабинетот на Шариф.

Државните здравствени установи во Пакистан долго време се соочуваат со недостиг од финансиски средства и преголем притисок врз капацитетите. Граѓаните кои можат да си го дозволат тоа, најчесто се обраќаат во приватни клиники за да добијат поквалитетна здравствена заштита.

Short teaser Најмалку 14 новороденчиња загинаа во пожар во болница во Исламабад. Наредена е итна истрага.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0::%D0%A2%D1%80%D0%B0%D0%B3%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%98%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%B1%D0%B0%D0%B4%3A%20%D0%9D%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%87%D0%B8%D1%9A%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%D0%B3%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%BF%D0%BE%D0%B6%D0%B0%D1%80%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%9F%D0%B0%D0%BA%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%20&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78504326&x4=10352&x5=%D0%A2%D1%80%D0%B0%D0%B3%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%98%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%B1%D0%B0%D0%B4%3A%20%D0%9D%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%87%D0%B8%D1%9A%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%D0%B3%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%BF%D0%BE%D0%B6%D0%B0%D1%80%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%9F%D0%B0%D0%BA%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%20&x6=1&x7=%2Fmk%2F%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%B3%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%B8%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%B1%D0%B0%D0%B4-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%87%D0%B8%D1%9A%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D0%B3%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D0%B6%D0%B0%D1%80-%D0%B2%D0%BE-%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D0%B0%D0%BA%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%2Fa-78504326&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260826&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/трагедија-во-исламабад-новороденчиња-загинаа-во-пожар-во-болница-во-пакистан/a-78504326?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/78502943_302.jpg
Image caption Најмалку 14 новороденчиња загинаа во пожар што избувна на оддел за породување во главниот град на Пакистан, Исламабад
Image source Akhtar Soomro/REUTERS
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&image=https://static.dw.com/image/78502943_302.jpg&title=%D0%A2%D1%80%D0%B0%D0%B3%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%98%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%B1%D0%B0%D0%B4%3A%20%D0%9D%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%87%D0%B8%D1%9A%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%D0%B3%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%BF%D0%BE%D0%B6%D0%B0%D1%80%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%9F%D0%B0%D0%BA%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD

Item 5
Id 78503288
Date 2026-08-26
Title Пак ли предвремени избори?
Short title Пак ли предвремени избори?
Teaser Владата нема ниту една сериозна причина да прифати дебата за предвремени избори. Но од одговорот на Мицкоски е очигледно дека не сака ниту да ја одбие затоа што им одговара на партиските математики. Пишува Соња Крамарска

Полека во јавниот дискурс исползи темата за предвремени избори. Жешка тема, која во нашата држава најчесто се дискутира со усвитени глави, многу емоции и малку рационалност. Тема, која најчесто испливува кога политиката нема ништо попаметно да прави. Тоа е и тема која никогаш досега на довела до суштински чекор напред туку секогаш резултираше или со статус кво или со враќање назад.

Предвремените избори не се, од друга страна, никаква срамота или скандал сам по себе. Тие имаат своја улога во политичките процеси. Кон нив најчесто се прибегнува од неколку причини: доколку нема јасно мнозинство во парламентот, доколку е владата нестабилна, доколку владината коалиција изгуби партнер и стане малцинство во парламентот, или парламентот е блокиран и не може да носи одлуки, или пак доколку државата е пред суштинска промена и владата не сака да ја износи сама промената туку ѝ треба уште една поддршка од гласачите за тоа. И најважното, доколку дојде до разлика во политичката волја на граѓаните и политичката волја во парламентот.

Е сега, да прашаме, кое од овие сценарија се случува во моментов, па политичката сцена ја будат од летната дремка со една таква бурна тема? Нема ли мнозинство Владата, ќе си оди ли ВЛЕН, блокиран ли е парламентот, се разликува ли волјата на граѓаните од политичката волја во парламентот? Ништо од тоа не се случува, Владата е стабилна и политички моќна како никогаш досега, партиската сила на теренот е еквивалентна на политичкиот распоред на силите во Собранието. Со еден збор, Владата е и цар и господар.

ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште фаворит

Премиерот вели дека ако опозицијата провоцира избори, тој и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ нема да бидат кукавици и да бегаат, туку храбро ќе влезат во рингот и ќе ги победат. Како да не се работи за држава туку за битка меѓу двајца пеливани. Ако е пеливанство во прашање, не мора да се организираат избори и да се истресе тоа што остана во државната каса. Може да се сретнат и тоа да го направат со помалку трошок и помпа. Предвремените избори не се прашање на храброст или кукавичлук туку се прашање на политичка одговорност и сериозна анализа за нивна оправданост.

Искуството досега покажа дека кај нас предвремени избори се користат како ефикасен трик за продолжување на политичкиот век на власта и добивање на нови четири години владеење. Вообичаено е кон тој трик да се прибегне кога една власт не ги исполнила дадените ветувања но гласачите веруваат дека набрзо ќе ги исполни и сѐ уште ѝ даваат доверба. Најчесто довербата е присутна како инерција од последните избори, од кои во случајов во нашата држава поминаа две години, а доколку се одржат следната година тоа би било во третата година од мандатот на сегашната Влада.

Владата во актуелниот политички момент сѐ уште е фаворит на граѓанското расположение. Таа клима не може да се промени за неколку месеци или за една година и затоа сегашната власт нема ниту една сериозна причина да прифати дебата за предвремени избори. Меѓутоа од одговорот на Христијан Мицкоски е очигледно дека не сака ниту да ја одбие затоа што им одговара на партиските математики.

Иста власт, иста држава

Но прашањето што треба да ги замисли партиските и политичките стратези е каква држава ќе добиеме утрото по предвремените избори. Ќе галопираме кон ЕУ како што галопира сега Црна Гора? Нема да има корупција, ќе има ли подобро здравство, подобро образование, ќе се намалат ли политичките антагонизми? Ќе потечат ли странски инвестиции кои евидентно замреа. Ќе биде ли опсипан старо-новиот премиер со покани за премиерски средби од европските престолнини?

Ништо од тоа нема да се случи . Северна Македонија и по изборите ќе се разбуди иста како што била пред тоа. Затоа што тие избори не се за С. Македонија туку за една партија да си го продолжи животниот век на власт. Статистиката вели дека од досегашните 11 парламентарни избори во земјата, 5 биле предвремени, а 6 редовни. Тоа е многу. Од тие пет дури три беа одржани во времето додека беше на власт поранешниот конзервативен премиер Никола Груевски – 2008, 2011 и 2014. Сите тие избори го продолжуваа владеењето на ВМРО-ДПМНЕ а ја ослабнаа државата.

И во 2016 исто така имаше предвремени избори - под меѓународен притисок, за детронизирање на тогашната корумпирана влада на Груевски. Последните беа во 2020 година во време на власта на тогашниот премиер Зоран Заев, но иако пред нив имаше избори во 2016, се сметаат за предвремени бидејќи тогашната влада стапи на сцена на крајот на мај 2017 година. И тие избори не донесоа ништо ново за државата освен што покажаа раст на ВМРО-ДПМНЕ и натамошно слабеење на владата на СДСМ што подоцна се потврди со триумфалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2024 година.

Оттука, уште едни предвремени избори само ќе го вратат часовникот назад во одбројувањето на деновите на власта. И ќе го покажат тоа што сите го знаеме - дека кај нас не се победува на избори со добри идеи и владеење туку со пропаганда.

Оваа колумна го изразува личното мислење на авторот и може да не се совпаѓа со редакцискиот став на македонската редакција на Дојче Веле или со ДВ во целина.

Short teaser Владата нема ниедна сериозна причина да прифати дебата за предвремени избори, но таа одговара на партиските математики.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0::%D0%9F%D0%B0%D0%BA%20%D0%BB%D0%B8%20%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8%20%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B8%3F%20&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78503288&x4=10344&x5=%D0%9F%D0%B0%D0%BA%20%D0%BB%D0%B8%20%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8%20%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B8%3F%20&x6=1&x7=%2Fmk%2F%D0%BF%D0%B0%D0%BA-%D0%BB%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B8%2Fa-78503288&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260826&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/пак-ли-предвремени-избори/a-78503288?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/77878008_302.jpg
Image caption Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ако опозицијата провоцира избори, тој и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ нема да бидат кукавици и да бегаат, туку храбро ќе влезат во рингот и ќе ги победат
Image source DW/Petr Stojanovski
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&image=https://static.dw.com/image/77878008_302.jpg&title=%D0%9F%D0%B0%D0%BA%20%D0%BB%D0%B8%20%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8%20%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B8%3F

Item 6
Id 78497335
Date 2026-08-25
Title Германската влада планира проширување на данокот на шеќер
Short title Германија го проширува данокот на шеќер
Teaser Данокот на шеќер во Германија би можел да опфати и нектари, смути, овесни пијалаци и безалкохолни пијалаци без шеќер, покажува нов документ на владата.

Германската сојузна влада планира воведување данок на пијалаците што содржат шеќер. Стана познато дека предложениот данок би можел да биде значително поширок отколку што првично се очекуваше и да опфати производи како овошни нектари и пијалаци на база на овес. Мерката веќе предизвикува политички спорови во Германија.

Според документ со основни насоки до кој имало увид студиото на јавниот сервис АРД во Берлин, данокот нема да се применува само на засладени пијалаци како лимонади. Во предложениот опфат се вклучени и овошни нектари, смути, како и пијалаци на житна основа, меѓу кои и овесно млеко.

Дополнително, данокот би се применувал и на пијалаци кои содржат само засладувачи. Тоа значи дека мерката најверојатно ќе ги погоди и безалкохолните пијалаци без шеќер.

Според предлогот, ваквите пијалаци би биле оданочени со 26 центи по литар. За пијалаците што содржат шеќер може да се наплатува и повисок износ, зависно од количеството шеќер во производот. Министерството за финансии предлага скалест даночен систем со три нивоа.

Во принцип, коалицијата составена од Демохристијаните и Социјалдемократите веќе се согласи да воведе данок на шеќер. Владата очекува преку оваа мерка во текот на следната година да обезбеди приходи од околу 650 милиони евра.

Несогласувања во редовите на Унијата

Во документот на Министерството за финансии се наведува дека данокот на шеќер треба да има насочувачки ефект и да придонесе за намалување на количината шеќер во пијалаците. Истовремено, мерката треба да обезбеди и дополнителни приходи за државниот буџет.

Поради тоа, Министерството се залага за широк опфат на данокот и за минимален број исклучоци. Во документот се наведува дека вклучувањето на сирупи, концентрати и гранулати во даночната основа е неопходно за да се спречат можни обиди за заобиколување на данокот, какви што биле забележани во други држави.

Додека здруженијата за заштита на здравјето и потрошувачите го поздравуваат воведувањето на данокот, во редовите на Унијата постои отпор кон предлогот. Критичарите предупредуваат дека мерката дополнително ќе го оптовари стопанството.

Генералниот секретар на ЦДУ, Карстен Линеман, ќе треба да обезбеди поддршка за иницијативата во сопствената парламентарна група, а истовремено со Министерството за финансии да ги разработи деталите на законското решение.

Од парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ порачаа дека при претстојните расправи во Бундестагот внимателно ќе се анализира како конкретно ќе биде обликуван планираниот данок на шеќер.

Против предложените насоки е и Министерството за земјоделство, кое е под водство на ЦСУ. Тоа произлегува од дописи до кои дошла новинската агенција „Ројтерс“.

Во Министерството за земјоделство сметаат дека во предлогот се вклучени значително повеќе видови пијалаци отколку што првично препорачала експертската комисија за здравство.

Short teaser Германија планира поширок обем на данок на шеќер што ќе опфати нектари, смути и овесни пијалаци.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%95%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0::%D0%93%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0%20%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%80%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%B8%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%88%D0%B5%D1%9C%D0%B5%D1%80%20&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78497335&x4=10350&x5=%D0%93%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0%20%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%80%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%B8%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%88%D0%B5%D1%9C%D0%B5%D1%80%20&x6=1&x7=%2Fmk%2F%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0-%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%80%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%B8%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D1%88%D0%B5%D1%9C%D0%B5%D1%80%2Fa-78497335&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260825&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%95%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/германската-влада-планира-проширување-на-данокот-на-шеќер/a-78497335?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/43289098_302.jpg
Image caption Германската сојузна влада планира воведување данок на пијалаците што содржат шеќер.
Image source picture-alliance/empics/A. Devlin
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&image=https://static.dw.com/image/43289098_302.jpg&title=%D0%93%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0%20%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%80%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%B8%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%88%D0%B5%D1%9C%D0%B5%D1%80

Item 7
Id 78492119
Date 2026-08-25
Title Германската економија порасна за 0,3 отсто во вториот квартал и покрај војната со Иран
Short title Пораст на германската економија за 0,3 отсто
Teaser Германската економија забележа раст од 0,3 отсто во вториот квартал, поттикнат пред сè од извозот, индустриското производство и растот во услужниот сектор.

Германската економија во вториот квартал забележа раст од 0,3 отсто. Сојузниот завод за статистика во Висбаден во вторникот ја ревидираше нагоре својата првична проценка за бруто-домашниот производ (БДП), објавена на крајот од јули, за 0,1 процентен поен.

„Динамиката на раст на германската економија од почетокот на годината продолжува“, изјави претседателката на Заводот за статистика, Рут Бранд.

Според статистичарите, во споредба со првичната проценка, меѓу другото, значително подобро од очекуваното се развивале прометите во големопродажбата и малопродажбата. Покрај тоа, врз основа на новодостапните информации за надворешната трговија во јуни, податоците за извозот биле „значително ревидирани нагоре“.

Уште на крајот на јули, Заводот за статистика ја посочи токму силната извозна активност како еден од главните двигатели на економскиот раст.

Извозот и увозот со значителен раст

Според ажурираните податоци, извозот на стоки во вториот квартал пораснал за 2,6 отсто, додека извозот на услуги останал на исто ниво. Така, вкупниот извоз бележи раст од 2,0 отсто.

Слична е состојбата и кај увозот во Германија. Увозот на стоки е зголемен за 2,1 отсто, додека увозот на услуги од странство пораснал за 0,3 отсто. Вкупно, тоа резултирало со раст на увозот од 1,5 отсто.

Бруто-додадената вредност е зголемена за 0,4 отсто. Преработувачката индустрија забележала значителен раст од 0,9 отсто, особено во производството на хемиски производи и електрична опрема.

Во градежниот сектор е регистриран мал пад од 0,1 отсто. Сепак, според Заводот за статистика, со тоа барем делумно се намалила негативната динамика што беше присутна во изминатите квартали.

Раст во речиси сите услужни дејности

Во услужниот сектор економската активност се зголемила во речиси сите потсектори.

Најголем раст во споредба со претходниот квартал е забележан во секторите информации и комуникации, недвижности и станбено работење, како и кај јавните услуги. Секој од овие сегменти остварил раст од 0,6 отсто.

Единствено финансиските и осигурителните услуги забележале намалување на бруто-додадената вредност.

Short teaser Германската економија порасна за 0,3 отсто во вториот квартал, предводена од извозот и индустријата.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%95%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0::%D0%93%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%81%D0%BD%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%200%2C3%20%D0%BE%D1%82%D1%81%D1%82%D0%BE%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%BA%D0%B2%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B0%D0%BB%20%D0%B8%20%D0%BF%D0%BE%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%98%20%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D1%81%D0%BE%20%D0%98%D1%80%D0%B0%D0%BD%20&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78492119&x4=10350&x5=%D0%93%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%81%D0%BD%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%200%2C3%20%D0%BE%D1%82%D1%81%D1%82%D0%BE%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%BA%D0%B2%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B0%D0%BB%20%D0%B8%20%D0%BF%D0%BE%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%98%20%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D1%81%D0%BE%20%D0%98%D1%80%D0%B0%D0%BD%20&x6=1&x7=%2Fmk%2F%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%81%D0%BD%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-0-3-%D0%BE%D1%82%D1%81%D1%82%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BA%D0%B2%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B0%D0%BB-%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%98-%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%2Fa-78492119&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260825&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%95%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/германската-економија-порасна-за-0-3-отсто-во-вториот-квартал-и-покрај-војната-со-иран/a-78492119?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/78093982_302.jpg
Image caption Германската економија во пролетта растеше побрзо отколку што претходно се претпоставуваше, и покрај притисокот предизвикан од војната во Иран
Image source Hauke-Christian Dittrich/dpa/picture alliance
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&image=https://static.dw.com/image/78093982_302.jpg&title=%D0%93%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%81%D0%BD%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%200%2C3%20%D0%BE%D1%82%D1%81%D1%82%D0%BE%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%BA%D0%B2%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B0%D0%BB%20%D0%B8%20%D0%BF%D0%BE%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%98%20%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D1%81%D0%BE%20%D0%98%D1%80%D0%B0%D0%BD

Item 8
Id 78482208
Date 2026-08-24
Title Причини за слабиот раст: Премногу непродуктивни работни места во Германија?
Short title Премногу непродуктивни работни места во Германија?
Teaser Германија има проблем: економијата повеќе не расте со темпо што е потребно да се одржи сегашното ниво на благосостојба. Дали премногу време се троши на администрација, наместо на привлекување инвестиции и нови идеи?

Бројките зборуваат сами за себе: додека продуктивноста на трудот растеше за околу два проценти годишно во текот на 1980-тите и 1990-тите години, во последните шест години таа се зголеми во просек за само 0,3 проценти годишно. Практично нема раст. Станува збор за економска вредност која секој вработен може просечно да ја создаде. Зошто продуктивноста во Германијапостојано опаѓа?

„Тука се преклопуваат три фактори“, вели Кристијан Кестерман од Институтот за германска економија (ИВ) во Келн, кој спроведе студија на темата за Фондацијата за семејни претпријатија. Според него, една од причините е што придобивките од дигитализацијата не се реализирани во очекуваниот обем и дека нема доволно технолошки напредок за зголемувањето на продуктивноста.

Друга причина е растечкиот недостиг на квалификувана работна сила поради демографските промени. Ова доведува до тоа компаниите да „трупаат“ вработени, дури и во момент кога нема доволно работа за нив.

„Трето, државата и компаниите инвестираат премалку во нов капитал, односно нови машини и постројки, подобра инфраструктура, што, исто така, води до помал раст на продуктивноста“, вели Кестерман.

Премногу ополномоштени за „ова и за она“?

Според анализата на истражувачите на ИВ, Германија би морала да остварува повеќе од пет пати поголем раст на производството за да го зачува сегашното ниво на благосостојба. Дали ова значи дека Германија си дозволува премногу „непродуктивни“ работни места?

Јасен одговор „да“ дава Јерг Кремер, главен економист на германската банка Комерцбанк. Според него, бирократијата премногу пораснала во Германија.

„Не е случајно што државниот сектор, заедно со ИТ секторот, е меѓу областите каде што вработеноста расте најбрзо. Само помислете на многуте луѓе кои ги исполнуваат обврските за известување пропишани со разни закони, кои пишуваат извештаи за одржливост. Исто така, има бројни ополномоштени за ова и за она.“

Според Кремер, ова се работни места кои не носат особено висока продуктивност, и токму во овие области се создадени непропорционално голем број нови работни места во последните години.

Преоптоварени со бесмислени задачи?

Прашањето дали Германија има премногу „непродуктивни“ работни места, според Рајнер Кирхдорфер, претседател на Фондацијата за семејни претпријатија, е погрешно поставено. „Тоа звучи како обвинување дека луѓето се мрзливи или работат премалку. Тоа воопшто не е случај.“

Според него, проблемот не е во тоа што некој работи премалку, туку во тоа што можеби работи на погрешно место и произведува резултати кои не се корисни. Ако вработен во компанија или јавна служба се занимава со задачи што на крајот не носат никаква корист за општеството, тогаш тој има непродуктивна работа и треба да работи нешто друго, смета Кирхдорфер. „Не затоа што субјективно прави премалку, туку затоа што е преоптоварен со задачи кои се бесмислени.“

Германија заостанува во меѓународната конкуренција

Премногу бирократија и регулативи, премалку дигитализација во администрацијата, недоволни инвестиции во текот на неколку години и недостаток на големи иновации. Оваа дијагноза на проблемот не е нова и сојузната влада е свесна за предизвиците. Нешто е веќе направено, но напредокот е премногу бавен, смета претседателот на Фондацијата за семејни претпријатија. „Мораме да се мериме со нашите меѓународни конкуренти. Еден чекор напред во Германија е убаво, но не значи многу ако нашите меѓународни конкуренти напредуваат два чекори. Во тој случај, сепак заостануваме.“

Бирократијата го врзува капиталот што недостасува на други места

Сепак, Кирхдорфер не сака само да зборува за проблемите. Со студијата насловена како „Постои пат на раст за Германија“, Фондацијата за семејни претпријатија сака да ги посочи потенцијалите кои постојат во земјата.

„Зборуваме за огромни зголемувања на даноците за финансирање на јавните трошоци, а ги игнорираме можностите кои ги гледаме во економскиот раст.“

Решенијата се повторуваат долго време: поголема дигитализација, поголема примена на вештачката интелигенција и, пред сè, повеќе инвестиции. Надежта е дека ако државата предводи со своите посебни инвестициски фондови, ќе следат и приватни инвестиции во Германија како деловна локација.

Според истражувачот на ИВ, Кристијан Кестерман, тоа е прашање на доверба. Намалувањето на бирократијата и регулаторните пречки би можело да стане и мотор на економскиот раст.

Затоа што бирократијата не е само трошок за компаниите кои мора да вработуваат луѓе за известување и слични должности. Тоа троши и работно време и капитал што би можел да се искористи на друго место за раст и иновации.

„Ги гледаме сигналите на криза“

Кога станува збор за условите за инвестирање, Германија моментално е на третото место одназад во индексот на Фондацијата за семејни претпријатија, кој ја оценува привлечноста за инвестиции на 21 земја од ОЕЦД. „Германија сериозно назадуваше во последните години“, вели Кирхдорфер.

Според него, трошоците за работна сила се превисоки во споредба со другите земји, што ги намалува стимулациите за инвестирање. Главниот економист на Комерцбанка, Јерг Кремер, смета дека ова е штетен развој на настаните за националната економија.

„Ги гледаме сигналите на кризата насекаде. Оваа економија повеќе не расте. Поради ова и приходите стагнираат, а во некои сектори дури и се намалуваат.“

Луѓето веќе го чувствуваат тоа во сопствениот животен стандард.

„Тие го гледаат ова и во фактот дека расположението на потрошувачите во Германија едвај се опорави од падот по пандемијата на коронавирусот. Приватната потрошувачка не успева значително да се зголеми поради песимистичките очекувања за иднината, кои вклучуваат очекувања за пониски приходи.“

Намалувањето на бирократијата како шанса

Според студијата на ИВ Келн изработена за Фондацијата за семејни претпријатија, намалувањето на бирократијата е една од првите краткорочни мерки што може да придонесе за поголем економски раст. Но, намалувањето на бирократијата истовремено може да значи и намалување на бројот на работни места.

Економистот на Комерцбанк Јерг Кремер во тоа гледа позитивна можност: „Тоа би значело укинување на непродуктивните работни места и создавање шанса овие луѓе да се пренасочат кон активности кои навистина создаваат вредност.“ Само така, според него, може повторно да се зголеми благосостојбата.

Авторка на текстот: Бјанка фон дер Ау, АРД

Short teaser Германија има проблем: економијата повеќе не расте со темпо што е потребно да се одржи сегашното ниво на благосостојба.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%95%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0::%D0%9F%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B1%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D1%80%D0%B0%D1%81%D1%82%3A%20%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%BD%D0%BE%D0%B3%D1%83%20%D0%BD%D0%B5%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D1%83%D0%BA%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B8%20%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B8%20%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%93%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%3F&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78482208&x4=10350&x5=%D0%9F%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B1%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D1%80%D0%B0%D1%81%D1%82%3A%20%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%BD%D0%BE%D0%B3%D1%83%20%D0%BD%D0%B5%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D1%83%D0%BA%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B8%20%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B8%20%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%93%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%3F&x6=1&x7=%2Fmk%2F%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B1%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%80%D0%B0%D1%81%D1%82-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%BD%D0%BE%D0%B3%D1%83-%D0%BD%D0%B5%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D1%83%D0%BA%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B8-%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B8-%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%2Fa-78482208&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260824&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%95%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/причини-за-слабиот-раст-премногу-непродуктивни-работни-места-во-германија/a-78482208?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/17025770_302.jpg
Image caption Дали Германија си дозволува премногу „непродуктивни“ работни места?
Image source Fotolia/granata68
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&f=https://tvdownloaddw-a.akamaihd.net/dwtv_video/flv/vdt_mk/2023/bmaz230314_001_german_01r_sq_AVC_640x360.mp4&image=https://static.dw.com/image/17025770_302.jpg&title=%D0%9F%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B1%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D1%80%D0%B0%D1%81%D1%82%3A%20%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%BD%D0%BE%D0%B3%D1%83%20%D0%BD%D0%B5%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D1%83%D0%BA%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B8%20%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B8%20%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%93%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%3F

Item 9
Id 78482267
Date 2026-08-24
Title Како горештините ни го топат БДП
Short title Како горештините ни го топат БДП
Teaser Високите температури, суши, пожари и натамошни ризици од пожари - претставуваат закана за продуктивноста на земјата.

Намалена продуктивност, штети од пожари, суша, намалени или уништени земјоделски приноси, отежната работа на отворено во повеќе сектори, зголемени расходи за лекување, намалување на водните резерви, ограничени транспортни активности. Ова се само дел од последиците на екстремните горештини во Северна Македонија, кои не се од краткорочен карактер (во траење од десетина денови), туку се слика за речиси целото лето. Земјата веќе има долга историја на разорни поплави, а сегашноста навестува непредвидливи, високоинтензивни екстремни временски настани - поројни дождови и топлотни бранови.

„Северна Македонија е изложена на повеќе природни и климатски опасности, а потенцијалните трошоци од недејствување се високи“, беше наведено уште во 2024 година во „Извештајот за климата и развојот на државите“ на Групацијата на Светска банка.

„Зголемувањето на стрес факторите на затоплување - повисоки температури, суши и зголемени ризици од пожари -претставуваат закана за стабилноста и продуктивноста на земјата. Климатските промени исто така ја влошуваат пристапноста до свежа вода, што, пак, води до зголемување на болести пренесувани преку вода. Екстремните температури во Северна Македонија предизвикуваат зголемен степен на морбидитет и морталитет. Загубите од катастрофи и екстремни климатски настани се проценуваат на околу 667 милиони американски долари во последните 20 години“, беше наведено во извештајот.

Краткорочен и долгорочен план

Прашањето не е само како било досега, туку како ќе биде во иднина. Според СБ, земјата би требало да инвестира 6,4 милијарди американски долари (од 2020 година, без дисконтирање) во текот на следната деценија, за да ги заштити луѓето и имотот од штетните и растечките негативни влијанија на климатските промени. Според пресметките, таков почетен сеопфатен пакет на инвестиции во адаптација би чинел околу 0,8-1,2 проценти од БДП годишно до 2050 година, со очекување тие инвестиции во адаптација да донесат „тројна AAA дивиденда“, која вклучува три типа на придобивки: избегнати загуби, забрзан економски потенцијал и зголемени социјални и еколошки взаемни придобивки.

Ова е една од темите за кои одамна не се води дебата. Фокусот е ставен на гасење и локализирање на низата од пожари што во изминатиот период ја зафатија земјата. Билансот на штетите за опожарените површини (шуми или земјоделски и други имоти) ќе се прави потоа, но тоа не треба да биде единствениот епилог: ефектите од природните опасности се акумулираат и го зголемуваат вкупниот ризик за веќе ранливите сектори, особено земјоделството, кое учествува со 8 до 9% во вкупниот БДП на земјата.

Според СБ, малите семејни фарми кои доминираат во секторот се особено ранливи на суши и град, бидејќи ретко се покриени со националните системи за наводнување или заштита од град, не користат наводнување капка по капка или ултравиолетови мрежи и немаат земјоделско осигурување.

Низок процент на осигурување

Проблемот е голем, ако се има предвид дека околу половина од вкупната територија во Северна Македонија е земјоделско земјиште на кое преовладува растителното производство, кое циклично ги чувствува последиците од поплави и суши.

„Ако се видат сумите што ги исплаќа Комисијата за штети при Владата, во некои години тие изнесуваат 5 или 4,5 милиони евра, во други години повеќе или помалку. Како и да е, во просек се исплаќаат околу три и пол милиони евра годишно за штети од временски непогоди“, објаснува земјоделец од скопско.

Во исто време, во земјата останува многу низок процентот на осигурување на земјоделците и покрај тоа што државата го субвенционира осигурувањето. На годишно ниво, индивидуалните земјоделци и агро-компаниите склучуваат помеѓу 3.500 и 4.500 договори за осигурување на посеви, плодови и животни. Тоа не е доволно, бидејќи покажува дека само околу 4% од вкупно регистрираните земјоделци земале полиса за земјоделско осигурување. Во таа бројка поголем е процентот на правни лица кои ги осигуруваат земјоделските површини (околу 70%), додека процентот на физички лица е околу 30%. Според земјоделците, најголема причина за неосигурување е недовербата, односно нереалната проценка на штетите од страна на друштвата за осигурување.

Акции за адаптација

Ако отсуствуваат инвестиции за адаптација на климатските промени, СБ проценува дека очекуваните годишни штети ќе достигнат 4 проценти од БДП во 2050 година. Заради тоа, исклучително важно е спроведувањето на климатските акции за адаптација на национално ниво, кое значително ќе ги намали човечките и економските загуби од катастрофи. Со такви мерки се проценува намалување на штета по животите, инфраструктурата и имотот (25%-50%), а соодносот придобивка - трошок на инвестициите во адаптација се движи од 2 до 10 евра за секое инвестирано евро.

Препораките за тоа што би можело и треба да се направи на краток рок (до 2030 година), опфаќаат четири области: (1) отпорност и адаптација, (2) декарбонизација и ублажување, (3) макроекономија и финансирање и (4) регулаторна/институционална рамка и образование и труд.

Да се намали циклусот на штети

Проблемот не е ендемски. Ги тангира сите земји, а особено се засили дебатата во ЕУ по екстремните горештини кои летово зафатија дел од земјите членки. Холандската „Triodos bank“ во извештајот „Hot Summer Economics“ од 8-ми август годинава, оценува дека главните начини на кои топлината влијае врз БДП на ЕУ се пониското земјоделско производство и повисоките цени на храната, ограниченото производство на енергија и повисоките цени на електричната енергија, прекините во транспортот и зголемените трошоци за транспорт, како и намалената продуктивност на работната сила. Според анализата, вкупното влијание на овие фактори може да „изгори“ 1% од БДП на ниво на ЕУ во 2026 година.

„Адаптацијата може да намали дел од штетата, но не може да ја елиминира“, оценуваат од банката.

Укажуваат на потреба од посилни политики за да се избегне влошување на циклусот на штети предизвикани од горештините. Посочуваат дека една неодамнешна проценка ја става долгорочната загуба на светскиот БДП на над 20% за секој степен на глобално затоплување, откако ќе се земе предвид целиот опсег на климатска варијабилност.

Продуктивноста на трудот има најголемо економско влијание, особено во секторите изложени на топлина. Според анализа на ОЕЦД, само десет дополнителни денови со температура над 35 степени ја намалуваат продуктивноста на годишно ниво во просек за околу 0,3%.

Short teaser Високите температури, суши, пожари и натамошни ризици од пожари - претставуваат закана за продуктивноста на земјата.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0::%D0%9A%D0%B0%D0%BA%D0%BE%20%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BD%D0%B8%20%D0%B3%D0%BE%20%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%82%20%D0%91%D0%94%D0%9F%20&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78482267&x4=10344&x5=%D0%9A%D0%B0%D0%BA%D0%BE%20%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BD%D0%B8%20%D0%B3%D0%BE%20%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%82%20%D0%91%D0%94%D0%9F%20&x6=1&x7=%2Fmk%2F%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B8-%D0%B3%D0%BE-%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%82-%D0%B1%D0%B4%D0%BF%2Fa-78482267&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260824&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/како-горештините-ни-го-топат-бдп/a-78482267?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/69950617_302.jpg
Image caption Намалена продуктивност, штети од пожари, суша, намалени или уништени земјоделски приноси, се само дел од последиците на екстремните горештини во Северна Македонија
Image source Ognen Teofilovski/REUTERS
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&image=https://static.dw.com/image/69950617_302.jpg&title=%D0%9A%D0%B0%D0%BA%D0%BE%20%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BD%D0%B8%20%D0%B3%D0%BE%20%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%82%20%D0%91%D0%94%D0%9F

Item 10
Id 78481007
Date 2026-08-24
Title Предупредување за „трговска војна“ меѓу САД и Канада
Short title Предупредување за „трговска војна“ меѓу САД и Канада
Teaser Преговорите за царините меѓу САД и Канада пропаднаа – сега стапуваат во сила нови американски царини. Се заканува нова „трговска војна“, бидејќи Канада планира да возврати со царини.

Знаци на смирување во средината на минатата недела, ескалација за време на викендот: Трговскиот спор меѓу САД и Канада повторно се разгоре. По неуспешните преговори,американските царини од 50 проценти за низа канадски производи, вклучувајќи стапови за хокеј, мебел и вино, стапија во сила за време на викендот. Станува збор за канадски извоз во вредност од околу 20 милијарди долари.

Канадскиот премиер Марк Карни ги објави контрамерките, кои треба да стапат во сила на 8 септември. Според него, новите канадски царини особено ќе ги погодат американските индустрии за челик и за млечни производи. На прашањето на новинарите зошто денес изгледа дека станува збор за трговска војна, Карни одговори: „Кога сте нападнати, тогаш сте во војна - а ние сме нападнати“.

Новите царини на САД всушност требаше да стапат во сила уште во средата. Меѓутоа, непосредно пред истекот на рокот, американскиот претседател одлучи да ги одложи. Оттогаш се водеа интензивни преговори, но тие не доведоа до договор.

Меѓусебни обвинувања за неуспехот на преговорите

Премиерот Карни ги опиша условите предложени од Соединетите Држави како „нефер“ и „економски бесмислени“.

„Не можеме да го прифатиме она што го понудија, ниту ќе им го дадеме она што го бараа“, рече Карни, порачувајќи дека Канада ќе одговори „долар за долар“ на американските царини.

Од друга страна, американскиот трговски претставник Џејмисон Грир ја обвини Канада за неуспехот на преговорите. Според него, канадските преговарачи одбиле да го склучат договорот под условите кои порано веќе биле договорени. Тоа се случи и покрај понудите од Вашингтон за намалување на царините за челик, автомобили, дрво и алуминиум во замена за отстапки од Канада.

Трамп е огорчен, Демократите го нарекуваат спорот „непотребен“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, остро реагираше на најавата за канадски контрамерки.

„Канада сака сојузни привилегии, без тоа да биде“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушал. Трамп повеќепати повикуваше Канада да стане 51-ва американска држава. Тој, исто така, додаде дека Канада со години наметнува високи царини на американските земјоделци, но дека сега со тоа е завршено.

Демократските конгресмени и гувернери на американските сојузни држави кои граничат со Канада, вклучувајќи ги Минесота, Њујорк и Вашингтон, остро ја критикуваа царинската политика на Трамп.

„Започнување непотребни конфликти со сојузниците, а истовремено зголемување на цените дома - тоа е економската политика на Трамп во една реченица“, напиша гувернерката на Њујорк, Кети Хокул, на социјалната мрежа X.

Загрозена иднината на договорот УСМЦА

Ескалацијата на трговскиот конфликт ја доведува во прашање иднината на Северноамериканскиот договор за слободна трговија (УСМЦA) меѓу САД, Мексико и Канада.

Имено, американските царини повеќе не предвидуваат исклучоци за канадските производи опфатени со договорот на УСМЦA, кој во текот на последните 18 месеци го штитеше најголемиот дел од канадскиот извоз во САД. Договорот, кој Трамп го преговараше за време на неговиот прв мандат како претседател, треба да биде продолжен за следните 16 години, но САД засега го отфрлија.

Економијата бара смирување на тензиите

Трговскиот спор меѓу САД и Канада ги поттикнува стравувањата од целосна трговска војна меѓу двата соседа.

„Доколку канадската влада возврати со царини, а Трамп одговори со нова ескалација, двете страни ќе влезат во скапа и штетна спирала на реципрочни мерки“, предупреди Ричард Фонтејн, директор на Центарот за нова американска безбедност, на мрежата X.

Според американските претставници, засега не се планирани нови преговори, и покрај повиците од деловните кругови. Затоа, влијателното здружение на американски менаџери, Бизнис округла маса, ги повика владите во Вашингтон и Отава да се вратат на преговорите, предупредувајќи дека новите царини би можеле значително да ги зголемат трошоците за американските компании.

Економиите на САД и на Канада се силно поврзани. Околу 70 проценти од целиот канадски извоз завршува на американскиот пазар. Меѓутоа, односите меѓу двете земји значително се влошија за време на мандатот на Трамп.

Трамп ги користи царините како политичка алатка за притисок врз многу земји. Тој дури го наведе и загадувањето со чад предизвикано од шумските пожари во Канада како една од причините за воведувањето на царини за Канада.

Short teaser Преговорите за царините меѓу САД и Канада пропаднаа – сега стапуваат во сила нови американски царини.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%95%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0::%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%B7%D0%B0%20%E2%80%9E%D1%82%D1%80%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B0%E2%80%9C%20%D0%BC%D0%B5%D1%93%D1%83%20%D0%A1%D0%90%D0%94%20%D0%B8%20%D0%9A%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%B4%D0%B0&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78481007&x4=10350&x5=%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%B7%D0%B0%20%E2%80%9E%D1%82%D1%80%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B0%E2%80%9C%20%D0%BC%D0%B5%D1%93%D1%83%20%D0%A1%D0%90%D0%94%20%D0%B8%20%D0%9A%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%B4%D0%B0&x6=1&x7=%2Fmk%2F%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%B7%D0%B0-%D1%82%D1%80%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B5%D1%93%D1%83-%D1%81%D0%B0%D0%B4-%D0%B8-%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%B4%D0%B0%2Fa-78481007&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260824&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%95%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/предупредување-за-трговска-војна-меѓу-сад-и-канада/a-78481007?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/78094012_302.jpg
Image caption Канада вели дека е во трговска војна со САД откако објави царини за американски стоки како одмазда за новите американски царини од 50%.
Image source Jonathan Hayward/AP Photo/dpa/picture alliance
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&image=https://static.dw.com/image/78094012_302.jpg&title=%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%B7%D0%B0%20%E2%80%9E%D1%82%D1%80%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B0%E2%80%9C%20%D0%BC%D0%B5%D1%93%D1%83%20%D0%A1%D0%90%D0%94%20%D0%B8%20%D0%9A%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%B4%D0%B0

Item 11
Id 78466763
Date 2026-08-22
Title Без договор во трговскиот спор: САД воведуваат нови царини за Канада
Short title Преговорите пропаднаа: САД воведуваат нови царини за Канада
Teaser Американскиот претседател Доналд Трамп најави нови дополнителни царини од 50 проценти во трговскиот спор со Канада. Канада се обидуваше до последен момент да го спречи нивното воведување.

Во трговскиот конфликт меѓу Канада и Соединетите Американски Држави, рокот поставен од американскиот претседател Доналд Трамп за воведување нови царини за голем број канадски производи истече. Канадскиот премиер Марк Карни во текот на ноќта објави дека преговорите со САД се прекинати.

Тоа значи дека САД ќе воведат царини од 50 проценти за канадски производи во вредност од околу 28 милијарди американски долари. Карни наведе дека Канада, со цел да ги заштити своите работници и компании, ќе возврати со иста мера и на исто ниво.

Трговскиот претставник на САД, Џејмисон Грир, го потврди неуспехот на преговорите. Тој во соопштение на социјалната мрежа Х соопшти дека Канада одбила да го склучи договорот според претходно договорените услови. Според него, новите барања на Канада го нарушиле балансот кој беше постигнат во преговорите во текот на претходните денови.

Според соопштението на Белата куќа од 20 јули, царините од 50 проценти ќе се применуваат на вино, стапови за хокеј, мебел и млечни производи, а ќе стапат на сила по 30 дена. Тој рок, вклучувајќи го и продолжувањето што беше најавено пред неколку дена, сега е истечен.

Преговори „до последен момент“

Карни додаде дека им наредил на канадските преговарачи да се вратат во Отава. Како што истакна, тие интензивно работеле до последен момент за да постигнат договор. Меѓутоа, промените во последен момент кои САД ги направиле во предложените услови биле неправедни и економски неодржливи.

„Наша цел отсекогаш била да го добиеме најдобриот можен договор за Канада, а не договор по секоја цена или во рамки на однапред утврден рок“, рече Карни.

Според медиумските извештаи, преговарачите на двете земји преговарале до самиот крај на рокот. Во соопштението на Белата куќа од јули се наведува дека САД со овој потег одговараат, како што тврдат, на „дискриминаторски третман на американските производи во Канада“. Како примери наведени се автомобилите, алкохолните пијалоци и млечните производи.

Грир тогаш соопшти дека новите царини ќе опфатат увоз од Канада во вредност од околу 20 милијарди долари. Вкупно во текот на 2025 година САД увезоа стока во вредност од 383 милијарди долари од Канада.

Царините го проширија трговскиот спор и на помалите производители

Односите меѓу Канада и САД значително се влошија по враќањето на Трамп на власт. Причините за ова се веќе воведените дополнителни царини, повторените закани на американскиот претседател кон Канада, како и неговата повеќекратно изразена идеја дека Канада треба да стане 51-ва држава на САД.

Како одговор на американските царини, многу канадски провинции ги отстранија американските алкохолни пијалоци од своите полици и ги повикаа граѓаните да купуваат домашни производи.

„Претходните рунди на царини беа главно фокусирани на челик, алуминиум, автомобили и дрвната индустрија. Оваа рунда го проширува спорот на помалите производители, потрошувачки брендови, трговци на мало и добавувачи на градежни материјали“, оценува Андреас Шетер, професор по меѓународна економија на Канадската бизнис школа Иви.

Според неговата проценка, новите мерки ќе доведат до намалување на извозот на овие производи на американскиот пазар на долг рок.

Short teaser Во царинскиот спор меѓу САД и Канада, и покрај интензивните преговори, двете страни не успеаја да постигнат договор.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%95%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0::%D0%91%D0%B5%D0%B7%20%D0%B4%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%20%D0%B2%D0%BE%20%D1%82%D1%80%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%80%3A%20%D0%A1%D0%90%D0%94%20%D0%B2%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82%20%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%20%D1%86%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%9A%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%B4%D0%B0&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78466763&x4=10350&x5=%D0%91%D0%B5%D0%B7%20%D0%B4%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%20%D0%B2%D0%BE%20%D1%82%D1%80%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%80%3A%20%D0%A1%D0%90%D0%94%20%D0%B2%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82%20%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%20%D1%86%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%9A%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%B4%D0%B0&x6=1&x7=%2Fmk%2F%D0%B1%D0%B5%D0%B7-%D0%B4%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80-%D0%B2%D0%BE-%D1%82%D1%80%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%80-%D1%81%D0%B0%D0%B4-%D0%B2%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D1%86%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%B4%D0%B0%2Fa-78466763&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260822&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%95%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/без-договор-во-трговскиот-спор-сад-воведуваат-нови-царини-за-канада/a-78466763?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&title=%D0%91%D0%B5%D0%B7%20%D0%B4%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%20%D0%B2%D0%BE%20%D1%82%D1%80%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%80%3A%20%D0%A1%D0%90%D0%94%20%D0%B2%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82%20%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%20%D1%86%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%9A%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%B4%D0%B0

Item 12
Id 78247898
Date 2026-08-22
Title Од жештини умираат повеќе жените, но биологијата не е главната причина за тоа
Short title Зошто од жештини умираат повеќе жени отколку мажи
Teaser Статистиката вели дека жените умираат почесто од мажите од болести поврзани со топлина. Според научниците тоа се должи на подолгиот животен век, условите за работа и нееднаквиот пристап до одмор.

Според податоците за смртност од 35 земји за време на жешкото лето во Европа во 2022 година, една студија открила 56 проценти повеќе смртни случаи поврзани со жештините кај жените отколку кај мажите.

Ова лето сè уште не е завршено, а според податоците на институтот „Роберт Кох“, Германија до средината на јули ја забележала најсмртоносната сезона на топлотни бранови од 2016 година, со речиси 9.800 смртни случаи поврзани со топлината. И меѓу нив има повеќе жени отколку мажи.

Институтот „Роберт Кох“ поголемиот број смртни случаи кај жените го објаснува со фактот дека жените сочинуваат поголем удел во најстарите возрасни групи.

Дали хормоните ги прават топлотните бранови поопасни за жените?

Медиумите акцентот го ставаат на хормоналното објаснување: женските тела едноставно не се приспособени за жештини, тие помалку се потат, имаат повеќе телесни масти, а прогестеронот ја зголемува базалната телесна температура.

Научниците кои го проучуваат влијанието на топлината врз човечкиот организам велат дека тоа главно не е точно.

„Генерално, студиите најчесто покажуваат само малку поголема чувствителност на топлина кај жените во споредба со мажите. Тоа всушност не е особено силен показател“, вели Александра Шнајдер од институтот „Хелмхолц“ во Минхен.

Постојат мали разлики: жените имаат пониска стапка на потење, помала површина на кожата во однос на големината на телото и поинаква распределба на мастите што влијае врз терморегулацијата. Хормоните исто така имаат улога, но таа не е еднаква во текот на животот.

Најзагрозени: постари жени со срцеви заболувања

Шнајдер посочува на една специфична група: жените во постменопауза, кога кардиоваскуларниот ризик се зголемува. Постарите жени со веќе постоечки срцеви заболувања, според неа, веројатно се изложени на најголем ризик од сите.

Но дури и во тие случаи таа не смета дека биологијата е главната причина за поголемиот број смртни случаи за време на топлотните бранови.

„Условите за живот и општественото опкружување во кое живеат жените веројатно претставуваат поголем ризик од самите разлики во хормоналниот статус.“

А што е со бремените жени?

Тоби Миндел, професор на Универзитетот Брок во Канада, кој ги проучува екстремните средини и нивното влијание врз човечкиот организам, вели дека влијанието на биологијата е „преувеличено“. Факторите кои најмногу определуваат како некое лице се справува со топлотен бран, според Миндел, се возраста, големината на телото, физичката подготвеност и вообичаеното ниво на физичка активност, а не биолошкиот пол.

Потењето е еден од примерите. Иако жените помалку се потат, тоа не ги прави поранливи затоа што тоа го надоместуваат на друг начин.

„Тие испраќаат поголем проток на крв кон кожата, односно многу подобро активираат вазодилатација од мажите“, објаснува Миндел. Тоа значи дека нивните крвни садови поефикасно се шират, пренесувајќи ја топлината до површината од каде што таа може да испари.

Бременоста, за која многумина претпоставуваат дека мора да биде опасна во услови на жештина, е уште еден пример.

„Како што жената напредува низ бременоста, нејзиното тело всушност станува подобро во поднесувањето на топлина“, вели Миндел.

Тој прави јасна разлика меѓу физиологијата и околностите: постојат добри причини бремените жени да не извршуваат тешка физичка работа на отворено за време на екстремни горештини. Но нивните тела не се причината за тоа.

Ако разликата не е физиолошка, од каде тогаш потекнува?

Лори Парсонс, истражувач од колеџот „Ројал Холовеј“ при Универзитетот во Лондон, проучува како топлотниот стрес се пренесува низ глобалната економија, во градежништвото, фабриките за облека, земјоделството, транспортот и уличната продажба.

Во сите овие области, како што наведува, жените поминуваат од 30 до 50 проценти повеќе од своето работно време над прагот на топлотен стрес отколку мажите. Во градежништвото, кога се споредуваат мажи и жени кои ја извршуваат истата работа, таа бројка се зголемува на околу 50 проценти.

Причините, според него, се од структурна природа. Жените често носат повеќе облека за истата работа. Мажите имаат повеќе самодоверба кога бараат паузи. Таму каде што машката работа е видливо напорна, таа се препознава како ризик од топлина и се наградува со одмор. Од друга страна, работата на жените е порамномерна, помалку очигледно исцрпувачка и за неа нема такви олеснувања.

Парсонс тоа го споредува со разликата меѓу авионска несреќа и изложеност на азбест: едното е ненадејна, видлива катастрофа, а другото е бавна, постојана штетност што лесно може да се занемари.

„Топлотниот стрес кај мажите обично е повидлив ризик, каде што имате релативно видливи моменти на физички напор со кои може да се управува“, вели тој. „Топлотниот стрес кај жените е постојано присутен, но многу помалку видлив, бидејќи ги нема истите очигледни врвови во текот на работниот ден.“

А кога работната смена ќе заврши, додава тој, мажите одмораат, додека жените готват, чистат и се грижат за децата.

Жештината исто така ја намалува заработката. Парсонс наведува дека работниците изложени на топлотен стрес се околу 30 проценти помалку продуктивни во секторот за производство на облека, што, како што вели, најлесно може да се измери.

На формалните работни места, работниците тоа го надоместуваат со подолго работно време во најтоплиот дел од денот, што поттикнува она што тој го нарекува „маѓепсан круг“ на влошување на здравјето и намалување на продуктивноста. Самовработените немаат таква заштита. За нив, топлотниот стрес едноставно значи помал приход, што со текот на времето се одразува врз целото семејство.

За Парсонс, почетната претпоставка е погрешна.

Овој текст првично е објавен на ДВ на англиски јазик

Short teaser Статистиката покажува дека повеќе жени отколку мажи умираат од последиците на топлината. Зошто?
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0::%D0%9E%D0%B4%20%D0%B6%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B8%20%D1%83%D0%BC%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%B0%D1%82%20%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%9C%D0%B5%20%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%2C%20%D0%BD%D0%BE%20%D0%B1%D0%B8%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BD%D0%B5%20%D0%B5%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%82%D0%BE%D0%B0&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78247898&x4=10352&x5=%D0%9E%D0%B4%20%D0%B6%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B8%20%D1%83%D0%BC%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%B0%D1%82%20%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%9C%D0%B5%20%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%2C%20%D0%BD%D0%BE%20%D0%B1%D0%B8%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BD%D0%B5%20%D0%B5%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%82%D0%BE%D0%B0&x6=1&x7=%2Fmk%2F%D0%BE%D0%B4-%D0%B6%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D1%83%D0%BC%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%9C%D0%B5-%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%BE-%D0%B1%D0%B8%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B5-%D0%B5-%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D1%82%D0%BE%D0%B0%2Fa-78247898&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260822&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/од-жештини-умираат-повеќе-жените-но-биологијата-не-е-главната-причина-за-тоа/a-78247898?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&title=%D0%9E%D0%B4%20%D0%B6%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B8%20%D1%83%D0%BC%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%B0%D1%82%20%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%9C%D0%B5%20%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%2C%20%D0%BD%D0%BE%20%D0%B1%D0%B8%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BD%D0%B5%20%D0%B5%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%82%D0%BE%D0%B0

Item 13
Id 78457609
Date 2026-08-21
Title Украина на пат да го забрани цртаниот „Маша и Медо“- Киев ја прогласи серијата за руска пропаганда
Short title Украина на пат да го забрани цртаниот „Маша и Медо“
Teaser Украина воведе санкции против продуцентите на цртаниот детски филм „Маша и Медо", прогласувајќи ја серијата за руска пропаганда. Кремљ реагираше со потсмев.

Украина воведе санкции против руската анимирана серија „Маша и Медо“ и нејзините продуценти, со што направи чекор кон можно забранување на серијата во земјата, соопшти во петокот украинската министерка за култура Тетјана Бережна, која продукцијата ја оцени како средство за руска пропаганда.

Цртаниот филм за немирното девојче Маша и пензионираниот циркуски мечок претставува една од најпознатите и најуспешни анимирани франшизи во Русија.

Серијата е прегледана десетици милијарди пати само на Јутјуб, се емитува во околу 100 земји и доби повеќе продолженија и придружни проекти.

Сепак, во Украина и во дел од нејзините сојузнички држави, меѓу кои Велика Британија и Естонија, продукцијата се соочува со критики дека ја прикажува Русија во позитивно светло и претставува инструмент на таканаречената „мека моќ“ на Москва.

„Украина воведе санкции против продуцентите и дистрибутерите на руската анимирана серија ‘Маша и Медо’“, напиша Бережна на платформата Икс.

Според неа, мерката создава правна основа за блокирање на содржината во Украина и за ангажирање на меѓународни платформи со цел ограничување на нејзината монетизација и дистрибуција.

„Руската пропаганда нема место на детските екрани“, порача министерката.

Реакција од Кремљ

Кремљ ги отфрли обвинувањата и со потсмев реагираше на украинската одлука.

Одговарајќи на новинарско прашање за санкциите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека серијата го „освоила светот“ благодарение на промовирањето на „најдобрите човечки вредности“.

„Фактот што Украина започна војна и против цртаните филмови веројатно е уште една илустрација за неприфатливата природа на украинските власти“, изјави Песков.

Санкциите се воведени со указ на украинскиот претседател Володимир Зеленски и се насочени кон руското студио „Анимакорд“ (Animaccord), кое ја продуцира серијата, неговиот основач, како и сценаристот и режисерот на проектот.

Во јуни, Украина протестираше и поради одлуката на Нетфликс да ги откупи правата за емитување на новите сезони на „Маша и Медо“.

Популарноста останува висока

Откако Русија ја започна инвазијата врз Украина во 2022 година, руските културни производи станаа значително помалку присутни во земјата поради бојкоти и официјални ограничувања.

Сепак, според украинскиот весник „Украинска правда“, во август 2025 година украинскиот Јутјуб-канал на „Маша и Медо“ бил најпопуларниот детски канал во земјата, и покрај војната и политичките тензии меѓу Киев и Москва.

Каналот во моментов има повеќе од 18 милиони претплатници.

Short teaser Украина воведе санкции против продуцентите на „Маша и Медо", прогласувајќи ја серијата за руска пропаганда.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0::%D0%A3%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%B8%D0%BD%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BF%D0%B0%D1%82%20%D0%B4%D0%B0%20%D0%B3%D0%BE%20%D0%B7%D0%B0%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%20%D1%86%D1%80%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%E2%80%9E%D0%9C%D0%B0%D1%88%D0%B0%20%D0%B8%20%D0%9C%D0%B5%D0%B4%D0%BE%E2%80%9C-%20%D0%9A%D0%B8%D0%B5%D0%B2%20%D1%98%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B8%20%D1%81%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%80%D1%83%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78457609&x4=10352&x5=%D0%A3%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%B8%D0%BD%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BF%D0%B0%D1%82%20%D0%B4%D0%B0%20%D0%B3%D0%BE%20%D0%B7%D0%B0%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%20%D1%86%D1%80%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%E2%80%9E%D0%9C%D0%B0%D1%88%D0%B0%20%D0%B8%20%D0%9C%D0%B5%D0%B4%D0%BE%E2%80%9C-%20%D0%9A%D0%B8%D0%B5%D0%B2%20%D1%98%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B8%20%D1%81%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%80%D1%83%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0&x6=1&x7=%2Fmk%2F%D1%83%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D1%82-%D0%B4%D0%B0-%D0%B3%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D1%86%D1%80%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BC%D0%B0%D1%88%D0%B0-%D0%B8-%D0%BC%D0%B5%D0%B4%D0%BE-%D0%BA%D0%B8%D0%B5%D0%B2-%D1%98%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B8-%D1%81%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D1%80%D1%83%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%2Fa-78457609&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260821&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/украина-на-пат-да-го-забрани-цртаниот-маша-и-медо-киев-ја-прогласи-серијата-за-руска-пропаганда/a-78457609?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/78451545_302.jpg
Image caption Руската анимирана серија „Маша и Медо“ е меѓу најпопуларните во светот
Image source Ivan Sekretarev/AP Photo/picture alliance
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&image=https://static.dw.com/image/78451545_302.jpg&title=%D0%A3%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%B8%D0%BD%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BF%D0%B0%D1%82%20%D0%B4%D0%B0%20%D0%B3%D0%BE%20%D0%B7%D0%B0%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%20%D1%86%D1%80%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%E2%80%9E%D0%9C%D0%B0%D1%88%D0%B0%20%D0%B8%20%D0%9C%D0%B5%D0%B4%D0%BE%E2%80%9C-%20%D0%9A%D0%B8%D0%B5%D0%B2%20%D1%98%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B8%20%D1%81%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%80%D1%83%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0

Item 14
Id 78457482
Date 2026-08-21
Title Западнонилска треска во пораст: 43 заразени, вирус потврден и кај гавран во Скопје
Short title Западнонилска треска: 43 заразени, нови жаришта во Скопје
Teaser Министерот за здравство Сашо Клековски информираше за нови жаришта, заразени птици и ризични региони со зголемено присуство на комарци.

Во Северна Македонија досега се регистрирани 43 случаи на западнонилска треска,од кои 40 се лабораториски потврдени, додека кај уште три лица вирусот е потврден со еден тест, информираше министерот за здравство Сашо Клековски.

Според податоците на Министерството за здравство, за првпат случаи на западнонилска треска се регистрирани и во скопските општини Центар и Чаир, што укажува на проширување на подрачјата со зголемен ризик.

Птици и комарци под засилен надзор на здравствените власти

Дополнително, во Скопје вирусот е потврден и кај мртов гавран, што претставува прв регистриран случај на птица позитивна на западнонилска треска во земјата. Во изминатиот период граѓаните пријавиле голем број мртви птици,кои ги собира Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошни анализи.

Податоците од анализите на птиците помагаат при идентификацијата на ризичните подрачја и следењето на ширењето на вирусот.

„Комарците не познаваат општински граници, тие се движат од еден до два километри. Во моментов работиме со 34 ризични подрачја, од кои 13 се високоризични“, изјави Клековски.

Клековски: Идентификувани се 34 ризични подрачја

Министерот посочи дека здравствените власти направиле мапирање на критичните региони во скопскиот плански регион. Според него, комарците лесно се движат меѓу соседните општини, поради што мерките за контрола треба да се спроведуваат координирано.

Како најризични се издвоени каналите за наводнување во Скопско Поле, ископите исполнети со вода и таканаречените мртви делови на реките. Меѓу критичните точки се Серава во подрачјето на Арачиново и Бутел, како и каналите во Јурумлери, Стајковци, Сингелиќ, како и каналите воДрачево, Батинци и Студеничани.

Според Клековски, проточните реки во кои има риби претставуваат помал ризик, бидејќи рибите се хранат со ларвите. Од друга страна, застоените води, особено оние во кои има отпад и органски материи, создаваат идеални услови за размножување на комарците и ширење на вирусот.

Застоените води остануваат најголема закана за ширење на заразата

Зголемен ризик е утврден и во близина на септички јами, гробишта и отпадите со стари гуми, каде што лесно се задржува вода. Надлежните предупредуваат дека потенцијални жаришта може да бидат и саксии, садови со дождовница и неисправни хидранти во близина на домовите.

Министерот за здравство нагласи дека е потребна поголема внимателност од граѓаните,бидејќи и малите, тешко забележливи места со застоена вода можат значително да придонесат за размножување на комарците и појава на нови заразени лица.

Изминатиот период општините ги засилија мерките и го зачестија прскањето против комарците со цел да се намали ризикот од ширење на западнонилската треска. Министерот за здравство Сашо Клековски уверува дека сите средства што се користат при прскањето се безбедни за граѓаните, препорачани од Светската здравствена организација (СЗО) и не претставуваат опасност за здравјето.

Според него, во Северна Македонија се почитуваат најновите препораки и стандарди при спроведувањето на овие мерки. Тој апелира граѓаните да ги применуваат препорачаните мерки за заштита од комарци, особено во регионите каде што постои зголемен ризик од појава на заразени инсекти.

Short teaser Сашо Клековски информираше за нови жаришта, заразени птици и ризични региони со зголемено присуство на комарци
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0::%D0%97%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%81%D1%82%3A%2043%20%D0%B7%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B5%D0%BD%D0%B8%2C%20%D0%B2%D0%B8%D1%80%D1%83%D1%81%20%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%B2%D1%80%D0%B4%D0%B5%D0%BD%20%D0%B8%20%D0%BA%D0%B0%D1%98%20%D0%B3%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B0%D0%BD%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78457482&x4=10344&x5=%D0%97%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%81%D1%82%3A%2043%20%D0%B7%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B5%D0%BD%D0%B8%2C%20%D0%B2%D0%B8%D1%80%D1%83%D1%81%20%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%B2%D1%80%D0%B4%D0%B5%D0%BD%20%D0%B8%20%D0%BA%D0%B0%D1%98%20%D0%B3%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B0%D0%BD%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5&x6=1&x7=%2Fmk%2F%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%81%D1%82-43-%D0%B7%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%B2%D0%B8%D1%80%D1%83%D1%81-%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%B2%D1%80%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D0%B8-%D0%BA%D0%B0%D1%98-%D0%B3%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B0%D0%BD-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5%2Fa-78457482&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260821&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/западнонилска-треска-во-пораст-43-заразени-вирус-потврден-и-кај-гавран-во-скопје/a-78457482?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/78037808_302.jpg
Image caption Министерот за здравство Сашо Клековски информираше за нови жаришта, заразени птици и ризични региони со зголемено присуство на комарци.
Image source Petr Stojanovski/DW
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&image=https://static.dw.com/image/78037808_302.jpg&title=%D0%97%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%81%D1%82%3A%2043%20%D0%B7%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B5%D0%BD%D0%B8%2C%20%D0%B2%D0%B8%D1%80%D1%83%D1%81%20%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%B2%D1%80%D0%B4%D0%B5%D0%BD%20%D0%B8%20%D0%BA%D0%B0%D1%98%20%D0%B3%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B0%D0%BD%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5

Item 15
Id 78455922
Date 2026-08-21
Title Ел Нињо би можел да стане најсилниот досега: 2027 се заканува да биде најтоплата година во историјата
Short title Најсилен Ел Нињо може да ја направи 2027 рекордно топла
Teaser Овогодишниот Ел Нињо може да стане најсилниот досега и да ја направи 2027 убедливо најтоплата година во историјата, предупредуваат климатолози.

Овогодишниот Ел Нињо е на пат да стане најсилниот регистриран досега, со потенцијал да предизвика екстремни временски услови ширум светот и значително да ги зголеми глобалните температури, поради што 2027 година би можела да стане убедливо најтоплата година во историјата на мерењата.

Во комбинација со долгорочните климатски промени предизвикани од човековите активности, овој привремен климатски феномен би можел да понуди увид во температурите што светот би можел редовно да ги доживува кон крајот на 2030-тите години, предупредуваат експерти.

Што е Ел Нињо?

Ел Нињо претставува топла фаза од природниот климатски циклус во тропскиот дел на Тихиот Океан, познат како Ел Нињо-Јужна осцилација (ENSO).

Феноменот се појавува кога ткн. трговски ветрови, кои вообичаено дуваат од исток кон запад, привремено ослабуваат. Тоа овозможува топлата вода, која обично се акумулира во западниот дел на Тихиот Океан, да се придвижи кон исток и да излезе на површината.

Кога овие повисоки од просечните површински температури ќе се задржат неколку месеци, тие предизвикуваат повеќе облачност и бури во регионот.

„Тоа создава брановидни последици низ целата глобална атмосфера“, објаснува Емили Бекер, климатолог од Универзитетот во Мајами.

Последиците се различни во зависност од регионот: некаде условите стануваат потопли и посуви, додека на други места се постудени и повлажни.

Дел од ефектите веќе се чувствуваат. На пример, долгата и интензивна сушна сезона во Индонезија придонесе за шумски пожари што зафатија стотици илјади хектари.

„Посилните настани значат дека можеме да очекуваме повеќе од типичните влијанија на Ел Нињо“, изјави за АФП Мишел Л’Орјо, раководител на тимот за ENSO во Центарот за климатски прогнози на Националната управа за океани и атмосфера на САД (NOAA), додавајќи дека ниту една поединечна последица не е целосно загарантирана.

Зошто научниците се загрижени за 2027 година?

Според податоците од широко цитираниот климатски панел Climate Brink, дневните температури на морската површина во регионот Нињо 3.4, замислена зона во Тихиот Океан што се користи за следење на феноменот, моментално се околу 2,6 Целзиусови степени над 30-годишниот просек.

Панелот ги обединува и прогнозите кои покажуваат дека Ел Нињо би можел да достигне температурна аномалија од 3,9 степени во ноември, што е значително над аномалијата од 3 степени забележана за време на силниот Ел Нињо во 2015 година.

Тоа би можело да ја вклучи актуелната година меѓу кандидатите за најтопла во историјата, титула што моментално ја држи 2024 година. Истовремено, 2027 година би имала големи шанси да го заземе првото место, бидејќи најголемиот дел од влијанието на Ел Нињо врз температурите се чувствува во годината што следува по неговиот врв.

Според пресметките на климатолозите Зике Хаусфатер и Ендру Деслер, Ел Нињо привремено би можел да додаде околу 0,3 Целзиусови степени врз постојниот тренд на глобално затоплување. Тоа би довело до просечна глобална температура во 2027 година од околу 1,76 степени над прединдустриското ниво, што претставува затоплување кое инаку би се очекувало дури околу 2037 година.

„Тоа е еден вид увид во иднината“, изјави Деслер, професор на Тексашкиот универзитет A&M, за АФП, напоменувајќи дека голем дел од дополнителната топлина ќе биде концентриран во екваторијалниот дел на Тихиот Океан.

Слична проценка има и Мајк Мекфаден, виш научник во Пацифичката лабораторија за морска екологија на NOAA.

„Не е незамисливо 2027 година да достигне затоплување од 1,7 степени над прединдустриските нивоа доколку прогнозите на моделите се покажат точни“, изјави тој за АФП.

Не постои единствено прифатен метод за мерење на Ел Нињо. NOAA во февруари го усвои Индексот на релативен океански Ел Нињо (RONI), кој го споредува затоплувањето во регионот Нињо 3.4 со затоплувањето на целиот тропски појас за подобро да се прикажат интеракциите меѓу океанот и атмосферата што го движат ENSO.

Според оваа методологија, бројките се пониски, но рангирањето останува исто. NOAA проценува дека постои 69 отсто веројатност актуелниот Ел Нињо да биде најсилниот во нивната база на податоци, која опфаќа мерења од 1950 година наваму.

Климатските научници се согласуваат дека климатските промени ги засилуваат последиците од Ел Нињо.

Потоплата атмосфера, збогатена со поголеми концентрации на стакленички гасови, задржува повеќе влага, што значи дека врнежите поврзани со Ел Нињо можат да станат поекстремни. Истовремено, зголемените температури дополнително ги сушат почвите, продлабочувајќи ги сушите во погодените региони.

Сè уште нема целосен научен консензус дали климатските промени директно предизвикуваат посилни Ел Нињо настани, но доказите во таа насока постепено се зголемуваат.

„Климатските промени можеби го засилуваат самиот циклус на Ел Нињо“, вели Мекфаден.

Според него, потоплите тропски мориња ги прават ветровите што го поттикнуваат Ел Нињо почувствителни на состојбите во океанот, со што се зајакнува меѓусебната повратна врска и им се овозможува на овие настани побрзо да се развиваат.

Мекфаден се повикува на докази од палеоклиматските записи, како што се коралните скелети, инструментални мерења што датираат од 19 век, како и климатски модели, кои укажуваат дека интензитетот на Ел Нињо можеби се зголемил за околу 10 проценти во текот на изминатиот век.

Short teaser Научниците предупредуваат дека најсилниот Ел Нињо досега може да ја направи 2027 година најтоплата година во историјата
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0::%D0%95%D0%BB%20%D0%9D%D0%B8%D1%9A%D0%BE%20%D0%B1%D0%B8%20%D0%BC%D0%BE%D0%B6%D0%B5%D0%BB%20%D0%B4%D0%B0%20%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%D1%98%D1%81%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%B4%D0%BE%D1%81%D0%B5%D0%B3%D0%B0%3A%202027%20%D1%81%D0%B5%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%20%D0%B4%D0%B0%20%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%D1%98%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78455922&x4=10352&x5=%D0%95%D0%BB%20%D0%9D%D0%B8%D1%9A%D0%BE%20%D0%B1%D0%B8%20%D0%BC%D0%BE%D0%B6%D0%B5%D0%BB%20%D0%B4%D0%B0%20%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%D1%98%D1%81%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%B4%D0%BE%D1%81%D0%B5%D0%B3%D0%B0%3A%202027%20%D1%81%D0%B5%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%20%D0%B4%D0%B0%20%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%D1%98%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0&x6=1&x7=%2Fmk%2F%D0%B5%D0%BB-%D0%BD%D0%B8%D1%9A%D0%BE-%D0%B1%D0%B8-%D0%BC%D0%BE%D0%B6%D0%B5%D0%BB-%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B5-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D1%81%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B4%D0%BE%D1%81%D0%B5%D0%B3%D0%B0-2027-%D1%81%D0%B5-%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%B5-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%2Fa-78455922&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260821&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/ел-нињо-би-можел-да-стане-најсилниот-досега-2027-се-заканува-да-биде-најтоплата-година-во-историјата/a-78455922?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&title=%D0%95%D0%BB%20%D0%9D%D0%B8%D1%9A%D0%BE%20%D0%B1%D0%B8%20%D0%BC%D0%BE%D0%B6%D0%B5%D0%BB%20%D0%B4%D0%B0%20%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%D1%98%D1%81%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%B4%D0%BE%D1%81%D0%B5%D0%B3%D0%B0%3A%202027%20%D1%81%D0%B5%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%20%D0%B4%D0%B0%20%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%D1%98%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0

Item 16
Id 78454876
Date 2026-08-21
Title Германија е европски лидер во сладолед, С.Македонија изненадува со извозот
Short title Европа се лади со сладолед: С.Македонија во плус од извозот
Teaser Германија и Франција владеат со пазарот на сладолед: каде е Северна Македонија според статистичките податоци?

Летото е незамисливо без сладолед, а најновата статистика на Евростат за 2025 година покажува дека производството во Европската Унија продолжува да расте. Во текот на минатата година во земјите членки биле произведени 3,44 милијарди литри сладолед, што претставува зголемување од 1,9 проценти во споредба со 2024 година.

Додека Германија, Италија и Франција ги предводат европските производители, податоците за Северна Македонија остануваат ограничено достапни во европските статистички бази. Сепак, домашната статистика покажува интересен тренд: земјата извезува повеќе сладолед отколку што трошат македонските домаќинства.

Македонија извезува повеќе сладолед отколку што троши

Во официјалниот PRODCOM извештај на Евростат, кој опфаќа 38 европски земји, Северна Македонија е вклучена меѓу земјите на листата. Сепак, конкретни и целосни податоци за домашнотопроизводство на сладолед не се јавно достапни или се прикажани како недостапни.

Иако недостигаат официјални европски податоци за производството, бројките на Државниот завод за статистика откриваат дека потрошувачката на сладолед во Северна Македонија континуирано расте. Во 2025 година биле потребни околу 1,7 килограми сладолед по член на домаќинство. Според проценките, тоа значи дека годишната потрошувачка на домаќинствата изнесува околу 3,1 милион килограми.

Трендот покажува дека граѓаните на Северна Македонија сè повеќе консумираат сладолед. Во 2024 година просечната потрошувачка изнесувала 1,4 килограми по член на домаќинство, во 2023 година 1,2 килограми, а во 2021 и 2022 година по 1,1 килограм. Најниско ниво на потрошувачка било забележано во 2014 година, кога просекот изнесувал околу половина килограм по член на домаќинство.

Континуиран раст на извозот и трговски суфицит

Македонската индустрија за сладолед не ги задоволува само домашните потреби, туку е значително ориентирана и кон странските пазари. Во 2025 година од Северна Македонија биле извезени над 4,7 милиони килограми сладолед, што е значително повеќе од вкупната количина што ја консумираат македонските домаќинства.

Анализата на официјалните царински и статистички податоци за периодот од 2020 до 2025 година покажува континуиран трговски суфицит во размената на сладолед.

Историскиот максимум бил достигнат во 2024 година, кога биле извезени 5,26 милиони килограми сладолед во вредност од повеќе од 18,1 милиони евра. Во истата година бил остварен рекорден трговски суфицит од 6,39 милиони евра.

Во 2025 година извозот забележал благо намалување на 4,73 милиони килограми, а вредноста изнесувала 17,6 милиони евра. И покрај тоа, државата остварила трговски суфицит од 4,52 милиони евра, што потврдува дека македонските производители успешно ги пласираат своите производи на странските пазари.

Над 90 проценти од извозот и увозот се однесуваат на категоријата сладолед без млечни масти или со содржина на млечни масти помала од 3 проценти.

Германија е најголем производител, Италија бележи најсилен раст

Германија ја задржа позицијата најголем производител на сладолед во Европската Унија со произведени 608 милиони литри во 2025 година. На второто место се наоѓа Италија со 549 милиони литри, а веднаш зад неа е Франција со 525 милиони литри. Меѓу петте најголеми производители се и Шпанија со 457 милиони литри и Белгија со 274 милиони литри.

Сите водечки производители забележале раст во однос на претходната година. Најголемото зголемување го остварила Италија со раст од 10 проценти, пред Белгија со 6 проценти, Франција со 4 проценти, Шпанија со 2 проценти и Германија со 0,2 проценти.

Кога станува збор за извозот во земји надвор од Европската Унија, Франција е неприкосновен лидер.
Француските компании во 2025 година извезле 59,1 милиони килограми сладолед, што претставува 20 проценти од вкупниот извоз на ЕУ кон трети земји. По Франција следуваат Италија со 19 проценти од вкупниот извоз, Белгија со 12 проценти, Германија со 10 проценти и Холандија со 9 проценти.

Вкупниот извоз на сладолед од ЕУ надвор од Унијата достигнал 289,8 милиони килограми, што е раст од 10 проценти во однос на претходната година. Истовремено, увозот пораснал за 12 проценти и достигнал 77,8 милиони килограми.

Short teaser Германија и Франција владеат со пазарот на сладолед: каде е Северна Македонија според статистичките податоци?
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0::%D0%93%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B5%20%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%BB%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D1%80%20%D0%B2%D0%BE%20%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B4%2C%20%D0%A1.%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B8%D0%B7%D0%BD%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%20%D1%81%D0%BE%20%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%BE%D1%82&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78454876&x4=10344&x5=%D0%93%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B5%20%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%BB%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D1%80%20%D0%B2%D0%BE%20%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B4%2C%20%D0%A1.%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B8%D0%B7%D0%BD%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%20%D1%81%D0%BE%20%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%BE%D1%82&x6=1&x7=%2Fmk%2F%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B5-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BB%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D1%80-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B4-%D1%81-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B8%D0%B7%D0%BD%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%BE%D1%82%2Fa-78454876&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260821&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/германија-е-европски-лидер-во-сладолед-с-македонија-изненадува-со-извозот/a-78454876?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&f=https://tvdownloaddw-a.akamaihd.net/vps/webvideos/MAZ/2025/DWUZ/DWVGMAZ250701_EisPreisFinal-LT_AVC_640x360.mp4&title=%D0%93%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B5%20%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%BB%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D1%80%20%D0%B2%D0%BE%20%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B4%2C%20%D0%A1.%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B8%D0%B7%D0%BD%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%20%D1%81%D0%BE%20%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%BE%D1%82

Item 17
Id 78453567
Date 2026-08-21
Title Предвремени избори: Нема план, но може да има тригер
Short title Предвремени избори: Нема план, но може да има тригер
Teaser Од досегашните 11 парламентарни избори во земјата, 5 беа предвремени, а 6 редовни.

Ќе има ли предвремени парламентарни избори? Прашањето кое повремено се акцентира годинава, делумно наликува на ладна проба за тестирање на расположението кај партиите и јавноста, но и на нагаѓање - каков „тригер“ евентуално би можел да предизвика потреба од тоа?

„Граѓаните не сакаат избори, туку реформи и континуитет на процесите што ги води оваа Влада“, одговори вчера премиерот на новинарско прашање во однос на ова прашање.

„Ние како коалиција имаме добиено легитимитет од граѓаните за да бидеме влада четири години. Но доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, се разбира дека ние како кукавици нема да седиме настрана, туку ќе одговориме на тоа барање позитивно. И се разбира дека ќе ги победиме“, изјави премиерот.

Ова не е нов став на премиерот, кој потсетува дека редовните избори се во 2028 година. Не е нов ни ставот на опозициската СДСМ.

„СДСМ е подготвен за избори кога и да бидат распишани, со тим, програма и нов Мастер план за Македонија, но нема да биде алиби на Христијан Мицкоски за избори. Избори ќе има кога ќе им снема пари за коруптивни тендери. Тоа нив ги интересира, ништо друго“, рече Филипче.

ДУИ сака нова проверка

Од ДУИ го бараат токму тоа - предвремени избори, со оценка дека на земјата и е потребен нов политички мандат. Уште кога завршија двојните избори во 2024 година (парламентарни и претседателски) ДУИ го отвори ова прашање, со критика дека коалицијата ВЛЕН нема изборен легитимитет да учествува и да ги претставува Албанците во власта. Се бараа предвремени избори во пакет со локалните во 2025 година, со математика за „три во едно“.

Образложението беше дека ако во 2025 се одржат и локални и предвремени параламентарни, тогаш во 2029 година заедно со редовниот термин за избор на нов шеф на државата, би дошол и редовен термин за избор на централна и локална власт.

Реконструкцијата ги засени шпекулациите

Тоа не се случи, но се зголемија шпекулациите дека предвремени избори би можело да има во пролетта 2027 година. Но, летната реконструкција на Владата ги расколеба ваквите шпекулации, зашто би изгледала како џабе потрошено време ако реконструираниот состав опстои само половина година, за потоа да го отстапи местото на техничка влада во почетокот на 2027 година. Досегашните образложенија беа дека Владата нема план за предвремени избори, но мора да биде подготвена ако има политички предизвици, односно конкретен тригер.

Од досегашните 11 парламентарни избори во земјата, 5 беа предвремени, а 6 редовни. Се одржаа во 1990, 1994, 1998, 2002, 2006, 2008 (предвремени), 2011 (предвремени), 2014 (предвремени), 2016 (предвремени), 2020 (предвремени) и во 2024 редовни. Во период од речиси една деценија, вонредните парламентарни избори станаа зашитен знак на мандатите на Никола Груевски, кој на две или три години го ставаше на проверка изборниот легитимитет. Од друга страна, според статистиката на Moven Mapping, платформа за геополитика, која низ статистики и графички приказ анализира политички и светски теми, С. Македонија не е меѓу земјите во кои се случуваат брзи премиерски „вртелешки“. По падот на Груевски, од 2016 година земјата имала 6 премиери, но во таа бројка се вклучени и „техничките“.

Предности и последици

Предноста на вонредни парламентари избори главно е проверка/потврда на легитимитетот и дадената доверба да се спроведува програмата што била презентирана пред избирачите, особено во време на позначајни одлуки. Но праксата на чести избори има и последици. Тие може да резултираат со состојба на перманентна изборна кампања, која не завршува со крајот на изборите, туку трасира натамошен пат за постојан натпревар меѓу партиите, во кој главниот акцент не е ставен на реформи, туку на политички маркетинг, анкети и пиар стратегии. Последици од таквата пракса се доминантно градење на изборна, а не на институционална и реформска кондиција, постојан фокус врз рејтинзи а не врз проблеми што чекаат решавање, како и економски застој заради воздржување на бизнисите од инвестиции поради политичка неизвесност. Во истиот период присутно е и времено парализирање на институциите, бидејќи поради изборите законски им се ограничени нивни редовни активности. Меѓу последиците е и кумулативниот замор кај граѓаните од избори, што може да го намали нивниот интерес за гласање, односно излезноста, и да ги направи несензитивни на каква било изборна мобилизација.

Широка база

Но последново и не мора да биде ризик фактор во земји каде висок процент на граѓаните се членови на партии, бидејќи тоа гарантира широка база за сигурна изборна мобилизација. Интересни податоци во овој контекст откри публикацијата „Компаративно истражување на изборните системи - првични национални наоди за Република Северна Македонија што се однесуваат на изборите од април и мај 2024 година“ на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. Врз база на повеќефазен стратификуван примерок и спроведени вкупно 1.056 анкети, се покажало дека секој седми граѓанин (13%) е формално член на политичка партија, што не било многу помалку од 2017 година (13,6 %). За споредба, просекот во земјите во ЕУ е од 3 до 5 проценти.

Регионално, стапката на членство била највисока во Скопскиот (17%), Полошкиот (16%) и Југоисточниот регион (15%), а најниска во Источниот (6%). Речиси половина од оние што се изјасниле дека се членови (47%) известиле дека учествуваат во партиски активности најмалку еднаш месечно или почесто, а третина (33%) дека такви активности имаат неколку пати годишно. Само секој десетти член (11%) имал партиска активност еднаш годишно, а мало малцинство од под 5% - никогаш.

„Значи, повеќето членови на политички партии имаат значителни партиски ангажмани во текот на една година, податок што упатува на значителна социјализација на граѓаните преку партиските инфраструктури“, се наведува во публикацијата.

Учество во мобилизациски активности

Интересни се и искажаните ставови на испитаниците за значајноста на изборите. За две третини од нив, односно 66%, изборите во земјава се многу или донекаде значајни. Во однос на честота на гласање на избори, 47% проценти од испитаниците се изјасниле дека редовно, односно секогаш излегуваат на избори, а дополнителни 30% дека често излегуваат на избори.

Една четвртина присуствувале на митинг или на помал настан од кампањата, како средба со граѓани; една третина биле посетени во своите домови од активисти кои им ја претставиле изборната програма; а речиси половина добиле рекламен материјал од политичките партии. Секој осми испитаник истакнал партиска/кампањска ознака на себе или на објектот каде што живее, а секој десетти бил директно инволвиран, односно работел на некоја изборна кампања на политичка партија или на кандидат.

Ова покажува дека граѓаните земале значително учество во мобилизациските активности на политичките партии во текот на изборната кампања.

Доколку изборите се одржат во редовниот термин тоа би значело техничка влада на крајот на 2027 или во почетокот на 2028 година, и парламентарни избори во април/мај 2028 година.

Од 1990 до 2024 година се одржаа три национални рефрендуми, 11 парламантарни избори, 8 локални избори и 7 претседателски. Ако се собере бројот на овие гласања, произлегува дека граѓаните, во просек, излегувале пред гласачките кутии во периоди покуси од две години.

Short teaser Од досегашните 11 парламентарни избори во земјата, 5 беа предвремени, а 6 редовни.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0::%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8%20%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B8%3A%20%D0%9D%D0%B5%D0%BC%D0%B0%20%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD%2C%20%D0%BD%D0%BE%20%D0%BC%D0%BE%D0%B6%D0%B5%20%D0%B4%D0%B0%20%D0%B8%D0%BC%D0%B0%20%D1%82%D1%80%D0%B8%D0%B3%D0%B5%D1%80&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78453567&x4=10344&x5=%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8%20%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B8%3A%20%D0%9D%D0%B5%D0%BC%D0%B0%20%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD%2C%20%D0%BD%D0%BE%20%D0%BC%D0%BE%D0%B6%D0%B5%20%D0%B4%D0%B0%20%D0%B8%D0%BC%D0%B0%20%D1%82%D1%80%D0%B8%D0%B3%D0%B5%D1%80&x6=1&x7=%2Fmk%2F%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B8-%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD-%D0%BD%D0%BE-%D0%BC%D0%BE%D0%B6%D0%B5-%D0%B4%D0%B0-%D0%B8%D0%BC%D0%B0-%D1%82%D1%80%D0%B8%D0%B3%D0%B5%D1%80%2Fa-78453567&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260821&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/предвремени-избори-нема-план-но-може-да-има-тригер/a-78453567?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/74589885_302.jpg
Image caption Предвремени парламентарни избори - реална можност или само шпекулации?
Image source Petr Stojanovski/DW
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&image=https://static.dw.com/image/74589885_302.jpg&title=%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8%20%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B8%3A%20%D0%9D%D0%B5%D0%BC%D0%B0%20%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD%2C%20%D0%BD%D0%BE%20%D0%BC%D0%BE%D0%B6%D0%B5%20%D0%B4%D0%B0%20%D0%B8%D0%BC%D0%B0%20%D1%82%D1%80%D0%B8%D0%B3%D0%B5%D1%80

Item 18
Id 78443407
Date 2026-08-21
Title Блокада на Црното Море: Дали житото ќе остане на украинските полиња?
Short title Дали житото ќе остане на украинските полиња?
Teaser Нападите на Русија врз цивилни бродови и пристаништа на Црното Море ги доведоа украинските земјоделци во критична ситуација. Среде жетва, извозот на жито практично запре.

Руските напади врз цивилни бродови во голема мера ги парализираа пристаништата во поширокиот регион на Одеса. До 90 проценти од украинскиот извоз на земјоделски производи претходно се одвиваше преку овие пристаништа. За да може да продолжи извозот, украинската влада работи на алтернативни транспортни рути преку шини, улици и водни патишта, а во тек се и разговори за нов извозен коридор низ Молдавија. Експертите пак потенцираат дека овие алтернативни правци не може да ги заменат пристаништата, па според нивните проценки сегашната блокада на Црното Море претставува уште поголема закана за украинската економија отколку во 2022 година.

Акутен недостаток на капитал за работа

Напнатата безбедносна ситуација во Црното Море веќе значително се одразува на украинскиот домашен пазар. Според Денис Марчук, заменик-претседател на Сеукраинскиот земјоделски совет, земјоделците во Украина до сега пожнеале 28 милиони тони жито и мешунки, а голем дел од жетвата во моментов не може да се продаде. Тоа доведува до растечки недостиг на капитал, кој е итно потребен за да се заврши тековната жетва и да се сеат зимските култури. Сеидбата започнува кон крајот на август во јужните региони на Украина. „Во моментов, тешко може да ги продадеме нашите производи. Наместо тоа складираме залихи, под услов воопшто да има доволен капацитет за складирање. Се поставува и прашањето што да правиме, бидејќи ни требаат пари, особено за есенската сеидба“, вели Марчук за ДВ. Според него, ситуацијата ќе се заостри во претстојните недели и месеци кога ќе се соберат и житните и маслодајни култури. Само жетвата на пченка би можела да достигне околу 33 милиони тони годинава, а се заканува недостиг на капацитет за складирање до десет милиони тони наесен. Регионите во близина на фронтот се особено погодени, бидејќи повеќето силоси за жито се уништени во војната. „Често слушаме дека земјоделците сакаат да ја остават пченката на полињата за да ја соберат на пролет. Пченката треба и да се суши што бара многу електрична енергија и е многу скапо. Тие немаат пари за тоа. Нема ниту доволно можности за продажба, ниту разумни цени, па затоа е подобро да се остави, поевтино е така“, објаснува Марчук.

Максим Хопка, аналитичар во Украинскиот земјоделски клуб, го проценува украинското земјоделско производство во јули на околу 3,7 милиони тони, од кои речиси 2,7 милиони тони се жито. Во споредба со претходниот месец има пад од околу една четвртина. Хопка очекува извозот на жито да се намали за уште 50 проценти во август. Цените на домашен терен пак се под зголемен притисок. Според Хопка, цената на пченицата паднала за 30 до 35 проценти, како и цената на јачменот. За земјоделците тоа значи дека имаат потешки економски услови за производство, вели Хопка. Бсо оглед на тоа дека житото не може да се извезе во полна мера, цените паднаа толку драстично што бројни производители веќе не можат ниту да ги покријат своите трошоци за производство. Некои фарми веќе работат со загуба. Според украинското Министерство за земјоделство и храна, годишните загуби на земјоделците поради непродадени земјоделски производи би можеле да достигнат околу 20,5 милијарди американски долари.

Кои алтернативи стојат на располагање?

Украинската влада уверува дека прави сè во рамки на нејзините можности за да изнајде нови рути за извоз на украински земјоделски производи по железнички пат или преку пристаништата на Дунав, како и по копнен пат преку соседните земји. Сепак, поради сушата Дунав во моментов е само делумно употреблив за украинскиот извоз. Проблеми има и со железничкиот и патниот транспорт. Европските железнички линии се целосно искористени од страна на европските трговци за време на сезоната на жетва, а транспортот на големи количини жито по копнен пат е скап. За украинскиот министер за земјоделство, Тарас Визоцки, најважно е со помош на воените капацитети на Украина и нејзините партнери да се обезбедат бродските рути до пристаништата во пошироката област на Одеса.

Тој оценува дека среднорочно не постои споредлива алтернатива. Железничките врски и т.н. суви пристаништа може да послужат само како привремена поддршка додека не се отворат пристаништата во Црното Море, објаснува тој во интервју за ДВ. Професорот Олех Нивјевски од Киевската виша економска школа смета дека Украина сега има помалку опции да ги изедначи загубите во поморската трговија отколку на почетокот на војната. Тој истакнува дека ЕУ активно ја поддржала Украина во воспоставувањето на т.н. Коридори на солидарноста во 2022 година. И трговијата исто така била значително либерализирана со укинувањето на бројни царински ограничувања. Сега, условите се разликуваат. „Ако се погледне трговијата со ЕУ, се вративме од слободен систем на предвоениот трговски режим со ограничувања и царински квоти“, изјави Нивјевски за ДВ. Според неговата проценка, има и значителни проблеми со инфраструктурата. Украинските железници сега имаат околу 30 проценти помалку возови отколку пред војната. Постојаните руски напади врз железничката инфраструктура го отежнуваат работењето и бараат редовни поправки. Патниот транспорт е ограничен поради недостаток на возачи на камиони, особено како резултат на мобилизацијата. „Руската блокада на украинските пристаништа доведе до пад на БДП од приближно шест проценти во 2022 година. Доколку сегашната криза продолжи до крајот на есента, економските последици за земјата би можеле да бидат значително потешки“, предупредува Нивјевски, кој смета дека актуелната криза треба да поттикне преиспитување на украинската извозна политика. Украина според него требала да развие долгорочна стратегија на самиот почеток на војната за да го обезбеди извозот на светските пазари.

Не станува збор само за наоѓање привремена замена за пристаништата, туку за создавање систем во кој блокадата на еден транспортен пат веќе нема да ја парализира целата извозна економија.

Каква помош е потребна?

Максим Хопка проценува дека Украина не ќе може да пласира речиси девет милиони тони земјоделски производи на странските пазари во август и октомври поради блокадата на извоз по морски пат. На тој начин одложените или пропуштени девизни приходи би можеле во тој период да достигнат околу 1,9 милијарди долари. Затоа, на украинските земјоделци им е потребна помош. На барање на земјоделците, владата веќе ја продолжи и прошири програмата за државни заеми. Киев покрај тоа според Министерството за земјоделство и исхрана, аплицирала за неповратна помош од ЕК од 220 милиони евра. Овие средства се наменети првенствено за малите и средни земјоделски претпријатија за финансирање на каматата на кредитите. Министерството планира да ги стави овие средства на располагање преку државната програма „Поволни заеми 5-7-9 проценти“ за да се обезбеди ликвидноста на фирмите. Планирано е кредитно портфолио до 4 милијарди евра за финансирање на обртниот капитал на земјоделците со максимална годишна каматна стапка од десет проценти.

Short teaser Нападите на Русија врз цивилни бродови и пристаништа на Црно Море ги доведоа украинските земјоделци во критична состојба
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%95%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%B0::%D0%91%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%B4%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A6%D1%80%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%BE%20%D0%9C%D0%BE%D1%80%D0%B5%3A%20%D0%94%D0%B0%D0%BB%D0%B8%20%D0%B6%D0%B8%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%BE%20%D1%9C%D0%B5%20%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%9A%D0%B0%3F%20&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78443407&x4=32184&x5=%D0%91%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%B4%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A6%D1%80%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%BE%20%D0%9C%D0%BE%D1%80%D0%B5%3A%20%D0%94%D0%B0%D0%BB%D0%B8%20%D0%B6%D0%B8%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%BE%20%D1%9C%D0%B5%20%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%9A%D0%B0%3F%20&x6=0&x7=%2Fmk%2F%D0%B1%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%B4%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%86%D1%80%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B5-%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%B8-%D0%B6%D0%B8%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D1%9C%D0%B5-%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D1%83%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%9A%D0%B0%2Fa-78443407&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260821&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%95%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/блокада-на-црното-море-дали-житото-ќе-остане-на-украинските-полиња/a-78443407?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/61945576_302.jpg
Image caption Дали пченката во Украина ќе остане на полињата? Соочени со блокадата на транспортните рути, многу земјоделци не знаат што да прават со својата жетва
Image source Olena Mykhaylova/Zoonar/picture alliance
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&image=https://static.dw.com/image/61945576_302.jpg&title=%D0%91%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%B4%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A6%D1%80%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%BE%20%D0%9C%D0%BE%D1%80%D0%B5%3A%20%D0%94%D0%B0%D0%BB%D0%B8%20%D0%B6%D0%B8%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%BE%20%D1%9C%D0%B5%20%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%9A%D0%B0%3F

Item 19
Id 78444731
Date 2026-08-20
Title По пет години затворена истрагата за модуларните болници, нема сомнеж за злоупотреби
Short title Нема докази за злоупотреби кај модуларните болници
Teaser По пет години истрага, ОЈО ГОКК ја затвори постапката за модуларните болници. Обвинителката Верица Бержецка соопшти дека нема докази за злоупотреби во јавните набавки.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ја затвори истрагата за јавните набавки поврзани со изградбата на 19 модуларни болници во Северна Македонија, оценувајќи дека не постојат основи на сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување или за друго кривично дело кое се гони по службена должност.

Предметот беше отворен на 10 септември 2021 година, непосредно по трагичниот пожар во ковид-центарот во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица. Тогаш Обвинителството најави дека ќе ја испита целокупната документација поврзана со набавката и изградбата на сите модуларни болници во државата.

Пет години подоцна на брифинг со новинарите беше соопштено дека нема место за јавнообвинителско постапување во набавката на модуларните болници.

Анализирана обемна документација

Во текот на истрагата, ОЈО ГОКК прибрало документација од Министерството за внатрешни работи, Министерството за финансии, Бирото за јавни набавки, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Владата, Основното јавно обвинителство Тетово и други институции.

Обвинителството го анализирало постапките за јавни набавки, техничките спецификации, договорите, проектната документација и релевантната законска регулатива.

Проверките покажале дека во периодот од април до јуни 2020 година биле спроведени повеќе набавки за обезбедување дополнителни капацитети на здравствениот систем за справување со ковид-пандемијата, меѓу кои монтажни контејнери за Клиниката за инфективни болести, опрема за регионален ковид-центар и модуларни објекти за потребите на здравствените установи.

Набавките биле спроведени според правилата на Светска банка

Посебен дел од истрагата бил посветен на набавката на модуларните болници финансирани со заем од Светска банка во рамки на Проектот за итно справување со Ковид-19.

Според наодите на Обвинителството, постапката била спроведена преку меѓународен оглас согласно правилата на Светска банка. Бирото за јавни набавки потврдило дека во вакви случаи не се применуваат одредбите од Законот за јавните набавки, бидејќи станува збор за набавки што се реализираат според правила на меѓународна финансиска институција.

Истражителите ја разгледале и законската регулатива од областа на градењето. Јавниот повик бил објавен на 13 октомври 2020 година, а договорот бил склучен на 30 ноември 2020 година. Во меѓувреме, со измените на Законот за градење објавени на 24 ноември 2020 година, модуларните градби наменети за вршење здравствена дејност биле опфатени во категоријата градби за кои не е потребно одобрение за градење.

Дополнително, дел од здравствените установи поседувале соодветни решенија од Министерството за здравство за поставување на модуларните објекти, како и потребната проектна документација.

Светска банка не констатирала отстапувања

По пожарот во Тетово, Светска банка извршила контроли на повеќе објекти во Гостивар, Струга, Прилеп, Велес и Штип. Била проверувана усогласеноста со проектните стандарди, безбедносните критериуми и противпожарната заштита.

Според документацијата што ја анализирало Обвинителството, тимот на Светска банка утврдил дека постапката за набавка била спроведена во согласност со нејзините правила и дека испорачаната опрема и објекти одговарале на предвидените технички спецификации.

Предметот го водеа тројца обвинители

Случајот имаше долг институционален тек и во изминатите пет години помина низ рацете на тројца обвинители. Предметот првично го отвори тогашната шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска, веднаш по пожарот во Тетово. Потоа со прибирањето и анализата на доказите продолжи обвинителката Елизабета Јосифовска.

По нејзиното заминување во Вишото јавно обвинителство во Гостивар, предметот го презеде и го финализираше обвинителката Верица Бержецка под раководство на актуелниот шеф на ОЈО ГОКК, Ислам Абази.

Пожарот во Тетово беше посебен предмет

Оваа истрага се однесуваше исклучиво на законитоста на јавните набавки, финансирањето и изградбата на модуларните болници.

Прашањето за одговорноста за катастрофалниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој загинаа 14 лица, беше предмет на посебна кривична и судска постапка што се водеше пред надлежните институции.

По завршувањето на ковид-кризата, ДВ анализираше дека дел од модуларните болници завршија под клуч, а дел се искористија како дневни амбуланти или за привремено сместување пациенти додека траат реновирањата на матичните згради

Short teaser Обвинителката Верица Бержецка соопшти дека нема докази за злоупотреби во јавните набавки.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0::%D0%9F%D0%BE%20%D0%BF%D0%B5%D1%82%20%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B0%20%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BC%D0%BE%D0%B4%D1%83%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%2C%20%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0%20%D1%81%D0%BE%D0%BC%D0%BD%D0%B5%D0%B6%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B7%D0%BB%D0%BE%D1%83%D0%BF%D0%BE%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B8&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78444731&x4=10344&x5=%D0%9F%D0%BE%20%D0%BF%D0%B5%D1%82%20%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B0%20%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BC%D0%BE%D0%B4%D1%83%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%2C%20%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0%20%D1%81%D0%BE%D0%BC%D0%BD%D0%B5%D0%B6%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B7%D0%BB%D0%BE%D1%83%D0%BF%D0%BE%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B8&x6=1&x7=%2Fmk%2F%D0%BF%D0%BE-%D0%BF%D0%B5%D1%82-%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D0%B7%D0%B0%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BC%D0%BE%D0%B4%D1%83%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D1%81%D0%BE%D0%BC%D0%BD%D0%B5%D0%B6-%D0%B7%D0%B0-%D0%B7%D0%BB%D0%BE%D1%83%D0%BF%D0%BE%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B8%2Fa-78444731&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260820&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/по-пет-години-затворена-истрагата-за-модуларните-болници-нема-сомнеж-за-злоупотреби/a-78444731?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/63667260_302.jpg
Image caption Обвинителството не најде злоупотреби при набавката на модуларните болници
Image source Petr Stojanovski/DW
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&image=https://static.dw.com/image/63667260_302.jpg&title=%D0%9F%D0%BE%20%D0%BF%D0%B5%D1%82%20%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B0%20%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BC%D0%BE%D0%B4%D1%83%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%2C%20%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0%20%D1%81%D0%BE%D0%BC%D0%BD%D0%B5%D0%B6%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B7%D0%BB%D0%BE%D1%83%D0%BF%D0%BE%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B8

Item 20
Id 78441942
Date 2026-08-20
Title „Безбеден град“ создаде гужви на Табановце: Странски возачи плаќаат казни за брзо возење
Short title „Безбеден град“ создаде километарски гужви на Табановце
Teaser Камерите снимаа со месеци, казните стигнаа на граница. „Безбеден град“ создаде километарски колони и гужви на Табановце.

На граничниот премин Табановце меѓу Северна Македонија и Србија изминативе два дена се забележуваат долги редици и километарски колони од возила, откако започна практичната примена на механизмот за наплата на казни за странски возачи регистрирани од системот „Безбеден град“.

Голем дел од возачите кои се враќале од одмор во Грција биле запрени на излез од државата за да платат казни за сообраќајни прекршоци евидентирани од камерите на системот. Според коментари објавени на социјалните мрежи, поради постапката се создале огромни гужви на преминот.

Камерите во живо од граничниот премин Табановце и денеска покажуваат долги колони возила кои чекаат за влез во соседна Србија. Во просек за излез од Северна Македонија се чека по 40 минити, додека во обратен правец возилата минуваат и за пет минути.

МВР: Станува збор за прв ден од примената на механизмот

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека зголемениот број возила на Табановце се должи на стартот на новиот механизам за санкционирање на странските возачи.

„Поголемиот број возила кои се појавуваат на граничниот премин Табановце се должи на тоа што станува збор за прв ден од примената на овој механизам, при што се опфаќаат и претходно евидентираните прекршоци. На граничниот премин Табановце, при излез од државата, се појавуваат возила кај кои системот има претходно евидентирано сообраќајни прекршоци“,велат од МВР.

На возачите им се соопштува дека е евидентиран прекршок и им се издава записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог, со можност казната да ја подмират согласно законската постапка.

Оттаму додаваат дека Министерството презема активности за непречено одвивање на постапката и намалување на задржувањето на патниците.

„Со воведувањето на овој механизам се обезбедува еднаков и неселективен пристап во санкционирањето на сообраќајните прекршоци, без оглед дали станува збор за возила со домашни или странски регистарски таблички“, децидни се од МВР.

Над 33.000 прекршоци од странски возила

Во периодот од 2 февруари до 31 мај 2026 година, во системот „Безбеден град“ биле евидентирани 33.722 прекршоци сторени од возила со странски регистарски таблички.

Според податоците на МВР, камерите на системот во првите пет месеци евидентирале повеќе од 120.000 сообраќајни прекршоци, а дури 95 проценти од нив се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина. Од вкупниот број прекршоци кај странските возила, најмногу биле регистрирани во мај, односно 11.258, додека најмалку биле регистрирани во февруари, кога биле забележани 4.301 прекршок.

Системот „Безбеден град“ овозможува автоматско детектирање на прекршоци преку мрежа од камери поставени на повеќе локации низ државата. Неговата цел е намалување на бројот на сообраќајни несреќи и зголемување на почитувањето на сообраќајните правила. Камерите регистрираат повеќе видови прекршоци, меѓу кои пречекорување на брзината, минување на црвено светло, користење мобилен телефон при возење, некористење сигурносен појас и други прекршоци предвидени со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Како функционира системот за странските возачи

Според информациите што им се споделуваат на возачите, лицето кај кое е евидентиран прекршок добива записник и прекршочен платен налог. Доколку казната не биде платена, може да следува судска постапка согласно законските процедури.

Санкциите за странските возачи неодамна ги најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој апелираше до сите возачи што транзитираат по коридорите 8 и 10 да ги почитуваат сообраќајните правила, нагласувајќи дека камерите веќе функционираат и ги евидентираат сите прекршоци.

„Безбеден град“ опфати модернизација на постојниот систем во Скопје, Тетово, Куманово, долж коридорите 8 и 10, како и негово проширување на национално ниво преку современи технологии за видеонадзор и автоматско детектирање на прекршоци.

Системот „Безбеден град“ е во функција од 1 февруари 2026 година, со цел зголемување на безбедноста на патиштата и намалување на бројот на сообраќајни жртви во Северна Македонија.

Од почетокот на неговата примена, на 2 февруари 2026 година, во првите пет месеци е забележано намалување на бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди за 40 проценти, односно 33 загинати лица, наспроти 55 во истиот период од претходната година.

Short teaser Камерите снимаа со месеци, казните стигнаа на граница. „Безбеден град“ создаде километарски колони и гужви на Табановце.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0::%E2%80%9E%D0%91%D0%B5%D0%B7%D0%B1%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD%20%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%E2%80%9C%20%D1%81%D0%BE%D0%B7%D0%B4%D0%B0%D0%B4%D0%B5%20%D0%B3%D1%83%D0%B6%D0%B2%D0%B8%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A2%D0%B0%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B5%3A%20%D0%A1%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%B0%D1%87%D0%B8%20%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D0%B0%D1%82%20%D0%BA%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B1%D1%80%D0%B7%D0%BE%20%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%B5%D1%9A%D0%B5&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78441942&x4=10344&x5=%E2%80%9E%D0%91%D0%B5%D0%B7%D0%B1%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD%20%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%E2%80%9C%20%D1%81%D0%BE%D0%B7%D0%B4%D0%B0%D0%B4%D0%B5%20%D0%B3%D1%83%D0%B6%D0%B2%D0%B8%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A2%D0%B0%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B5%3A%20%D0%A1%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%B0%D1%87%D0%B8%20%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D0%B0%D1%82%20%D0%BA%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B1%D1%80%D0%B7%D0%BE%20%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%B5%D1%9A%D0%B5&x6=1&x7=%2Fmk%2F%D0%B1%D0%B5%D0%B7%D0%B1%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4-%D1%81%D0%BE%D0%B7%D0%B4%D0%B0%D0%B4%D0%B5-%D0%B3%D1%83%D0%B6%D0%B2%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D0%B0%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B5-%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%B0%D1%87%D0%B8-%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%BA%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%B1%D1%80%D0%B7%D0%BE-%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%B5%D1%9A%D0%B5%2Fa-78441942&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260820&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/безбеден-град-создаде-гужви-на-табановце-странски-возачи-плаќаат-казни-за-брзо-возење/a-78441942?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&title=%E2%80%9E%D0%91%D0%B5%D0%B7%D0%B1%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD%20%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%E2%80%9C%20%D1%81%D0%BE%D0%B7%D0%B4%D0%B0%D0%B4%D0%B5%20%D0%B3%D1%83%D0%B6%D0%B2%D0%B8%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A2%D0%B0%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B5%3A%20%D0%A1%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%B0%D1%87%D0%B8%20%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D0%B0%D1%82%20%D0%BA%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B1%D1%80%D0%B7%D0%BE%20%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%B5%D1%9A%D0%B5

Item 21
Id 78439661
Date 2026-08-20
Title Мицкоски: Разговорите за решение со ЕУ продолжуваат, Германија и Франција клучни за проширувањето
Short title Мицкоски: Германија и Франција ќе влијаат врз проширувањето
Teaser Премиерот Христијан Мицкоски вели дека разговорите за решение со ЕУ продолжуваат, додека интересот за проширување ќе зависи и од политичките процеси во Германија и Франција.

Премиерот Христијан Мицкоскиизјави дека разговорите за изнаоѓање решение за деблокирање на евроинтегративниот процес продолжуваат, нагласувајќи дека идниот интерес за проширување на ЕУ во голема мера ќе зависи од политичките случувања во Германија и Франција.

Во интервју за Сител ТВ, Мицкоски порача дека Владата не крие дека води разговори со европски партнери и лидери, но истакна дека клучно прашање е кои се позициите и црвените линии во тие разговори.

„Нема никаква дилема дека ќе разговараме, разговараме и сме разговарале со цел да бараме решение. Прашањето е што разговарате и која е вашата црвена линија до која одите во тие разговори. Тоа е наша задача пред граѓаните кои ни ја дале довербата, но и како Влада. Нема никаква тајна и ќе продолжиме да разговараме“, изјави Мицкоски.

Разговори има - но дали ќе има договор?

Премиерот посочи дека при неодамнешнатапосета на Тиват главна тема на разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц било придвижувањето на процесот и надминувањето на пречките на патот кон Европската Унија.

Според него, сосема е логично Владата да разговара со меѓународните партнери за можните решенија,но конечниот исход ќе зависи од тоа дали ќе може да се постигне договор што ќе биде во согласност со државните позиции.

„Разговаравме, разговараме и ќе продолжиме да разговараме. Друго прашање е дали во тие разговори ќе успееме да постигнеме решение, имајќи предвид која е нашата позиција“, рече Мицкоски.

Тој повтори дека Владата наследила тешка преговарачка позиција и дека се обидува чекор по чекор да обезбеди подобра основа за натамошниот европски пат на државата.

Одговарајќи на прашање дали има посредник во разговорите, Мицкоски рече дека комуникацијата најчесто се одвива директно со претседатели и премиери, како и со високи претставници на ЕУ, но и дека е воспоставена директна комуникација меѓу неговиот кабинет и кабинетите на германскиот канцелар Мерц и францускиот претседател Макрон.

„Не е тајна дека и со претседателот Кошта и со комесарката за проширување разговараме токму за ова прашање. Тоа е централна тема на нашите билатерални средби“, истакна премиерот.

Изборите во Германија и Франција може да влијаат врз проширувањето на ЕУ

На прашањето дали се засилува интензитетот на разговорите за решение со ЕУ, Мицкоски оцени дека моменталната меѓународна состојба е исклучително сложена и дека не е сигурно дали проширувањето на ЕУќе остане меѓу главните приоритети на водечките европски држави.

Според него, актуелниот интерес за проширување е поголем поради војната во Украина и безбедносните предизвици во Европа, но претстојните политички процеси во Германија и Франција може да влијаат врз идните приоритети на европските лидери.

Мицкоски вели дека првите предизвици ќе се случат на есен, во најголемата економија во Европа - Германија, каде ќе има покраински избори, каде што има висок рејтинг Алтернатива за Германија, односно АфД партијата, која што во една од покраините, Саксонија-Анхалт, може и самата да формира влада.

„Тоа може да претставува индикатор за реструктуирања и репозиционирања во германското општество и Германија како држава. И не сум сигурен дали тогаш апетитот за проширувањето сè уште ќе биде присутен или фокусот ќе биде кон домашните предизвици“, вели Мицкоски.

Од друга страна, премиерот не е сигурен дека втората поголема економија во Европа, тоа е француската, сè уште ќе го држи фокусот на проширувањето до есен, имајќи предвид дека таму имаме вовед во кампања за следните претседателски избори коишто ќе се случуваат на пролет. „Гледаме дека Ле Пен, Бардела и останатите имаат сериозни шанси да влезат како победници. Нивната политика во делот на проширувањето на ЕУ ја знаете. А, од друга страна, знаете кој е условот во францускиот парламент – три петини или референдум за прифаќање на нови земји членки во во ЕУ“, рече Мицкоски.

Реформите се најсилниот одговор

Во делот за евроинтеграциите, премиерот истакна дека Северна Македонија треба да одговори со засилена испорака на реформите од Реформската агенда.

Тој потсети дека земјата веќе има добри оценки во извештаите поврзани со спроведувањето на реформите и изрази очекување дека ќе обезбеди дополнителни средства од европските фондови.

„Треба многу внимателно да се анализира секој чекор. На предизвиците треба да одговориме со резултати и со испорака на реформи“, нагласи Мицкоски.

Црвени линии: Нема преговори за јазикот, идентитетот и културата

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунскиво неколку наврати деновиве повтори дека Северна Македонија останува посветена на изнаоѓање решение за европската интеграција, но без отворање прашања поврзани со македонскиот јазик, идентитетот, историјата и културата.

„За нас е значајна предвидливоста. Сакаме да знаеме дека нема да бидеме вреднувани врз основа на билатерални критериуми, туку според европски стандарди и усогласувањето на нашиот правен и политички систем со оној на Европската Унија“, изјави Муцунски.

Тој нагласи дека Владата не е подготвена да преговара за прашања што ги засегаат јазикот, идентитетот и културата, бидејќи тие се суверени права на граѓаните и не претставуваат европски критериуми.

Short teaser Според премиерот Христијан Мицкоски, ЕУ-процесот зависи и од Берлин и Париз
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0::%D0%9C%D0%B8%D1%86%D0%BA%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%B8%3A%20%D0%A0%D0%B0%D0%B7%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5%20%D1%81%D0%BE%20%D0%95%D0%A3%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82%2C%20%D0%93%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B8%20%D0%A4%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%BA%D0%BB%D1%83%D1%87%D0%BD%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%B8%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78439661&x4=10344&x5=%D0%9C%D0%B8%D1%86%D0%BA%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%B8%3A%20%D0%A0%D0%B0%D0%B7%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5%20%D1%81%D0%BE%20%D0%95%D0%A3%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82%2C%20%D0%93%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B8%20%D0%A4%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%BA%D0%BB%D1%83%D1%87%D0%BD%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%B8%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE&x6=1&x7=%2Fmk%2F%D0%BC%D0%B8%D1%86%D0%BA%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B7%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5-%D1%81%D0%BE-%D0%B5%D1%83-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B8-%D1%84%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BA%D0%BB%D1%83%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%B8%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE%2Fa-78439661&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260820&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/мицкоски-разговорите-за-решение-со-еу-продолжуваат-германија-и-франција-клучни-за-проширувањето/a-78439661?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/72555706_302.jpg
Image caption Според премиерот Христијан Мицкоски, ЕУ-процесот зависи и од Берлин и Париз
Image source Petr Stojanovski/DW
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&image=https://static.dw.com/image/72555706_302.jpg&title=%D0%9C%D0%B8%D1%86%D0%BA%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%B8%3A%20%D0%A0%D0%B0%D0%B7%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5%20%D1%81%D0%BE%20%D0%95%D0%A3%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82%2C%20%D0%93%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B8%20%D0%A4%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%BA%D0%BB%D1%83%D1%87%D0%BD%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%B8%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE

Item 22
Id 78439659
Date 2026-08-20
Title Хари и Меган наводно се враќаат во Велика Британија: Преселбата би можела да се случи уште месецов
Short title Хари и Меган се враќаат во Велика Британија
Teaser Шест години по нивната бурна разделба од кралското семејство и живот во Калифорнија, принцот Хари и Меган планираат враќање во Велика Британија. Наводно, кралот Чарлс Трети е запознат со планот.

На почетокот на 2020 година британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган одлучија да се откажат од своите кралски должности и да се преселат во странство.

Повеќе од шест години по нивното преселување во американската сојузна држава Калифорнија, британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган наводно планираат да се вратат во Велика Британија. Неколку британски медиуми објавија усогласени информации за плановите за преселба, кои засега не се официјално потврдени ниту од двојката, ниту од британското кралско семејство.

Според извештаите, преселбата во татковината треба да се реализира уште во текот на овој месец. Весниците „Дејли Телеграф“ и „Сан“, меѓу другите, пишуваат дека семејството во иднина ќе живее во дом надвор од Лондон. Нивните две деца, Арчи и Лилибет, веќе биле запишани во училишта почнувајќи од следниот месец.

Односите со кралското семејство со години се сметаа за нарушени

Принцот Хари и војвотката Меган во јануари 2020 година се откажаа од титулата „Неговото/Нејзиното Кралско Височество“ и ги напуштија своите кралски должности. Односите меѓу нив и британското кралско семејство со години се сметаа за сериозно нарушени.

Сепак, минатата година Хари јавно ја изрази желбата за помирување. За време на посетата на Велика Британија во септември 2025 година, тој се сретна со својот татко, кралот Чарлс Трети. Минатиот месец следувала уште една средба, на која присуствувале и Меган, како и двете деца на двојката.

Прашањето за безбедноста останува отворено

Според медиумските извештаи, британското кралско семејство за планираното враќање било информирано дури за време на викендот. Кралот Чарлс Трети наводно бил известен во неделата, пишуваат британските медиуми. Цитирајќи го монархот, британскиот печат наведува дека тој бил многу задоволен од можноста во иднина почесто да ги гледа своите внуци.

Сепак, засега не е познато дали станува збор за трајно враќање или само за привремена преселба. Отворено останува и прашањето какви безбедносни мерки ќе важат за принцот Хари и неговото семејство по нивното враќање.

Надлежното Министерство за внатрешни работи сѐ уште не се огласило официјално во врска со евентуалните безбедносни аранжмани. Двојката го загуби правото на највисоко ниво на државна заштита откако се откажа од своите кралски должности.

Short teaser Принцот Хари и Меган Маркл наводно планираат враќање во Велика Британија по повеќе од шест години живот во Калифорнија.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9E%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE::%D0%A5%D0%B0%D1%80%D0%B8%20%D0%B8%20%D0%9C%D0%B5%D0%B3%D0%B0%D0%BD%20%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%BE%20%D1%81%D0%B5%20%D0%B2%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D0%B0%D1%82%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%91%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%3A%20%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B1%D0%B8%20%D0%BC%D0%BE%D0%B6%D0%B5%D0%BB%D0%B0%20%D0%B4%D0%B0%20%D1%81%D0%B5%20%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%87%D0%B8%20%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B5%20%D0%BC%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%86%D0%BE%D0%B2%20&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78439659&x4=62065928&x5=%D0%A5%D0%B0%D1%80%D0%B8%20%D0%B8%20%D0%9C%D0%B5%D0%B3%D0%B0%D0%BD%20%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%BE%20%D1%81%D0%B5%20%D0%B2%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D0%B0%D1%82%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%91%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%3A%20%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B1%D0%B8%20%D0%BC%D0%BE%D0%B6%D0%B5%D0%BB%D0%B0%20%D0%B4%D0%B0%20%D1%81%D0%B5%20%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%87%D0%B8%20%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B5%20%D0%BC%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%86%D0%BE%D0%B2%20&x6=0&x7=%2Fmk%2F%D1%85%D0%B0%D1%80%D0%B8-%D0%B8-%D0%BC%D0%B5%D0%B3%D0%B0%D0%BD-%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%BE-%D1%81%D0%B5-%D0%B2%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%B2%D0%BE-%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0-%D0%B1%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B1%D0%B8-%D0%BC%D0%BE%D0%B6%D0%B5%D0%BB%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%87%D0%B8-%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B5-%D0%BC%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%86%D0%BE%D0%B2%2Fa-78439659&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260820&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9E%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE" />
Item URL https://www.dw.com/mk/хари-и-меган-наводно-се-враќаат-во-велика-британија-преселбата-би-можела-да-се-случи-уште-месецов/a-78439659?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&title=%D0%A5%D0%B0%D1%80%D0%B8%20%D0%B8%20%D0%9C%D0%B5%D0%B3%D0%B0%D0%BD%20%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%BE%20%D1%81%D0%B5%20%D0%B2%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D0%B0%D1%82%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%91%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%3A%20%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B1%D0%B8%20%D0%BC%D0%BE%D0%B6%D0%B5%D0%BB%D0%B0%20%D0%B4%D0%B0%20%D1%81%D0%B5%20%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%87%D0%B8%20%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B5%20%D0%BC%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%86%D0%BE%D0%B2

Item 23
Id 78430932
Date 2026-08-19
Title Епидемијата се шири: 38 заболени и четири смртни случаи од западнонилска треска во С. Македонија
Short title Западнонилска треска: Четири жртви во текот на летото
Teaser Во С. Македонија се регистрирани 38 случаи на западнонилска треска и четири смртни случаи. ИЈЗ и Министерството за здравство со апели и засилени мерки.

Заклучно со 18 август, според последните податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во државата се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска. Регистрирани се и четири смртни случаи кај лица со невроинвазивна форма на болеста. Станува збор за мажи на возраст од 62 до 83 години од Скопје, кои биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Кај тројца од починатите биле евидентирани и коморбидитети, беше соопштено на денешната прес-конференција во Министерството за здравство.

Од вкупниот број заболени, 37 се од Скопскиот Регион, а еден случај е регистриран во Велес. Најмладиот заболен има 25 години. Досега не се регистрирани деца заболени од западнонилска треска.

Во Аеродром нема утврдени жаришта на комарци

По прогласувањето епидемија на западнонилска треска во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и Бутел, надлежните институции спроведуваат засилени мерки за контрола на комарците. Заклучно со 14 август се спроведени повеќе циклуси на третмани, вклучително и дополнителни интервенции на површините со застоена вода во засегнатите подрачја.

Во Општина Аеродром нема утврдени жаришта на комарци, но локалната самоуправа во координација со здравствените институции и Град Скопје продолжува да презема мерки за заштита на населението, вели градоначалникот Дејан Митески.

Според него, општината ги следи препораките на надлежните институции и веќе е спроведено вонредно прскање против комарци. „Нема утврдени жаришта, меѓутоа има заболени на територијата на Општина Аеродром и претпоставувам дека тоа е поради контакт во некоја од засегнатите зони“, истакна Митески.

Министерството за здравство почна СМС-кампања

Министерството за здравство започна масовна СМС-кампања за информирање на граѓаните за мерките за лична заштита од убоди од комарци. Кампањата опфаќа испраќање вкупно 38.500 пораки до граѓаните во засегнатите општини.

Министерот за здравство Сашо Клековски најави дека во петок ќе се одржи состанок со надлежните институции за прашањето со површините со застоена вода.

Апели до граѓаните за отстранување на застоена вода

Надлежните упатија апели граѓаните доследно да ги почитуваат препораките за заштита од комарци.

Меѓу препораките се:

  • отстранување на застоена вода од дворовите, саксиите, старите гуми и кантите;
  • редовно чистење на олуците;
  • поставување заштитни мрежи на прозорците и вратите;
  • избегнување престој на отворено во зори и самрак;
  • носење облека со долги ракави и ногавици;
  • користење репеленти.

При појава на симптоми како висока температура, главоболка или вкочанетост на вратот, граѓаните треба веднаш да побараат лекарска помош и да го информираат својот матичен лекар за евентуален престој во засегнатите подрачја.

Short teaser ИЈЗ и Министерството за здравство со апели и засилени мерки.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0::%D0%95%D0%BF%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D1%81%D0%B5%20%D1%88%D0%B8%D1%80%D0%B8%3A%2038%20%D0%B7%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B8%20%D0%B8%20%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B8%20%D1%81%D0%BC%D1%80%D1%82%D0%BD%D0%B8%20%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%87%D0%B0%D0%B8%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%A1.%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78430932&x4=10344&x5=%D0%95%D0%BF%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D1%81%D0%B5%20%D1%88%D0%B8%D1%80%D0%B8%3A%2038%20%D0%B7%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B8%20%D0%B8%20%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B8%20%D1%81%D0%BC%D1%80%D1%82%D0%BD%D0%B8%20%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%87%D0%B0%D0%B8%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%A1.%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0&x6=1&x7=%2Fmk%2F%D0%B5%D0%BF%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D1%88%D0%B8%D1%80%D0%B8-38-%D0%B7%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%B8-%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B8-%D1%81%D0%BC%D1%80%D1%82%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%87%D0%B0%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D1%81-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%2Fa-78430932&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260819&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/епидемијата-се-шири-38-заболени-и-четири-смртни-случаи-од-западнонилска-треска-во-с-македонија/a-78430932?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/78037808_302.jpg
Image caption Министерството за здравство започна масовна СМС-кампања за информирање на граѓаните за мерките за лична заштита од убоди од комарци.
Image source Petr Stojanovski/DW
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&image=https://static.dw.com/image/78037808_302.jpg&title=%D0%95%D0%BF%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D1%81%D0%B5%20%D1%88%D0%B8%D1%80%D0%B8%3A%2038%20%D0%B7%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B8%20%D0%B8%20%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B8%20%D1%81%D0%BC%D1%80%D1%82%D0%BD%D0%B8%20%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%87%D0%B0%D0%B8%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%A1.%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0

Item 24
Id 78422391
Date 2026-08-19
Title Дали Трамп му попушта на Ким Јонг Ун? Загриженост во Јужна Кореја
Short title Дали Трамп му попушта на Ким Јонг Ун? Загриженост во Сеул
Teaser Одлуката на Доналд Трамп да го ограничи учеството на САД во воените вежби со Јужна Кореја предизвика критики и стравувања за безбедноста во Азија.

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата (16.08) објави дека му наредил на Пентагон да го ограничи обемот на американското учество во воените вежби со јужнокорејските единици планирани за оваа недела, што предизвика загриженост кај Јужнокорејците и експертите кои се вознемирени од влошената безбедносна состојба во Североисточна Азија.

Во објава на социјалните мрежи, Трамп рече дека наредил САД „значително да го намалат“ своето учество, тврдејќи дека вежбите се „скапи“.

Трамп додаде дека американското учество во вежбите би испратило „сигнал кој е целосно несоодветен и непријателски“ кон Северна Кореја, за која рече дека била „незаканувачка и со почит“ кон неговото претседателствување.

Изјавата на Трамп изгледаше како да ги игнорира неодамнешните серија тестирања на ракети од страна на Северна Кореја, како и заканата на Пјонгјанг од минатиот петок за „ново ниво“ на нуклеарно одвраќање како одговор на планираните вежби, кои севернокорејските државни медиуми ги нарекоа „генерална проба за освојувачка војна“.

Американскиот претседател исто така навести дека неговата одлука делумно била поттикната од одбивањето на јужнокорејската влада да помогне во „денуклеаризацијата“ на Иран.

Во понеделникот, Трамп ја потврди својата одлука да го ограничи обемот и размерот на 11-дневните вежби „Ulchi Freedom Shield“, кои започнаа истиот ден, кажувајќи им на новинарите во Белата куќа дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун одговорил на неговиот повик за обновување на разговорите.

Разнишани американски сојузи во Азија

Намалувањето на годишните вежби доаѓа во време кога Ким Јонг Ун е охрабрен од продлабочувањето на сојузот со Русија. Во исто време, Пјонгјанг во последните години ги отстрани основните столбови на меѓукорејските односи со официјалното напуштање на децениската цел за обединување, а во Уставот ја означи Јужна Кореја како главен непријател.

„Заштедите од намалувањето на вежбите се маргинални, додека дипломатските придобивки за односите со Северна Кореја се сомнителни“, оценува Лајф-Ерик Исли, професор по меѓународни студии на Универзитетот „Евха Уоманс“ во Сеул.

Исли додава дека Ким не покажал „никаков интерес“ за понудите од Вашингтон и Сеул да разговара за можна елиминација на севернокорејскиот нуклеарен арсенал.

„Неодамнешните објави на Трамп на социјалните мрежи за Ким Јонг Ун сугерираат подготвеност за повторен ангажман, но Северна Кореја е зафатена со профитирање од руската војна против Украина додека истовремено ја модернизира сопствената војска“, изјави Исли за ДВ.

Тој додава дека намалувањето на заедничките одбранбени вежби „може да ја наруши координацијата во сојузот, да го забави процесот на преземање поголема одговорност од страна на Јужна Кореја за сопствената одбрана и да го ослабне одвраќањето од можни конфликти во Азија“.

Јужна Кореја оди по тенка линија

Загриженоста во Јужна Кореја се одрази и во уредничките текстови на весниците во вторникот, при што „Чосун Илбо“ ја истакна важноста на заедничките вежби за заштита на земјата од агресивен и непредвидлив сосед и предупреди дека Трамп ги ризикува темелите на сојузот.

Дејвид Силби, професор по воена историја и одбранбена политика на Универзитетот Корнел, посочува дека овој потег доаѓа во момент кога американските воени сили се преоптоварени, а американската морнарица веќе пренасочува дел од силите од Пацификот кон Блискиот Исток поради војната со Иран.

„Намалувањето на ангажманот во јужнокорејските вежби веројатно одразува намалување што и онака беше неизбежно“, напиша тој, додавајќи дека понудата за разговори со Ким исто така покажува „континуирано занемарување на американските сојузници“, додека Тајван, Јапонија и Филипините внимателно ја следат ситуацијата.

Пекинг, секако, исто така ги следи случувањата одблизу, но од позиција на противник, а не на сојузник, нагласува тој.

Според Асошиетед прес, Трамп ја донел одлуката за повлекување од дел од вежбите без консултации со Јужна Кореја, а не било јасно кои точно делови од вежбите ќе бидат намалени.

Во понеделникот, кабинетот на јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мјунг соопшти дека Југот ќе продолжи „тесно да се координира“ со САД за „одржување на цврста заедничка одбранбена позиција и за нивните заеднички вежби и обуки“.

На редовниот состанок на владата во вторникот, претседателот Ли го пофали американско-јужнокорејскиот сојуз и повика Јужна Кореја дополнително да ги зајакне сопствените сили.

„Кога ќе ги зајакнеме нашите способности, нашата вредност и важност како сојузник дополнително ќе пораснат“, рече тој.

„Победа“ за Ким Јонг Ун?

Во САД, политичари од двете партии се спротивставија на наредбата на Трамп, тврдејќи дека таа го ослабува сојузот со Јужна Кореја и им користи на американските противници.

Сенаторот Џек Рид, водечки демократ во Комитетот за вооружени сили на Сенатот, потегот го опиша како „уште една бесмислена и стихијна одлука на претседателот Трамп и неговата хаотична администрација“.

„Ким Јонг Ун извојува пропагандна победа, а Јужна Кореја, еден од нашите најсилни сојузници, беше казнета без друга причина освен егото на Трамп“, изјави тој.

Републиканскиот сенатор Том Тилис го нагласи долготрајниот воен сојуз меѓу САД и Јужна Кореја и оцени дека намалувањето на вежбите може да ѝ помогне на Русија, дозволувајќи ѝ на Северна Кореја да испрати повеќе војници за борби во Украина.

Ким Санг-ву, поранешен политичар од левичарскиот Конгрес за нова политика во Јужна Кореја и сегашен член на управниот одбор на фондацијата за мир „Ким Дае-џунг“, изјави дека мнозинството обични Јужнокорејци се „многу загрижени“ поради влошувањето на сојузот и импликациите од фаворизирањето на Пјонгјанг од страна на Трамп наспроти Сеул.

„Луѓето се вознемирени“, изјави тој за ДВ. „Трамп се закануваше дека ќе ги повлече американските сили за време на неговиот прв мандат, освен ако Јужна Кореја не плаќа повеќе за нивното присуство, воведе огромни царини за нашиот извоз во САД, а сега му пристапува на Северот на начин што покажува дека сака да воспостави нови односи и да потпише мировен договор што ќе стави крај на Корејската војна.“

Мали шанси за промена во Пјонгјанг

Сепак, Ким додава дека Трамп сè уште има сојузник во јужнокорејскиот претседател Ли.

„Не мислам дека владата на Ли воопшто е загрижена или разочарана од овој план“, оценува тој. „Нивната политика отсекогаш била повторно воспоставување пријателски односи со Северот, иако Северот не покажал никаква намера да возврати.“

Во понеделникот, кабинетот на Ли објави соопштение во кое изрази оптимизам за „суштински дијалог“ меѓу Трамп и Ким Јонг Ун, кој би можел да придонесе за мир во регионот.

Сепак, јужнокорејскиот коментатор Ким смета дека нема индикации дека Пјонгјанг ќе ја промени својата воинствена позиција кон САД или Јужна Кореја.

„Последен пат кога Ким Јонг Ун разговараше со Трамп, во Виетнам во 2019 година, Северна Кореја беше во позиција на слабост“, вели тој.

„Денес, Ким има изградено цврст сојуз со Русија, кој му носи воена технологија, енергетски ресурси и економска помош, а и Кина повторно се приближува до Северот бидејќи не сака целосно да биде исклучена од играта“, додава тој.

„Во моментов Ким е во многу удобна позиција и може да се тврди дека САД веќе не му се потребни“, смета тој. „Но, за повеќето луѓе во Јужна Кореја, работата е многу поедноставна: едноставно не му веруваме на Северот.“

Овој текст првично е објавен на ДВ на англиски јазик

Short teaser Одлуката на Трамп да го ограничи учеството на САД во воените вежби со Јужна Кореја предизвика критики и стравувања.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0::%D0%94%D0%B0%D0%BB%D0%B8%20%D0%A2%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BF%20%D0%BC%D1%83%20%D0%BF%D0%BE%D0%BF%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%B8%D0%BC%20%D0%88%D0%BE%D0%BD%D0%B3%20%D0%A3%D0%BD%3F%20%D0%97%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B8%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%88%D1%83%D0%B6%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%B5%D1%98%D0%B0&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78422391&x4=62065926&x5=%D0%94%D0%B0%D0%BB%D0%B8%20%D0%A2%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BF%20%D0%BC%D1%83%20%D0%BF%D0%BE%D0%BF%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%B8%D0%BC%20%D0%88%D0%BE%D0%BD%D0%B3%20%D0%A3%D0%BD%3F%20%D0%97%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B8%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%88%D1%83%D0%B6%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%B5%D1%98%D0%B0&x6=0&x7=%2Fmk%2F%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%B8-%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BF-%D0%BC%D1%83-%D0%BF%D0%BE%D0%BF%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%B8%D0%BC-%D1%98%D0%BE%D0%BD%D0%B3-%D1%83%D0%BD-%D0%B7%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B8%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82-%D0%B2%D0%BE-%D1%98%D1%83%D0%B6%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B5%D1%98%D0%B0%2Fa-78422391&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260819&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/дали-трамп-му-попушта-на-ким-јонг-ун-загриженост-во-јужна-кореја/a-78422391?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/78403261_302.jpg
Image caption Секоја година, Северна Кореја одговара со воинствени изјави на годишните вежби „Ulchi Freedom Shield“
Image source Lee Jin-man/AP Photo/dpa/picture alliance
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&image=https://static.dw.com/image/78403261_302.jpg&title=%D0%94%D0%B0%D0%BB%D0%B8%20%D0%A2%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BF%20%D0%BC%D1%83%20%D0%BF%D0%BE%D0%BF%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%B8%D0%BC%20%D0%88%D0%BE%D0%BD%D0%B3%20%D0%A3%D0%BD%3F%20%D0%97%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B8%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%88%D1%83%D0%B6%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%B5%D1%98%D0%B0

Item 25
Id 78421697
Date 2026-08-19
Title Трамп му се заканува на Оман: Тешката улога на посредникот
Short title Трамп му се заканува на Оман: Тешката улога на посредникот
Teaser Оман посредува меѓу САД и Иран, но Трамп сега ѝ се заканува на земјата од Персискиот Залив со бомби поради спорот околу Ормускиот Теснец и неговото идно управување. Позицијата на Оман станува сè понесигурна.

„Ако Оман ни застане на патот, ќе го бомбардираме до темел.“ Со овие драстични зборови американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на неделата ѝ се закани на државата на југоисточниот дел од Арапскиот Полуостров. „Немам временски рок, не брзам“, додаде тој во телефонски разговор со репортерот на Фокс њус, Треј Јингст. Иран треба да го истакне белото знаме на капитулација, го цитира Јингст американскиот претседател.

Со тоа Трамп реагираше на дипломатските напори на Оман, заедно со Иран, да најде решение за бродскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец. Со години оваа земја има улога на посредник меѓу САД и Иран. Во таа улога, Оман се залага за дипломатско решение кое има цел повторно да го отвори Ормускиот Теснец за меѓународниот поморски сообраќај.

Непосредно пред тоа, ирански претставници изјавија дека се на чекор до финализирање договор со Оман за пловидба низ теснецот. Почетна точка беше Меморандумот за разбирање (МоУ) што САД и Иран го склучија на 17 јуни. Според него, Иран требаше во период од 60 дена да обезбеди безбеден и бесплатен премин за комерцијалните бродови. Но, овој меморандум во меѓувреме пропадна.

Потоа Иран и Оман требаше да ја утврдат идната управа и поморските услуги во Ормускиот Теснец. Токму оваа клаузула сега е во основата на актуелните преговори.

Решение што ќе го зачува образот

Токму тука, според анализа на тинк-тенкот Чатам Хаус, лежи едно од клучните спорни прашања. Иран можеби формулацијата за „суверените права на крајбрежните држави“ ја сфатил како прифаќање од страна на Вашингтон на иранските барања за посилна контрола врз теснецот. Чатам Хаус смета дека ова толкување не е одржливо според меѓународното право. Според нив, суверените права не вклучуваат ниту ограничување на меѓународниот транзит ниту наплата на патарини.

„Не може да има ниту иранска контрола врз преминот ниту ирански патарини“, наведува Чатам Хаус. „Можно е, сепак, решение со ограничени надоместоци што ќе му овозможи на Иран да го зачува образот“. Надоместоците би се темелеле на реалните трошоци за обезбедување безбедност на пловидбата, заштита од еколошки штети и други оправдани расходи.

Како би изгледало таквото решение останува спорно прашање. Чатам Хаус како можен компромис опишува заедничка иранско-оманска управа на одредени поморски услуги. Наспроти тоа, Институтот за проучување на војната предупредува дека Иран би можел да се обиде трајно да го претвори влијанието што го стекна преку попречување на бродскиот сообраќај во управување со водниот пат.

И за Доналд Трамп контролата врз бродскиот сообраќај претставува важно средство за притисок врз Иран. Тој ја отфрла можноста за продолжување на меморандумот. На прашањето од еден репортер на Би-Би-Си дали сака продолжување на договорот, Трамп во понеделникот (17.08) одговорил со „Не“, пренесува медиумот.

Со тоа Трамп ги повтори своите закани од мај. Доколку Оман заедно со Иран се обиде да го контролира Ормускиот Теснец, САД ќе извршат воен удар врз државата на јужниот дел од Арапскиот Полуостров, се закани тогаш. На тоа му претходеше извештај на иранската државна телевизија за неофицијален нацрт-договор според кој Иран и Оман заеднички би го регулирале сообраќајот. „Оман ќе се однесува како и сите други, или ќе мора да го дигнеме во воздух“, изјави тогаш Трамп.

Оман, традиционалниот посредник

И најновата закана е насочена кон држава која со децении ги одржува отворени дипломатските канали на Блискиот Исток. „Оман традиционално секогаш имал посредничка улога меѓу арапските земји од Персискиот Залив и Иран“, изјави во мај за ДВ Маркус Шнајдер, раководител на Регионалниот проект за мир и безбедност на Блискиот Исток при фондацијата „Фридрих Еберт“ во Бејрут. Меѓу заливските држави, султанатот отсекогаш имал најтесни односи со Техеран.

И според Штефан Лукас, основач на аналитичката компанија Блискоисточни умови, токму тоа е особеноста на Оман. „Оман е една од ретките преостанати држави во регионот што сè уште има релативно стабилни односи со речиси сите конфликтни страни“, изјави Лукас за ДВ во мај.

Геостратешка клучна позиција

Со својата положба на јужната страна од Ормускиот Теснец, Оман има клучна улога. Истовремено, султанатот одржува добри односи и со Вашингтон и со Техеран, поради што повеќепати бил домаќин на доверливи разговори. Уште на почетокот на годината таму се одржаа преговори меѓу САД и Иран, кои пропаднаа поради длабоката недоверба меѓу двете страни.

За Оман ситуацијата е чувствителна. Земјата се обидува да ја зачува својата улога на неутрален посредник, но сè повеќе се лизга во просторот меѓу спротивставените страни. „Од почетокот на војната, Оман е една од заливските држави што најсилно повикуваат на деескалација“, рече Шнајдер во мај. Како и другите држави во регионот, Оман стравува дека би можел да биде вовлечен во конфликтот.

Против секаква ескалација

Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати со години со измешани чувства гледаат на посебната улога на Оман. Во исто време, меѓу заливските држави расте свеста дека долгорочна стабилност не може да се постигне против Иран, туку само со Иран. „Иран е тука за да остане“, цитира Центарот за стратешки и меѓународни студии широко распространета изрека меѓу политичарите во регионот. Економската меѓузависност би можела долгорочно да претставува најефикасна форма на одвраќање.

За Оман оваа динамика има особено значење. Земјата има корист од стабилни односи со што е можно повеќе актери. „Особено Оман, поради својата географска положба на Ормускиот Теснец, се чувствува многу изложен“, изјави Шнајдер во мај. Затоа интересот на Мускат да спречи каква било понатамошна ескалација е исклучително голем.

Овој текст првично е објавен на ДВ на германски јазик

Short teaser Оман посредува меѓу САД и Иран, но Трамп сега ѝ се заканува на земјата поради спорот околу Ормускиот Теснец.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0::%D0%A2%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BF%20%D0%BC%D1%83%20%D1%81%D0%B5%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9E%D0%BC%D0%B0%D0%BD%3A%20%D0%A2%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D1%83%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D1%82&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78421697&x4=62065926&x5=%D0%A2%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BF%20%D0%BC%D1%83%20%D1%81%D0%B5%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9E%D0%BC%D0%B0%D0%BD%3A%20%D0%A2%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D1%83%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D1%82&x6=0&x7=%2Fmk%2F%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BF-%D0%BC%D1%83-%D1%81%D0%B5-%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D0%BD-%D1%82%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%83%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D1%82%2Fa-78421697&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260819&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/трамп-му-се-заканува-на-оман-тешката-улога-на-посредникот/a-78421697?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/78308677_302.jpg
Image caption Бродови во Ормускиот Теснец, во близина на Мусандам, Оман
Image source REUTERS
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&image=https://static.dw.com/image/78308677_302.jpg&title=%D0%A2%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BF%20%D0%BC%D1%83%20%D1%81%D0%B5%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9E%D0%BC%D0%B0%D0%BD%3A%20%D0%A2%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D1%83%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D1%82

Item 26
Id 78411949
Date 2026-08-19
Title Не вдишувајте! Како чадот од шумски пожар „влијае на целото тело“
Short title Како чадот од шумски пожар „влијае на целото тело“
Teaser Шумските пожари уништуваат животи. Но, преживеаните и пожарникарите трпат и долгорочни последици по здравјето. Истражувањата укажуваат дека ПМ2.5-честичките во чадот од пожарите се еден од виновниците за тоа.

Истражувачите почнуваат да го разбираат долгорочното влијание на изложеноста на чад од шумски пожари врз здравјето на луѓето. И тоа влијание не е добро.

„Целото ваше тело е погодено“, вели Јанг Лиу, професор по здравје на животната средина на Универзитетот Емори во Атланта. „Чадот од шумските пожари предизвикува оксидативен стрес во организмот и го влошува или забрзува развојот на болестите.“

Во студија објавена во јануари 2026 година, Јанг Лиу и други истражувачи открија дека повторувачка изложеност дури и на умерени количини чад го зголемува ризикот од мозочен удар кај постарите лица.

Еден месец подоцна, друга студија покажа дека долгорочната изложеност на чад од шумски пожари придонела за просечно 24.100 смртни случаи годишно во Соединетите Американски Држави во периодот од 2006 до 2020 година.

Чадот од шумски пожари содржи мешавина од опасни загадувачи на воздухот. Но, една од најагресивните компоненти се чини дека се ситните честички, познати како ПM2.5.

ПM2.5 се состои од саѓи, прашина и други материи кои дејствуваат како сунѓери, врзувајќи токсични метали и органски соединенија за себе.

Доколку се вдишат, честичките ПM2.5 можат да навлезат во белите дробови и крвотокот, од каде што предизвикуваат воспаленија и оштетувања на различни органи во телото.

Долгорочната изложеност на ПM2.5 е поврзана со белодробни заболувања како астма, но и со срцеви заболувања, дијабетес,деменција и рак.

Чадот од шумски пожари е особено опасен за бремените жени. Тој може да го зголеми ризикот од предвремено породување и ниска родилна тежина на новороденчињата.

Што ги прави ПM2.5 во чадот од шумските пожари толку токсични?

ПM2.5 честичките од шумските пожари се особено токсични поради сложените мешавини на запалени материјали присутни на секоја локација, кои можат да се разликуваат меѓу руралните пожари и оние што се шират во урбани средини.

„Навистина зависи од местото на пожарот. Може да варира дури и од улица до улица, бидејќи чадот може да содржи различни компоненти“, нагласува Мери Џонсон, водечки истражувач во Одделот за здравје на животната средина при Харвардската школа за јавно здравје „Т. Х. Чан“.

Џонсон предводеше меѓународен тим кој ги проучуваше токсичните материи во чадот од шумски пожари кај група здрави пожарникари и цивили кои неодамна биле изложени на таков чад. Целта беше да се разбере како овие токсини ја нарушуваат функцијата на имунолошките клетки и ја зголемуваат подложноста на организмот на инфекции и хронични заболувања.

Истражувачите пронајдоа жива и кадмиум, два тешки метали кои природно се наоѓаат во растенијата и почвата, но и во материјали создадени од човекот. Тие открија и канцерогени соединенија, како и таканаречени „вечни хемикалии“, познати како ПФАС.

ПФАС се синтетички хемикалии што се користат во многу секојдневни производи и градежни материјали. Тие се поврзуваат со различни видови рак и метаболички нарушувања.

Нивните наоди ги наведоа да предложат идните истражувања да се насочат кон развој на третмани за ранливи групи како децата, постарите лица и луѓето со хронични здравствени состојби.

Чадот од шумските пожари станува потоксичен со текот на времето и растојанието

Чадот од шумските пожари станува поопасен како што старее, бидејќи поминува низ хемиски реакции што ја зголемуваат неговата способност да ги оштетува клетките.

Истражувачи во Грција открија дека чадот може да стане до четири пати потоксичен во деновите по пожарот. Тој исто така може брзо да патува на големи растојанија и да се прошири во области илјадници километри оддалечени од изворот на пожарот.

„Ако нема дожд што ќе ги измие овие честички, тие можат да останат во атмосферата десет дена, а понекогаш и подолго. Во тој период можат да обиколат цела хемисфера и да се вратат на почетната точка“, изјави Николаос Михалопулос, директор на Институтот за истражување на животната средина и одржлив развој при Националната опсерваторија во Атина.

За време на канадските шумски пожари во 2023 година, на пример, 6.000 пожари зафатија 15 милиони хектари земјиште, предизвикувајќи „долгопреносно загадување со ПM2.5“ што се прошири низ Северна Америка и стигна дури до Европа и Азија.

Во труд објавен во септември 2025 година, истражувачите проценија дека околу 5.400 акутни смртни случаи во Северна Америка и околу 64.300 хронични смртни случаи во Северна Америка и Европа може да се поврзат со изложеноста на ПM2.5 од канадските пожари во 2023 година.

Сепак, вреди да се напомене дека другите извори на загадување на воздухот, како издувните гасови од сообраќајот, индустриските емисии и согорувањето гориво за готвење, сè уште предизвикуваат повеќе здравствени проблеми во целина, бидејќи луѓето се изложени на нив секојдневно.

„Кога гледаме што навистина ја поттикнува смртноста кај населението во целина, тоа сè уште се сите овие други извори на загадување на воздухот кои се одговорни за толку многу смртни случаи“, вели Кетрин Тон, епидемиолог за животна средина во Барселонскиот институт за глобално здравје.

Како да се заштитите од чад од шумски пожари

Чадот од шумските пожари е исклучително токсичен, особено за луѓето кои живеат во области склони на пожари.

„Колку повеќе можете да направите за да ја намалите изложеноста, толку подобро“, вели Џонсон.

Таа препорачува:

- да се остане во затворени простории за време и веднаш по пожарите,

- да се користат филтри на системите за греење и климатизација,

- да се имаат на располагање маски од класата N95 и

- да се обезбеди ранливите лица секогаш да имаат лесен пристап до неопходните лекови и инхалатори.

Пред почетокот на сезоната на пожари, луѓето треба да ги исчистат своите имоти од запаливи материјали и да формираат соседски групи за набљудување кои ќе внимаваат на раните знаци на пожар и ќе помогнат малите пожари да не прераснат во катастрофални.

Овој текст првично е објавен на ДВ на англиски јазик

Short teaser Шумските пожари уништуваат животи. Но, преживеаните и пожарникарите трпат и долгорочни последици по здравјето.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0::%D0%9D%D0%B5%20%D0%B2%D0%B4%D0%B8%D1%88%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%98%D1%82%D0%B5%21%20%D0%9A%D0%B0%D0%BA%D0%BE%20%D1%87%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%82%20%D0%BE%D0%B4%20%D1%88%D1%83%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%BF%D0%BE%D0%B6%D0%B0%D1%80%20%E2%80%9E%D0%B2%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%86%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D1%82%D0%BE%20%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE%E2%80%9C&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78411949&x4=10352&x5=%D0%9D%D0%B5%20%D0%B2%D0%B4%D0%B8%D1%88%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%98%D1%82%D0%B5%21%20%D0%9A%D0%B0%D0%BA%D0%BE%20%D1%87%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%82%20%D0%BE%D0%B4%20%D1%88%D1%83%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%BF%D0%BE%D0%B6%D0%B0%D1%80%20%E2%80%9E%D0%B2%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%86%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D1%82%D0%BE%20%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE%E2%80%9C&x6=1&x7=%2Fmk%2F%D0%BD%D0%B5-%D0%B2%D0%B4%D0%B8%D1%88%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%98%D1%82%D0%B5-%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D1%87%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%82-%D0%BE%D0%B4-%D1%88%D1%83%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%B6%D0%B0%D1%80-%D0%B2%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D1%86%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE%2Fa-78411949&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260819&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/не-вдишувајте-како-чадот-од-шумски-пожар-влијае-на-целото-тело/a-78411949?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/77947968_302.jpg
Image caption Истражувањата покажуваат дека чадот од шумските пожари е особено токсичен за здравјето на луѓето
Image source Pedro Rocha/REUTERS
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&f=https://tvdownloaddw-a.akamaihd.net/dwtv_video/flv/vdt_mk/2022/bmaz220809_001_dronpozar_01f_AVC_640x360.mp4&image=https://static.dw.com/image/77947968_302.jpg&title=%D0%9D%D0%B5%20%D0%B2%D0%B4%D0%B8%D1%88%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%98%D1%82%D0%B5%21%20%D0%9A%D0%B0%D0%BA%D0%BE%20%D1%87%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%82%20%D0%BE%D0%B4%20%D1%88%D1%83%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%BF%D0%BE%D0%B6%D0%B0%D1%80%20%E2%80%9E%D0%B2%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%86%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D1%82%D0%BE%20%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE%E2%80%9C

Item 27
Id 78413581
Date 2026-08-18
Title Сушата во Германија и Европа ја поттикнува инфлацијата: Растат транспортните трошоци и цените на храната
Short title Сушата во Европа ги зголемува цените
Teaser Сушата во Европа предизвикува поскапи транспорти и поскапа храна, а експертите предупредуваат дека климатските екстреми дополнително ја поттикнуваат инфлацијата.

Жештините и екстремната суша во Европа доведуваат до пресушување на реките и до значителни загуби во земјоделското производство. Последиците се чувствуваат низ целата економија: транспортните трошоци растат, а цените на храната драстично се зголемуваат. Се поставува прашањето: колку силно сушата ја поттикнува инфлацијата?

Станува збор за негативна спирала со сериозни последици. Долготрајната суша во Европа предизвикува сушење на речните корита и намалени земјоделски приноси, што дополнително ги зголемува трошоците за транспорт и ги подигнува цените на прехранбените производи.

Засега економските истражувачки институти не можат прецизно да го пресметаат влијанието врз стапката на инфлација, но трендот е јасен.

„Кога бродовите на Рајна можат да превезуваат само дел од нивниот вообичаен товар, транспортните трошоци по тон значително се зголемуваат“, изјави за Дојче веле Торстен Шмит, директор за економски анализи во Институтот за економски истражувања РВИ од Есен.

Според него, тоа ги поскапува и енергенсите како дизелот и мазутот, кои во голема мера се транспортираат по воден пат. Зголемените трошоци, пак, на крајот се префрлаат врз потрошувачите.

Загубите во жетвите ја поскапуваат храната

Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО) во своите статистики ги зема предвид последиците од глобалното затоплување, екстремните временски услови и намалените земјоделски приноси.

Од 2020 година наваму, на пример, значително се зголемиле цените на месото и маслодајните култури. Според податоците на ФАО, цените на храната во моментов се околу 30 проценти повисоки отколку во 2020 година.

Во меѓувреме, сè повеќе научни истражувања укажуваат дека климатските промени и временските екстреми влијаат врз инфлацијата, покрај веќе постоечките проблеми предизвикани од војните во Иран и Украина, кои доведоа до нарушувања во снабдувачките синџири и ценовни шокови кај гасот и нафтата.

Климатските екстреми создаваат ценовни шокови

Студијата „Климатски екстреми, нагли скокови на цените на храната и нивните пошироки општествени ризици“, објавена во јули 2025 година, предупредува токму на ваква инфлаторна спирала. Во изработката на студијата учествувале пет европски истражувачки институции, како и Европската централна банка (ЕЦБ).

Во студијата се наведува дека за централните банки ќе биде сè потешко да обезбедуваат стабилност на цените доколку екстремните временски појави стануваат сè почести и предизвикуваат поголема нестабилност на цените на храната, како на домашните така и на глобалните пазари.

Како пример се наведува дека повисоките цени на кафето во Бразил или Виетнам директно влијаат врз инфлацијата во Европската Унија.

Предизвиците би можеле дополнително да се влошат доколку континуираниот пораст на температурите трајно ја поттикнува инфлацијата. Во таков случај, борбата против инфлацијата преку повисоки каматни стапки би можела да го забави и економскиот раст.

Европската централна банка уште во 2023 година објави студија со сличен заклучок. Во документот „Асиметричните ефекти на временските шокови врз инфлацијата во еврозоната“ биле анализирани четирите најголеми економии во Европската Унија.

Во него се наведува дека зачестеноста и интензитетот на екстремните временски појави во Европа можат да создадат долгорочен притисок за раст на инфлацијата.

Покрај тоа, поради различното влијание на ваквите шокови во зависност од сезоната и државата, климатските промени би можеле дополнително да ги зголемат разликите во инфлацијата меѓу земјите од еврозоната.

Според податоците на ЕЦБ, инфлацијата во ЕУ во јуни се движела од 5,4 проценти во Литванија до два проценти во Франција. Германија со 2,4 проценти била малку под европскиот просек од 2,8 проценти. Главен двигател на инфлацијата биле транспортните трошоци, кои достигнале раст од 5,3 проценти.

„Упорна поскапување“

Останува неизвесно дали ЕЦБ повторно ќе ги зголеми каматните стапки поради зголемените трошоци за воден транспорт и очекуваните значителни загуби во земјоделството.

Последен пат Европската централна банка ја зголеми депозитната каматна стапка на 11 јуни 2026 година за 0,25 процентни поени, на 2,25 проценти.

„За монетарната политика клучно е дали станува збор за еднократен и привремен трошковен шок или за ефект што се надоврзува на други двигатели на цените, како што е растот на енергетските цени поради војната во Иран“, објаснува Торстен Шмит од РВИ.

Според него, доколку станува збор исклучиво за временски условен ценовен шок, веројатно нема да има потреба од построга монетарна политика.

Ситуацијата би била поинаква ако истовремено се преклопат повеќе кризи и создадат поширока и поупорна инфлација, која ЕЦБ повеќе нема да може да ја игнорира.

„Складишта, складишта, складишта“

Финансискиот експерт Холгер Шулц од Германското здружение на штедилници и жиросметки смета дека германската економија треба повторно да работи со поголеми залихи.

„Во моментов најважно е едно: складишта, складишта, складишта“, наведува Шулц во став на здружението.

Според него, тоа е поуката извлечена од кризите со нарушени снабдувачки синџири во изминатите години.

„Без разлика дали станува збор за кризата со коронавирусот, војната во Украина или затворањето на Ормускиот Теснец, поголемите залихи претставуваат своевидна премија за осигурување во свет кој е непредвидлив на толку многу фронтови“, заклучува Шулц.

Short teaser Сушата во Европа ги зголемува цените на храната и транспортот, создавајќи дополнителен притисок врз инфлацијата.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%95%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0::%D0%A1%D1%83%D1%88%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%93%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B8%20%D0%95%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%B0%20%D1%98%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D1%82%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%20%D0%B8%D0%BD%D1%84%D0%BB%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%3A%20%D0%A0%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%20%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%BE%D1%86%D0%B8%20%D0%B8%20%D1%86%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%85%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0%20&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78413581&x4=10350&x5=%D0%A1%D1%83%D1%88%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%93%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B8%20%D0%95%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%B0%20%D1%98%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D1%82%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%20%D0%B8%D0%BD%D1%84%D0%BB%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%3A%20%D0%A0%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%20%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%BE%D1%86%D0%B8%20%D0%B8%20%D1%86%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%85%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0%20&x6=1&x7=%2Fmk%2F%D1%81%D1%83%D1%88%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B8-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%B0-%D1%98%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D1%82%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%B8%D0%BD%D1%84%D0%BB%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82-%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%BE%D1%86%D0%B8-%D0%B8-%D1%86%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D1%85%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0%2Fa-78413581&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260818&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%95%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/сушата-во-германија-и-европа-ја-поттикнува-инфлацијата-растат-транспортните-трошоци-и-цените-на-храната/a-78413581?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/78364830_302.jpg
Image caption Драматично: Се појавија пукнатини во исушеното корито на реката Рајна
Image source Robert Schmiegelt/Geisler-Fotopress/picture alliance
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&image=https://static.dw.com/image/78364830_302.jpg&title=%D0%A1%D1%83%D1%88%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%93%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B8%20%D0%95%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%B0%20%D1%98%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D1%82%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%20%D0%B8%D0%BD%D1%84%D0%BB%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%3A%20%D0%A0%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%20%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%BE%D1%86%D0%B8%20%D0%B8%20%D1%86%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%85%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0

Item 28
Id 78407362
Date 2026-08-18
Title Севернокорејскиот диктатор: Како Ким се ослободува од изолацијата
Short title Северна Кореја: Како Ким Јонг Ун се ослободува од изолација
Teaser Северна Кореја веројатно е пред испраќање нови војници во Русија. Пјонгјанг има политички и воени придобивки од соработката, а стратешката позиција на диктаторот Ким Јонг Ун е подобра од кога било досега.

Според украински извори, Русија наскоро би можела да добие значително засилување. Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун може дополнително да ја зголеми својата поддршка за Москва. Украинското разузнавање зборува за 50.000 дополнителни војници. Овие сили би можеле да бидат распоредени и во заднината и на фронтот.

Извештаите за нова севернокорејска помош не се потврдени ниту од Русија ниту од Северна Кореја. Сепак, тие се вклопуваат во сè поочигледниот тренд. Поради руската агресија врз Украина, Северна Кореја одеднаш игра поголема улога на меѓународната сцена. Очигледно, Ким успева постепено да ја намали изолацијата на својата земја.

По посетата на Владимир Путин, во Пјонгјанг пристигна и кинескиот претседател Ши Џинпинг, меѓу другото и за да покаже дека Пекинг сè уште е најважниот сојузник на Северна Кореја.

Трамп: „Многу добри односи“ со Ким

Дури и САД испраќаат помирливи сигнали кон Ким. Американскиот претседател Доналд Трамп на својата онлајн платформа зборува за „многу добри односи“ со севернокорејскиот лидер. Тој јавно ги доведе во прашање и веќе започнатите заеднички воени вежби со сојузникот Јужна Кореја.

Но, дали ќе успее повторно да ја придвижи Северна Кореја кон разговори останува неизвесно. Во 2019 година пропаднаа преговорите за денуклеаризација на земјата во замена за економска помош.

„Северна Кореја денес се наоѓа во стратешка позиција што е поповолна од кога било во последните децении“, вели експертот за Северна Кореја, Ерик Балбах од берлинската Фондација за наука и политика.

Пресвртот за Ким дојде со неговото вклучување во руската војна против Украина. Во 2024 година тој за првпат испрати околу 15.000 војници во Русија. Загубите првично биле значителни, но, според Ким, придобивките биле уште поголеми.

Увид во модерното војување

Обемот на севернокорејската помош за Русија минатата година го анализираше Канцеларијата за Кореја на фондацијата „Фридрих Науман“, блиска до германската ФДП. Според нивните податоци, Пјонгјанг до тогаш обезбедил оружје, муниција и војници во вредност од 9,8 милијарди долари. Други истражувачи проценуваат и значително повисоки суми.

Од руска страна, германските автори на студијата успеале да идентификуваат противуслуги во вредност од само 1,2 милијарди долари. „Трошки за Пјонгјанг“, заклучуваат тие.

Фредерик Шпор, директор на Канцеларијата за Кореја при фондацијата, смета дека разликата се должи на скриени плаќања:

„Надоместокот морал да се испорача на друг начин, на пример преку трансфер на технологии, воена технологија, сателитска и вселенска технологија.“

И експертот Балбах зборува за руска помош во стратешки области. Меѓу нив се технологии за усовршување на ракети со долг дострел, развој на беспилотни летала и изградба на подморници на нуклеарен погон.

Според него, најголемата вредност за Северна Кореја се информациите што ги добива преку учеството во руската воена кампања. Севернокорејските војници стекнуваат искуство во области како што е борбата со дронови. Тие добиваат можност да научат „како се води модерна војна“. Тоа може да влијае и врз воениот однос на силите на силите на Корејскиот Полуостров.

Подем благодарение на руската побарувачка

Покрај тоа, Путин очигледно ѝ помага на Северна Кореја со финансии и стоки, ублажувајќи дел од проблемите со снабдувањето во земјата. Поттикната од руската побарувачка, севернокорејската тешка индустрија доживува подем. Економијата добива поттик, а Москва и Пјонгјанг меѓусебно си помагаат да ги заобиколат меѓународните санкции.

Иако скромен, економскиот раст, поддршката од рускиот сојузник и обновувањето на врските со Кина се важни придобивки што Ким Јонг Ун во моментов може да ги запише на своја страна.

Во исто време, можноста за враќање на разговорите со САД изгледа подалечна од кога било. За разлика од минатото, кога Северна Кореја се надеваше на американска економска помош, денес таа веќе не зависи од Вашингтон.

Затоа, не изгледа веројатно дека едностраното откажување на Трамп од воени вежби ќе успее значително да ја промени политиката на Пјонгјанг. Од трите сили што моментално се натпреваруваат за влијание врз Ким, САД очигледно имаат најслаби шанси.

Автор: Улрих Мендген, АРД

Short teaser Пјонгјанг профитира политички и воено од соработката со Русија, а позицијата на диктаторот е подобра од кога било досега
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0::%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B5%D1%98%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%B4%D0%B8%D0%BA%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80%3A%20%D0%9A%D0%B0%D0%BA%D0%BE%20%D0%9A%D0%B8%D0%BC%20%D1%81%D0%B5%20%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B8%D0%B7%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78407362&x4=62065926&x5=%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B5%D1%98%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%B4%D0%B8%D0%BA%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80%3A%20%D0%9A%D0%B0%D0%BA%D0%BE%20%D0%9A%D0%B8%D0%BC%20%D1%81%D0%B5%20%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B8%D0%B7%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0&x6=0&x7=%2Fmk%2F%D1%81%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B5%D1%98%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B4%D0%B8%D0%BA%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80-%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D0%BA%D0%B8%D0%BC-%D1%81%D0%B5-%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D0%B8%D0%B7%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%2Fa-78407362&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260818&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/севернокорејскиот-диктатор-како-ким-се-ослободува-од-изолацијата/a-78407362?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&title=%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B5%D1%98%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%B4%D0%B8%D0%BA%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80%3A%20%D0%9A%D0%B0%D0%BA%D0%BE%20%D0%9A%D0%B8%D0%BC%20%D1%81%D0%B5%20%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B8%D0%B7%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0

Item 29
Id 78401263
Date 2026-08-17
Title Сипаниците ги пустошат стадата, спасот се очекува со 500.000 вакцини за овците
Short title Овчарите бараат спас од сипаниците, вакцините се на пат
Teaser Турција донира 500.000 вакцини против сипаници кај овците. АХВ најавува контроли, а сточарите бараат итна вакцинација и повисоко обесштетување.

Повеќе од 50 жаришта, десетици уништени стада и илјадници угинати овци ја втурнаа сточарската заедница во трка со времето. Во обид да се спречи натамошното ширење на сипаниците кај овците, Турција донира 500.000 дози вакцина, додека надлежните институции бараат дополнителни количества и од Европската Комисија.

Пратката со вакцини од Турција се очекува да пристигне деновиве. Истовремено, до Европската Комисија е доставено барање за дополнителни количини вакцини, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), по апелот на Сојузот на одгледувачите на овци за преземање итни мерки против ширењето на болеста.

Министерството информира дека повторно е побарана стручна поддршка од тимот EUVET на Европската комисија. Пред примената, вакцините ќе бидат лабораториски испитани за безбедност и чистота, а вакцинацијата ќе започне по потврдувањето на резултатите, според официјален план и под надзор на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

АХВ предупредува на санкции за самостојна вакцинација

Од Министерството и од АХВ апелираат сточарите да не набавуваат и да не применуваат вакцини самостојно, без претходно одобрение од институциите. Во спротивно, сопствениците нема да имаат право на компензација за заболените животни, ниту на обесштетување за животните одземени за сузбивање и искоренување на болеста.

„Неконтролираната примена на вакцини може да го отежни епидемиолошкото следење, да ја намали ефикасноста на преземените мерки и да создаде дополнителен ризик за стадата. Поради тоа, вакцинацијата може да ја вршат само овластени ветеринарни служби според официјален план и под непосреден надзор на АХВ“, наведуваат од Министерството.

АХВ нагласува дека преку ветеринарните друштва со кои има склучено договори за активности од јавен интерес постојано добива информации за нови сомнителни случаи. По секоја пријава се земаат примероци за лабораториско испитување, а доколку се потврди присуство на вирусот, се спроведуваат соодветни контролни и заштитни мерки.

Сточарите бараат итна вакцинација и повисоко обесштетување

Одгледувачите на овци денеска (17.08) повторно алармираа за состојбата со сипаниците кај малите преживари и побараа итна вакцинација на овците, како и повисоко обесштетување за претрпените штети. Според Сојузот на одгледувачите на овци, досега угинале меѓу 7.000 и 10.000 овци, уништени се меѓу 40 и 50 стада, а секојдневно се појавуваат нови жаришта.

Претседателот на Сојузот, Насер Џемаили, изјави дека најпогоден е источниот регион, каде што во штипско, според неговите информации, се зафатени меѓу 70 и 80 проценти од стадата.

„Имаме повеќе од 50 жаришта и десетици уништени стада. Голем број семејства останаа без основен извор на егзистенција“, истакна Џемаили. Тој предупреди дека болеста дополнително го загрозува сточарството во земјата, кое и онака се соочува со намалување на сточниот фонд и опаѓање на интересот за одгледување овци.

Барање за посебен фонд и нови извозни пазари

Од Сојузот сметаат дека сегашното обесштетување од околу 100 денари за килограм не ги покрива реалните загуби на сточарите, особено кога станува збор за расни и висококвалитетни грла. Тие бараат формирање посебен фонд за обесштетување на погодените сточари, како и исплата на субвенциите за тековната година.

Според нив, доколку евентуалните ограничувања за извоз во Европската Унија се причина за одложување на вакцинацијата, државата треба да работи на отворање алтернативни пазари за извоз на месо и живи животни.

Short teaser АХВ најавува контроли, а сточарите бараат итна вакцинација и повисоко обесштетување.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0::%D0%A1%D0%B8%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B3%D0%B8%20%D0%BF%D1%83%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%88%D0%B0%D1%82%20%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0%2C%20%D1%81%D0%BF%D0%B0%D1%81%D0%BE%D1%82%20%D1%81%D0%B5%20%D0%BE%D1%87%D0%B5%D0%BA%D1%83%D0%B2%D0%B0%20%D1%81%D0%BE%20500.000%20%D0%B2%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%BD%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78401263&x4=10344&x5=%D0%A1%D0%B8%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B3%D0%B8%20%D0%BF%D1%83%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%88%D0%B0%D1%82%20%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0%2C%20%D1%81%D0%BF%D0%B0%D1%81%D0%BE%D1%82%20%D1%81%D0%B5%20%D0%BE%D1%87%D0%B5%D0%BA%D1%83%D0%B2%D0%B0%20%D1%81%D0%BE%20500.000%20%D0%B2%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%BD%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5&x6=1&x7=%2Fmk%2F%D1%81%D0%B8%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B3%D0%B8-%D0%BF%D1%83%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%88%D0%B0%D1%82-%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%BF%D0%B0%D1%81%D0%BE%D1%82-%D1%81%D0%B5-%D0%BE%D1%87%D0%B5%D0%BA%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D1%81%D0%BE-500-000-%D0%B2%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5%2Fa-78401263&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260817&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/сипаниците-ги-пустошат-стадата-спасот-се-очекува-со-500-000-вакцини-за-овците/a-78401263?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/43551564_302.png
Image caption Овци на ливада
Image source DW
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&f=https://tvdownloaddw-a.akamaihd.net/vps/webvideos/MAZ/2026/DWVG/DWVGMAZ260807_Otrovnibilki_final_01ICW_AVC_640x360.mp4&image=https://static.dw.com/image/43551564_302.png&title=%D0%A1%D0%B8%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B3%D0%B8%20%D0%BF%D1%83%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%88%D0%B0%D1%82%20%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0%2C%20%D1%81%D0%BF%D0%B0%D1%81%D0%BE%D1%82%20%D1%81%D0%B5%20%D0%BE%D1%87%D0%B5%D0%BA%D1%83%D0%B2%D0%B0%20%D1%81%D0%BE%20500.000%20%D0%B2%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%BD%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5

Item 30
Id 78401183
Date 2026-08-17
Title Германските патишта стануваат поопасни: Агресијата во сообраќајот расте, а сѐ повеќе возачи користат телефон зад волан
Short title Агресијата во сообраќајот во Германија расте
Teaser Туркање, сечење пат, навреди: Однесувањето во сообраќајот во Германија станува сѐ погрубо. Особено една појава предизвикува загриженост кај истражувачите на сообраќајни несреќи.

На германските патишта сѐ почесто има туркање, опасно претекнување и вербални навреди. Ова произлегува од анкетата на Истражувачкиот центар за сообраќајни незгоди на осигурителните компании (УДВ). Според резултатите, уделот на возачи во Германија кои понекогаш ги притискаат возилата пред себе се зголемил од 39 проценти во претходното истражување во 2023 година на 47 проценти годинава.

Речиси една третина од испитаниците признале дека по претекнување се враќаат во лентата толку блиску пред друго возило, што тоа мора да закочи. Во 2023 година такви биле нешто помалку од една четвртина.

За анкетата, меѓу март и април 2026 година, онлајн биле анкетирани повеќе од 2.000 лица постари од 18 години.

Агресивното однесување е во пораст

Речиси секој десетти возач (8%) изјавил дека при претекнување речиси воопшто не внимава на велосипедистите. Тоа е двојно повеќе отколку во претходната анкета од пред три години.

Покрај тоа, повеќе испитаници признале дека на автопат понекогаш претекнуваат од десната страна или минуваат покрај колона автомобили за да се вклучат напред.

„Трендот е јасен: групата на луѓе кои покажуваат агресивно однесување расте“, изјави директорката на УДВ, Кирстин Цајдлер.

Ова не се однесува само на возачите на автомобили. И велосипедистите годинава почесто признавале агресивно однесување отколку во 2023 година. Тие почесто туркаат на велосипедските патеки, ги заобиколуваат велосипедистите кои чекаат на црвено светло или се провлекуваат низ автомобилскиот сообраќај.

Сѐ повеќе возачи користат мобилен телефон зад волан

Анкетата открива уште еден загрижувачки тренд: користењето смартфони додека се вози е во пораст.

Според УДВ, повеќе од секој петти анкетиран возач барем повремено користи социјални мрежи додека вози. Во анкетата од пред три години тоа било нешто повеќе од секој десетти.

Речиси секој четврти испраќа текстуални пораки додека вози, а исто толку користат и интернет зад волан. И овие бројки бележат раст. Според истражувањето, младите луѓе значително почесто го користат телефонот додека возат отколку постарите.

Свесноста за ризикот постои, но, според анкетата, значително опаѓа. Така, 74 проценти од испитаниците пишувањето пораки за време на возење го сметаат за „многу ризично“. Пред три години тој удел бил 84 проценти.

Сообраќајот е одраз на општеството

УДВ гледа повеќе причини за порастот на агресивното однесување во сообраќајот. Агресивноста расте и во други области од општеството.

Тоа се гледа преку зголемениот број напади врз спасувачки служби или вработени во железницата.

„Патниот сообраќај е огледало на целокупниот развој во општеството“, нагласи Цајдлер.

Според неа, за агресивното возење придонесува и сообраќајната инфраструктура. Сѐ повеќе велосипедисти се движат по премногу тесни велосипедски патеки.

Конфликтните ситуации меѓу автомобили и велосипеди на раскрсници би можеле да се намалат со одвоени зелени фази на семафорите. Потребни се и повеќе паралелни улици наменети исклучиво за велосипедски сообраќај.

Чувството на безбедност останува исто

Интересно е што, и покрај зголеменото агресивно однесување, јасно мнозинство од испитаниците (58%) се чувствуваат „безбедно“ или дури „многу безбедно“ во сообраќајот. Тоа е дури за два процента повеќе отколку во 2023 година.

Притоа важи следново: колку се постари учесниците во сообраќајот, толку посигурно се чувствуваат, што според Цајдлер се должи на нивното поголемо искуство.

Исто така, анкетата покажува дека мажите генерално се чувствуваат побезбедно од жените.

Повеќе контроли и построги казни

Што треба да се направи? Мнозинство од испитаниците поддржуваат различни мерки. Повеќе од 60 проценти се изјасниле за ограничување на брзината од 130 километри на час на автопатите.

Од друга страна, ограничувањето од 30 километри на час во градовите нема мнозинска поддршка, бидејќи го поддржуваат нешто помалку од 43 проценти.

Особено голема поддршка има воведувањето нулта граница за алкохол кај возачите.

УДВ, меѓу другото, се залага за построги контроли и санкции за прекршоци во сообраќајот.

Според истражувањето, многу учесници во сообраќајот ретко се соочуваат со полициски контроли. Околу 60 проценти од испитаниците изјавиле дека никогаш не биле контролирани од полицијата или дека последната контрола била пред многу години.

Цајдлер повика на почеста употреба на таканаречени „камери за мобилни телефони“, кои откриваат возачи што користат телефон зад волан.

„Од перспектива на УДВ, планерите на сообраќајот и сообраќајните психолози треба да развијат концепти против агресивното однесување во сѐ погустиот сообраќај“, соопшти организацијата.

Short teaser Туркање, сечење пат, навреди: Однесувањето во сообраќајот во Германија станува сѐ погрубо.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0::%D0%93%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B0%20%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82%20%D0%BF%D0%BE%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%81%D0%BD%D0%B8%3A%20%D0%90%D0%B3%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D1%81%D0%BE%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%98%D0%BE%D1%82%20%D1%80%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B5%2C%20%D0%B0%20%D1%81%D1%90%20%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%9C%D0%B5%20%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%B0%D1%87%D0%B8%20%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%20%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%84%D0%BE%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%D0%B4%20%D0%B2%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%BD&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78401183&x4=10352&x5=%D0%93%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B0%20%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82%20%D0%BF%D0%BE%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%81%D0%BD%D0%B8%3A%20%D0%90%D0%B3%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D1%81%D0%BE%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%98%D0%BE%D1%82%20%D1%80%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B5%2C%20%D0%B0%20%D1%81%D1%90%20%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%9C%D0%B5%20%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%B0%D1%87%D0%B8%20%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%20%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%84%D0%BE%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%D0%B4%20%D0%B2%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%BD&x6=1&x7=%2Fmk%2F%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B0-%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%BF%D0%BE%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%81%D0%BD%D0%B8-%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BE%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%98%D0%BE%D1%82-%D1%80%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B5-%D0%B0-%D1%81%D1%90-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%9C%D0%B5-%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%B0%D1%87%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82-%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%84%D0%BE%D0%BD-%D0%B7%D0%B0%D0%B4-%D0%B2%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%BD%2Fa-78401183&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260817&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/германските-патишта-стануваат-поопасни-агресијата-во-сообраќајот-расте-а-сѐ-повеќе-возачи-користат-телефон-зад-волан/a-78401183?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/44990929_302.jpg
Image caption Однесувањето во сообраќајот во Германија станува сѐ погрубо
Image source picture-alliance/dpa/C. Klose
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&image=https://static.dw.com/image/44990929_302.jpg&title=%D0%93%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B0%20%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82%20%D0%BF%D0%BE%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%81%D0%BD%D0%B8%3A%20%D0%90%D0%B3%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D1%81%D0%BE%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%98%D0%BE%D1%82%20%D1%80%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B5%2C%20%D0%B0%20%D1%81%D1%90%20%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%9C%D0%B5%20%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%B0%D1%87%D0%B8%20%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%20%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%84%D0%BE%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%D0%B4%20%D0%B2%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%BD

Item 31
Id 78398753
Date 2026-08-17
Title За работните места кои не се омилени во Германија се бараат работници од странство
Short title За неомилените работни места се бараат странски работници
Teaser Без разлика дали во логистиката, системската гастрономија или монтажата на скелиња: во некои т.н. дефицитарни професии работат голем број странци. Потребата од квалификувана работна сила ќе продолжи значително да расте.

Околу девет милиони луѓе работат во таканаречените дефицитарни професии, а повеќе од еден милион од нив доаѓаат од странство. Овој удел се има удвоено во последните десет години. Во некои професии каде што е тешко да се најдат работници, веќе секој трет вработен е странец. Тоа се возачи на камиони, монтажери на скелиња, поставувачи на подови или хигиеничари во објекти. Побарувачката за странски работници продолжува да расте.

Пратеникот во Бундестагот, Паскал Мајзер (Левица), вели: „Сојузната влада во одговор на нашето барање прогнозира дека потребата од работници од странство значително ќе се зголеми во наредните години. Тоа, патем, не е во спротивност со фактот дека луѓето кои веќе се тука и сѐ уште треба да се квалификуваат, мора да добијат соодветна обука. И тие ни се итно потребни. Но, во секој случај постои растечка потреба од дополнителна работна сила.“

„Тоа се исклучително тешки работни места“

Во системската гастрономија или преработката на месо, работниците од странство веќе претставуваат мнозинство од вработените, со удел од околу 60 проценти во двата сектора. Според Мајзер, објаснувањето е следно:

„Многу луѓе со германско државјанство, кои имаат можност да избираат, трипати размислуваат дали сакаат да работат во системската гастрономија, односно во Мекдоналдс и слични компании, или во месната индустрија. Тоа се исклучително тешки работни места кои, за жал, често се поврзани со лоши услови за работа и делумно ниски плати. На тоа мора итно да се работи ако сакаме луѓето да останат тука, а не повторно да си заминат за кратко време.“

Сојузната влада претпоставува дека поради демографските промени, источниот дел на Германија во наредните години ќе има потреба од уште поголема нето-имиграција во однос на бројот на жители отколку западниот дел на земјата.

Автор: Франк Ајшман, АРД

Short teaser Во некои т.н. дефицитарни професии работат голем број странци. Потребата од квалификувани работници ќе продолжи да расте
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%95%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0::%D0%97%D0%B0%20%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0%20%D0%BA%D0%BE%D0%B8%20%D0%BD%D0%B5%20%D1%81%D0%B5%20%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B8%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%93%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D1%81%D0%B5%20%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%B0%D1%82%20%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%20%D0%BE%D0%B4%20%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%20&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78398753&x4=10350&x5=%D0%97%D0%B0%20%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0%20%D0%BA%D0%BE%D0%B8%20%D0%BD%D0%B5%20%D1%81%D0%B5%20%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B8%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%93%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D1%81%D0%B5%20%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%B0%D1%82%20%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%20%D0%BE%D0%B4%20%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%20&x6=1&x7=%2Fmk%2F%D0%B7%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%B8-%D0%BD%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%2Fa-78398753&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260817&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%95%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/за-работните-места-кои-не-се-омилени-во-германија-се-бараат-работници-од-странство/a-78398753?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/37436986_302.jpg
Image caption Во некои професии каде што е тешко да се најдат работници веќе секој трет вработен е странец
Image source picture-alliance/dpa/C. Charisius
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&f=https://tvdownloaddw-a.akamaihd.net/vps/webvideos/MAZ/2025/DWVG/DWVGMAZ250729_DWVGMAZ250729_HandwerkerMangel_01ICV_AVC_640x360.mp4&image=https://static.dw.com/image/37436986_302.jpg&title=%D0%97%D0%B0%20%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0%20%D0%BA%D0%BE%D0%B8%20%D0%BD%D0%B5%20%D1%81%D0%B5%20%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B8%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%93%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D1%81%D0%B5%20%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%B0%D1%82%20%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%20%D0%BE%D0%B4%20%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE

Item 32
Id 78399705
Date 2026-08-17
Title Трамп се закани со бомбардирање на Оман ако го блокира договорот со Иран
Short title Трамп: Бомбардирање на Оман ако го блокира договорот со Иран
Teaser Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со бомбардирање на Оман доколку го попречи договорот со Иран за Ормускиот Теснец.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска (17.08) се закани дека ќе го бомбардира Оман ако „се испречи“ на договорот со Иран за Ормускиот Теснец и го повика Иран да се предаде.

„Ако Оман се испречи, ќе го бомбардираме до крај“, му рекол Трамп на новинарот на Фокс њус, Треј Јингст, осврнувајќи се на тековните разговори меѓу Оман и Иран за контрола на теснецот, додека Вашингтон, исто така, води свои разговори.

Според објавата на Јингст на X за неговото интервју со американскиот претседател, Трамп рекол и дека Иран треба „да го крене белото знаме на предавање“.

Иран работи на финализирање на договорот со Оман

Иран денеска соопшти дека работи на финализирање на заедничка изјава со Оман за план за управување со транзитот на бродови низ Ормускиот Теснец. Портпаролот на иранската дипломатија, Есмаил Багаеи, на новинарите во Техеран им изјави дека „е постигнато разбирање во врска со мапата на транзитната рута“. Тој не даде дополнителни детали, но деталите што претходно се појавија сугерираат дека договорот ќе го отвори теснецот повторно, со бродови што ќе влегуваат преку рута близу до Иран и ќе излегуваат преку рута близу до Оман. Бродовите ќе транзитираат без да плаќаат такси или патарини во преодниот период. Багаеи призна дека разговорите со Оман одат бавно, „но планиравме, и сè уште планираме, да го финализираме разбирањето во форма на пакет: мапата плус заедничка изјава“.

Објавата на Техеран доаѓа во момент кога истекува 60-дневниот преговарачки период за постигнување мировен договор меѓу САД и Иран, без информации за негово продолжување и со впечаток дека двете страни се подеднакво далеку од договор како и пред два месеца.

Short teaser Трамп се закани со бомбардирање на Оман доколку го попречи договорот со Иран за Ормускиот Теснец
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0::%D0%A2%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BF%20%D1%81%D0%B5%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B8%20%D1%81%D0%BE%20%D0%B1%D0%BE%D0%BC%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B4%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9E%D0%BC%D0%B0%D0%BD%20%D0%B0%D0%BA%D0%BE%20%D0%B3%D0%BE%20%D0%B1%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B0%20%D0%B4%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82%20%D1%81%D0%BE%20%D0%98%D1%80%D0%B0%D0%BD&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78399705&x4=62065926&x5=%D0%A2%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BF%20%D1%81%D0%B5%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B8%20%D1%81%D0%BE%20%D0%B1%D0%BE%D0%BC%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B4%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9E%D0%BC%D0%B0%D0%BD%20%D0%B0%D0%BA%D0%BE%20%D0%B3%D0%BE%20%D0%B1%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B0%20%D0%B4%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82%20%D1%81%D0%BE%20%D0%98%D1%80%D0%B0%D0%BD&x6=0&x7=%2Fmk%2F%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BF-%D1%81%D0%B5-%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%B1%D0%BE%D0%BC%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B4%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D0%BD-%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D0%B3%D0%BE-%D0%B1%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B0-%D0%B4%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82-%D1%81%D0%BE-%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%2Fa-78399705&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260817&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/трамп-се-закани-со-бомбардирање-на-оман-ако-го-блокира-договорот-со-иран/a-78399705?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/78313636_302.jpg
Image caption Трамп денеска се закани дека ќе го бомбардира Оман ако „се испречи“ на договорот со Иран
Image source Bonnie Cash/Sipa USA/picture alliance
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&image=https://static.dw.com/image/78313636_302.jpg&title=%D0%A2%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BF%20%D1%81%D0%B5%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B8%20%D1%81%D0%BE%20%D0%B1%D0%BE%D0%BC%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B4%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9E%D0%BC%D0%B0%D0%BD%20%D0%B0%D0%BA%D0%BE%20%D0%B3%D0%BE%20%D0%B1%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B0%20%D0%B4%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82%20%D1%81%D0%BE%20%D0%98%D1%80%D0%B0%D0%BD

Item 33
Id 78379448
Date 2026-08-15
Title Откриено скриено богатство во Белгија: Злато вредно 9 милиони евра пронајдено во подрумски ѕидови
Short title Белгија: Во подрум пронајдено злато вредно 9 милиони евра
Teaser Златни прачки и монети во вредност од девет милиони евра се појавија во Белгија за време на реновирање на историска зграда. Богатството било заѕидано во ѕидовите на подрумот и сега се наоѓа под надзор на полицијата.

Градежни работници во белгискиот град Дендермонде пронашле злато во вредност од околу девет милиони евра. Полицијата соопшти дека била алармирана од страна на работниците со информација дека откриле „голема количина злато“. Во петокот (14.08), полицијата објави фотографии од околу 50 златни прачки и натрупани златни монети.

Според извештаите на белгиските медиуми, златните прачки и монети биле откриени заѕидани во подрумските ѕидови на објект што припаѓа на добротворна организација. Нивната вредност се проценува на околу девет милиони евра. „Првата реакција“ на тимот била „неверување и восхит“, изјавил еден од работниците за белгискиот радиодифузен сервис ВРТ.

„Налетавме на нив додека изведувавме работи за поставување канализациска цевка“, рекол тој. „Дефинитивно не очекувавме да пронајдеме злато.“

Полицијата предупредува да не се влегува на градилиштето

Полицијата апелираше до граѓаните да се држат подалеку од градилиштето. „Очигледно, некои ловци на богатство би сакале повторно да го посетат местото на пронаоѓање на златото“, соопштија од институцијата, која дури и ја замени својата профилна фотографија на Фејсбук со златна монета.

„Еден златен совет: тоа е апсолутно бесцелно.“ Граѓаните треба да се држат подалеку од обезбеденото градилиште. Таму, како што се вели, веќе нема никакво злато што може да се пронајде.

Short teaser Златни прачки и монети во вредност од 9 милиони евра се појавија во Белгија за време на реновирање на историска зграда.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0::%D0%9E%D1%82%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%B5%D0%BD%D0%BE%20%D1%81%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%B5%D0%BD%D0%BE%20%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%B0%D1%82%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%91%D0%B5%D0%BB%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0%3A%20%D0%97%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BE%20%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%BE%209%20%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B8%20%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%BE%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D1%80%D1%83%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D1%95%D0%B8%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%B8&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78379448&x4=10352&x5=%D0%9E%D1%82%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%B5%D0%BD%D0%BE%20%D1%81%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%B5%D0%BD%D0%BE%20%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%B0%D1%82%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%91%D0%B5%D0%BB%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0%3A%20%D0%97%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BE%20%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%BE%209%20%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B8%20%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%BE%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D1%80%D1%83%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D1%95%D0%B8%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%B8&x6=1&x7=%2Fmk%2F%D0%BE%D1%82%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%B5%D0%BD%D0%BE-%D1%81%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%B5%D0%BD%D0%BE-%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%B0%D1%82%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D0%B1%D0%B5%D0%BB%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BE-%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%BE-9-%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B8-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D1%80%D1%83%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%95%D0%B8%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%B8%2Fa-78379448&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260815&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/откриено-скриено-богатство-во-белгија-злато-вредно-9-милиони-евра-пронајдено-во-подрумски-ѕидови/a-78379448?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/55673645_302.jpg
Image source Karl Mathis/KEYSTONE/dpa/picture alliance
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&image=https://static.dw.com/image/55673645_302.jpg&title=%D0%9E%D1%82%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%B5%D0%BD%D0%BE%20%D1%81%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%B5%D0%BD%D0%BE%20%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%B0%D1%82%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%91%D0%B5%D0%BB%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0%3A%20%D0%97%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BE%20%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%BE%209%20%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B8%20%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%BE%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D1%80%D1%83%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D1%95%D0%B8%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%B8

Item 34
Id 78378405
Date 2026-08-15
Title Трамп сака да го прогласи Ормускиот Теснец за територија на САД, Иран се спротивставува
Short title Трамп: Ќе го прогласам Ормускиот Теснец за територија на САД
Teaser Доналд Трамп изјави дека наскоро ќе го прогласи Ормускиот Теснец за територија на САД. Иран остро ги отфрли неговите тврдења и порача дека теснецот ќе остане под иранска контрола.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „наскоро“ ќе го прогласи Ормускиот Теснец за територија на Соединетите Американски Држави.

„Откако го победивме Иран (...), многу наскоро ќе го прогласам Ормускиот Теснец за територија на Соединетите Американски Држави“, рече тој во петокот (14.08) со насмевка на политички настан во полициска академија во сојузната држава Њујорк.

„Тоа е вистина“, ги нагласи Трамп своите зборови пред воодушевени поддржувачи и полицајци. Сепак, претставник на Белата куќа подоцна, според „Волстрит журнал“, изјавил дека Трамп се шегувал.

Раководството во Техеран веднаш ги отфрли изјавите на Трамп. „Ормускиот Теснец бил ирански, е ирански и ќе остане ирански“, напиша заменик-министерот за надворешни работи Касем Гарибабади денеска на платформата X. Тој додаде дека теснецот, кој е од огромно значење за светската економија, ќе биде „отворен и затворен само по наредба на Иран“.

Ормускиот Теснец е една од најважните спорни точки меѓу Вашингтон и Техеран во напорите за ставање крај на војната. Иран тврди дека од почетокот на конфликтот ја контролира оваа стратешки важна поморска рута за светската трговија. Од друга страна, Трамп во повеќе наврати изјави дека САД ја ставиле под своја контрола.

На настанот во полициската академија, Трамп се осврна и на американската блокада на иранските пристаништа. „Ние ја имаме блокадата. Ниту еден брод не поминува освен ако ние не дозволиме“, уверуваше претседателот.

Вчеравечер, според информации од Обединетите Арапски Емирати, повторно бил нападнат брод на државната нафтена компанија „Аднок“ во Ормускиот Теснец. Компанијата соопшти дека нема повредени. Само една вечер претходно, според Министерството за надворешни работи во Абу Даби, Иран нападнал два брода на „Аднок“ во теснецот.

САД и Израел кон на февруари заеднички го нападнаа Иран и ликвидираа важни членови на раководството, меѓу кои и врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи. Иран возврати со напади врз американски бази во земјите од Персискиот Залив. Освен тоа, Техеран од почетокот на војната речиси целосно го затвори Ормускиот Теснец. Поради тоа, цените на нафтата ширум светот значително пораснаа.

Short teaser Доналд Трамп изјави дека Ормускиот Теснец наскоро ќе стане територија на САД. Иран остро ги отфрли неговите тврдења.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0::%D0%A2%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BF%20%D1%81%D0%B0%D0%BA%D0%B0%20%D0%B4%D0%B0%20%D0%B3%D0%BE%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B8%20%D0%9E%D1%80%D0%BC%D1%83%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%A2%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B5%D1%86%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A1%D0%90%D0%94%2C%20%D0%98%D1%80%D0%B0%D0%BD%20%D1%81%D0%B5%20%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78378405&x4=62065926&x5=%D0%A2%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BF%20%D1%81%D0%B0%D0%BA%D0%B0%20%D0%B4%D0%B0%20%D0%B3%D0%BE%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B8%20%D0%9E%D1%80%D0%BC%D1%83%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%A2%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B5%D1%86%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A1%D0%90%D0%94%2C%20%D0%98%D1%80%D0%B0%D0%BD%20%D1%81%D0%B5%20%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0&x6=0&x7=%2Fmk%2F%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BF-%D1%81%D0%B0%D0%BA%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D0%B3%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B8-%D0%BE%D1%80%D0%BC%D1%83%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%82%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B5%D1%86-%D0%B7%D0%B0-%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B0%D0%B4-%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD-%D1%81%D0%B5-%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0%2Fa-78378405&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260815&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/трамп-сака-да-го-прогласи-ормускиот-теснец-за-територија-на-сад-иран-се-спротивставува/a-78378405?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/78377829_302.jpg
Image caption Доналд Трамп изјави дека Ормускиот Теснец наскоро ќе стане територија на САД
Image source Julia Demaree Nikhinson/AP Photo/picture alliance
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&image=https://static.dw.com/image/78377829_302.jpg&title=%D0%A2%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BF%20%D1%81%D0%B0%D0%BA%D0%B0%20%D0%B4%D0%B0%20%D0%B3%D0%BE%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B8%20%D0%9E%D1%80%D0%BC%D1%83%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%A2%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B5%D1%86%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A1%D0%90%D0%94%2C%20%D0%98%D1%80%D0%B0%D0%BD%20%D1%81%D0%B5%20%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0

Item 35
Id 78365656
Date 2026-08-14
Title Северна Кореја подготвува испраќање до 50.000 војници во Русија: што би значело тоа за војната во Украина?
Short title До 50.000 севернокорејски војници за Русија
Teaser Северна Кореја наводно подготвува испраќање до 50.000 војници во Русија, што би можело значително да влијае врз текот на војната во Украина.

Северна Кореја се подготвува за масовно зголемување на бројот на војници што ќе ѝ помогнат на Русија во војната против Украина, при што на руска територија би можеле да бидат распоредени до 50.000 севернокорејски војници, тврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Кон крајот на јули, украинскиот лидер изјави дека Русија има намера да доведе уште 30.000 севернокорејски војници, а минатиот викенд додаде дека Пјонгјанг донел одлука меѓу 30.000 и 50.000 Севернокорејци да бидат распоредени на руска територија. Тој не прецизираше дали оваа бројка ги вклучува и севернокорејските сили кои веќе учествуваат во конфликтот.

Во изјавите објавени викендов, Зеленски предупреди и дека Северна Кореја стекнува драгоцено искуство во модерното војување. Истовремено, тој ја повика Јужна Кореја да ја засили соработката со Украина во областа на противвоздушната одбрана и беспилотните летала. Само два дена подоцна, Зеленски изјави дека Русија добила нова испорака на севернокорејски балистички ракети, кои наводно биле употребени во напад врз Запорожје.

Севернокорејските сили претрпеа големи загуби во Украина

Русија и Северна Кореја потпишаа договор за одбрана во летото 2024 година , а неколку месеци подоцна Пјонгјанг започна да испраќа борбени единици во Русија. Аналитичарите проценуваат дека досега биле распоредени меѓу 14.000 и 15.000 лица, претежно во областа Курск.

Подоцна, Северна Кореја се согласи да испрати дополнителни 6.000 деминери и воени градежни работници. Според властите во Јужна Кореја и Украина, Пјонгјанг исто така ја снабдува Москва со милиони артилериски гранати и балистички ракети. Јужнокорејските разузнавачки служби проценуваат дека околу 6.000 севернокорејски војници биле убиени или ранети.

Во четвртокот, јапонската агенција „Кјодо њуз", повикувајќи се на украинското воено разузнавање, објави потврда за претстојното значително зголемување на бројот на севернокорејски сили. Според украински извори, до крајот на ноември во Русија би можеле да бидат распоредени до 50.000 севернокорејски војници.

Се наведува дека тие би ги презеле задачите во руските региони Курск, Брјанск и Белгород, со што би се ослободиле руски единици за операции на фронтот во Украина.

Се чини дека ова сценарио станува реалност"

Јужнокорејскиот пратеник Ју Јонг Вон за Дојче Веле изјави дека воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја станува сè поинтензивна.

Ју е поранешен воен новинар кој ја посетил Украина во 2025 година и повторно во февруари оваа година. Тој рече дека за време на неговата последна посета слушнал тврдења за можното масовно распоредување на севернокорејски сили.

„Загрижен сум затоа што се чини дека ова сценарио станува реалност", изјави тој за Дојче Веле.

Ју посочи дека бројка од 30.000 до 50.000 војници би била значително поголема од првичниот контингент од околу 20.000 војници и придружни сили.

„Дали навистина ќе дојде до дополнително распоредување од такви размери останува да се види", рече Ју, додавајќи дека континуираното продлабочување на соработката меѓу Пјонгјанг и Москва бара поголемо внимание од страна на владата и армијата на Јужна Кореја.

Дали Севернокорејците ќе ги ослободат руските сили за фронтот?

Хан Ки Бум, поранешен заменик-директор на Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја, исто така повика на претпазливост.

„Украина првично говореше за дополнителни 30.000 лица, а потоа проценката ја зголеми на 50.000 без да објави детални докази за планираното распоредување", изјави тој за Дојче Веле.

Според Хан, Северна Кореја располага со доволно човечки ресурси за да реализира вакво распоредување без значително да ги ослаби сопствените одбранбени капацитети.

„Иако војната во голема мера е во ќор-сокак, секоја држава што води долготрајна војна ќе чувствува недостиг од човечки ресурси", оценува Хан.

Тој додава дека севернокорејската пешадија би можела да ги обезбедува руските позадински позиции, што ќе овозможи повеќе руски војници да бидат префрлени на фронтот во Украина.

Руски функционери во повеќе наврати позитивно зборуваа за севернокорејските војници.

„Од ваквата соработка корист има и Северна Кореја. Нејзините сили стекнуваат искуство во војување во 21 век, а воедно тестираат оружје во реални борбени услови. Подлабоката соработка може да ѝ овозможи на Северна Кореја поголем пристап до руско знаење во областа на ракетната технологија, поморските системи и противвоздушната одбрана", вели Хан.

Безбедносниот експерт проценува дека од околу 6.000 севернокорејски жртви, приближно 2.000 би можеле да бидат загинати.

„Се верува дека меѓу 1.000 и 2.000 борци и инженери се вратиле дома, при што ветераните и семејствата на загинатите наводно добиле станови и други поволности", додава Хан.

Според него, севернокорејските сили претрпеле тешки загуби на почетокот, но станале поефикасни како што се прилагодувале на условите на бојното поле.

„Нивниот агресивен стил на борба можеби објаснува зошто Путин и други руски претставници ја пофалија нивната храброст", рече Хан.

И севернокорејски жени заминуваат во Русија

Ан Чан Ил, директор на Светскиот институт за студии за Северна Кореја и поранешен севернокорејски војник, смета дека „распоредување на 50.000 војници е воено изводливо“ и дека Пјонгјанг би испратил „елитни сили за специјални операции“.

„Севернокорејските специјални сили се особено вешти во извидување, изненадни напади и заседи, а своите борбени способности веќе ги покажаа на фронтот во Курск, што ги прави привлечни за руската армија“, изјави Ан, кој пребегал од Северна Кореја во 1979 година.

Тој додава дека доколку бидат испратени 30.000 војници, контингентот најверојатно нема да биде составен само од специјалци, туку и од пешадија, инженери, градежни работници и женски медицински персонал.

„Неодамна беа забележани севернокорејски жени кои заминуваат за Русија, но сè уште не е јасно дали се испраќаат за реконструкциски работи или како медицински персонал“, рече тој.

Ветераните би можеле да донесат драгоцено борбено искуство во Северна Кореја

Според Ан, преживеаните војници би можеле да донесат вредно борбено знаење назад во Северна Кореја.

„Некои од нив би можеле да станат подофицери или инструктори и да ги пренесуваат лекциите научени од војувањето со дронови, извидувачките операции и другите аспекти на конфликтот во Украина низ целата армија“, вели тој.

Сепак, Ан предупредува и на потенцијалните ризици за режимот во Пјонгјанг.

„Младите војници се изложени на живот надвор од едно од најизолираните општества во светот. Уште поважно, наглиот раст на бројот на жртви би можел да го отежни претставувањето на војната како успешна приказна“, додава тој.

„Ограничен број загинати војници може да бидат славени како херои. Но, десетици илјади загинати и ранети би можеле да остават зад себе ожалостени семејства и воени инвалиди, претворајќи го борбеното искуство на Северна Кореја во внатрешен товар за државата“, заклучува Ан.

Short teaser Северна Кореја подготвува испраќање до 50.000 војници во Русија, предупредува украинскиот претседател Зеленски.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0::%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%B5%D1%98%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B3%D0%BE%D1%82%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0%20%D0%B8%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%B4%D0%BE%2050.000%20%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%A0%D1%83%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0%3A%20%D1%88%D1%82%D0%BE%20%D0%B1%D0%B8%20%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%B5%D0%BB%D0%BE%20%D1%82%D0%BE%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%A3%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%B8%D0%BD%D0%B0%3F%20&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78365656&x4=62065926&x5=%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%B5%D1%98%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B3%D0%BE%D1%82%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0%20%D0%B8%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%B4%D0%BE%2050.000%20%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%A0%D1%83%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0%3A%20%D1%88%D1%82%D0%BE%20%D0%B1%D0%B8%20%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%B5%D0%BB%D0%BE%20%D1%82%D0%BE%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%A3%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%B8%D0%BD%D0%B0%3F%20&x6=0&x7=%2Fmk%2F%D1%81%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B5%D1%98%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B3%D0%BE%D1%82%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%B8%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%B4%D0%BE-50-000-%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D1%80%D1%83%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%B1%D0%B8-%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%B5%D0%BB%D0%BE-%D1%82%D0%BE%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D1%83%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%B8%D0%BD%D0%B0%2Fa-78365656&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260814&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/северна-кореја-подготвува-испраќање-до-50-000-војници-во-русија-што-би-значело-тоа-за-војната-во-украина/a-78365656?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/76947268_302.jpg
Image caption Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун им оддаде почит на војниците загинати во војната во Украина при отворањето на музеј во април 2026 година
Image source KCNA/REUTERS
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&image=https://static.dw.com/image/76947268_302.jpg&title=%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%B5%D1%98%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B3%D0%BE%D1%82%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0%20%D0%B8%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%B4%D0%BE%2050.000%20%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%A0%D1%83%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0%3A%20%D1%88%D1%82%D0%BE%20%D0%B1%D0%B8%20%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%B5%D0%BB%D0%BE%20%D1%82%D0%BE%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%A3%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%B8%D0%BD%D0%B0%3F

Item 36
Id 78361463
Date 2026-08-14
Title Суд во САД ја отфрли тужбата против Харвард за антисемитизам
Short title Суд во САД ја отфрли тужбата против Харвард за антисемитизам
Teaser Администрацијата на Трамп минатата година претрпе пораз во правен спор со елитниот универзитет Харвард. Сега, повторно не успеа на суд. Во центарот на проблемот беше обвинението за антисемитизам.

Суд во Бостон ја отфрли тужбата на американската влада против Универзитетот Харвард поради обвинувања за антисемитизам. Судијата Ричард Стирнс ја образложи одлуката со тоа што наведените инциденти во тужбата биле „премногу изолирани и епизодни“ за да се докаже дека на универзитетот до денес се прекршува законот. Тој посочи дека тужбата главно се однесува на настани од периодот меѓу 2023 и 2024 година.

Министерството за правда на САД во март соопшти дека ја тужи високошколската установа поради дискриминација на еврејски и израелски студенти. Според наводите, по терористичките напади на Хамас во октомври 2023 година, универзитетот толерирал „антисемитски толпи“ и недоволно ги заштитил студентите кои биле изложени на закани. Тогашната министерка за правда Пем Бонди изјави дека тужбата ја нагласува целта на владата да бара поголема ангажираност од универзитетите и повеќе да не толерира дискриминација.

Овој конфликт е дел од поширокиот судир меѓу администрацијата на Доналд Трамп и елитните универзитети, при што Харвард беше особено изложен на притисок. Белата куќа обвинува делови од академската заедница за леволиберална ориентација и за недоволни мерки против антисемитизмот, а воедно се обидува да врши политичко влијание преку државното финансирање.

На Харвард привремено му беа укинати државните средства за истражување, но федерален суд минатата година го прогласи тоа за незаконски и наложи средствата повторно да бидат ставени на располагање.

Short teaser Тужбата на американската влада против Харвард е отфрлена. Судот оцени дека нема доволно докази за антисемитизам .
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0::%D0%A1%D1%83%D0%B4%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%A1%D0%90%D0%94%20%D1%98%D0%B0%20%D0%BE%D1%82%D1%84%D1%80%D0%BB%D0%B8%20%D1%82%D1%83%D0%B6%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2%20%D0%A5%D0%B0%D1%80%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B4%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%81%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BC&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78361463&x4=62065926&x5=%D0%A1%D1%83%D0%B4%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%A1%D0%90%D0%94%20%D1%98%D0%B0%20%D0%BE%D1%82%D1%84%D1%80%D0%BB%D0%B8%20%D1%82%D1%83%D0%B6%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2%20%D0%A5%D0%B0%D1%80%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B4%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%81%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BC&x6=0&x7=%2Fmk%2F%D1%81%D1%83%D0%B4-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%B0%D0%B4-%D1%98%D0%B0-%D0%BE%D1%82%D1%84%D1%80%D0%BB%D0%B8-%D1%82%D1%83%D0%B6%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2-%D1%85%D0%B0%D1%80%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B4-%D0%B7%D0%B0-%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%81%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BC%2Fa-78361463&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260814&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/суд-во-сад-ја-отфрли-тужбата-против-харвард-за-антисемитизам/a-78361463?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/72651103_302.jpg
Image caption Харвард беше особено изложен на притисок од страната на владата на Трамп
Image source Charles Krupa/AP/dpa/picture alliance
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&image=https://static.dw.com/image/72651103_302.jpg&title=%D0%A1%D1%83%D0%B4%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%A1%D0%90%D0%94%20%D1%98%D0%B0%20%D0%BE%D1%82%D1%84%D1%80%D0%BB%D0%B8%20%D1%82%D1%83%D0%B6%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2%20%D0%A5%D0%B0%D1%80%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B4%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%81%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BC

Item 37
Id 78335569
Date 2026-08-12
Title Во САД почнува голем судски процес против Инстаграм и Фејсбук
Short title Во САД почнува судски процес против Инстаграм и Фејсбук
Teaser Во Калифорнија започнува голем судски процес против компанијата Мета. Американски сојузни држави тврдат дека Инстаграм и Фејсбук создаваат зависност кај младите и бараат казна до 1,4 билиони долари.

Во Оукленд, Калифорнија, денеска (12.08) почнува судскиот процес против компанијата „Мета“, која е обвинета дека преку своите онлајн мрежи Инстаграм и Фејсбук создавазависност кај малолетници и со тоа им предизвикува психички нарушувања.

Четири американски сојузни држави бараат воведување строги ограничувања на функциите на Инстаграм и Фејсбук, како што се бесконечното скролање и прекумерно честите известувања.

Дополнително, државните обвинители на Калифорнија, Колорадо, Кентаки и Њу Џерси бараат парична казна до 1,4 билиони долари (1,2 илјади милијарди евра), сума која е речиси еднаква на пазарната вредност на компанијата Мета. Покрај тоа, Мета би можела да биде принудена да промени или исклучи некои функции на Фејсбук и Инстаграм.

Денеска во 8:30 часот по локално време (17:30 часот по средноевропско време) најпрво ќе биде избрана поротата, која ќе има советодавна улога. Судската постапка, која се очекува да трае околу шест недели, треба да започне во вторник следната недела. Пресудата се очекува на почетокот на октомври.

Технолошката компанија постојано ги негира обвинувањата. Мета изрази увереност дека доказите ќе ја покажат нејзината долгогодишна посветеност на поддршката на младите луѓе. „Ги сослушавме родителите, соработувавме со експерти и агенции за спроведување на законот и спроведовме длабински истраги за да ги разбереме клучните прашања“, се вели оттаму. Обвинението за заблуда на потрошувачите во врска со потенцијалните опасности е неосновано, тврди компанијата, бидејќи „зависноста од социјалните медиуми“ не е признато психичко заболување.

Поттик за истрагите против Мета беа изјавите на поранешната вработена Френсис Хоген. Таа во 2021 година сведочеше пред комисија на Сенатот дека компанијата, водена од стремежот за поголем профит, свесно се откажува од подобрување на заштитата на младите корисници.

„Мета знае дека нејзините платформи им штетат на децата и младите, но и понатаму прави сѐ тие да останат зависни од нив“, нагласи државната обвинителка на Њу Џерси, Џенифер Девенпорт, во соопштение по повод актуелниот судски процес. „Нашите деца не се податоци од кои смее да се заработува.“

По сведочењето на Хоген, јавниот и политичкиот притисок врз операторите на онлајн платформите постојано расте. Според анкетата на Ројтерс/Ипсос објавена минатата недела, 85 проценти од Американците сметаат дека социјалните мрежи можат да предизвикаат зависност кај децата. Дополнително, 61 процент од испитаниците поддржуваат построг надзор врз овие платформи.

Short teaser Американски сојузни држави тврдат дека Инстаграм и Фејсбук создаваат зависност кај младите и бараат огромна казна.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9E%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE::%D0%92%D0%BE%20%D0%A1%D0%90%D0%94%20%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%20%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC%20%D1%81%D1%83%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%86%D0%B5%D1%81%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2%20%D0%98%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BC%20%D0%B8%20%D0%A4%D0%B5%D1%98%D1%81%D0%B1%D1%83%D0%BA%20&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78335569&x4=62065928&x5=%D0%92%D0%BE%20%D0%A1%D0%90%D0%94%20%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%20%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC%20%D1%81%D1%83%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%86%D0%B5%D1%81%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2%20%D0%98%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BC%20%D0%B8%20%D0%A4%D0%B5%D1%98%D1%81%D0%B1%D1%83%D0%BA%20&x6=0&x7=%2Fmk%2F%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%B0%D0%B4-%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC-%D1%81%D1%83%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%86%D0%B5%D1%81-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2-%D0%B8%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BC-%D0%B8-%D1%84%D0%B5%D1%98%D1%81%D0%B1%D1%83%D0%BA%2Fa-78335569&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260812&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9E%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE" />
Item URL https://www.dw.com/mk/во-сад-почнува-голем-судски-процес-против-инстаграм-и-фејсбук/a-78335569?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/77410335_302.jpg
Image caption Неколку американски сојузни држави тврдат дека Инстаграм и Фејсбук создаваат зависност кај младите и бараат огромна казна
Image source Andre M. Chang/ZUMA/picture alliance
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&f=https://tvdownloaddw-a.akamaihd.net/Events/mp4/vdt_mk/2024/blkbmaz241213_blkbmaz241213_smbanmaz-ltr-ver_01icw_vert_AVC_640x360.mp4&image=https://static.dw.com/image/77410335_302.jpg&title=%D0%92%D0%BE%20%D0%A1%D0%90%D0%94%20%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%20%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC%20%D1%81%D1%83%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%86%D0%B5%D1%81%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2%20%D0%98%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BC%20%D0%B8%20%D0%A4%D0%B5%D1%98%D1%81%D0%B1%D1%83%D0%BA

Item 38
Id 78329879
Date 2026-08-12
Title Удар за Трамп: Суд ги запре плановите на американскиот претседател за гласање по пошта
Short title Суд ги запре плановите на Трамп за гласање по пошта
Teaser Федерален суд во САД ги блокираше плановите на Доналд Трамп за построги правила за гласање по пошта во сите 50 сојузни држави, предупредувајќи на можен хаос пред ноемвриските избори.

На помалку од три месеци пред парламентарните избори во САД, федерална судијка привремено ги блокираше плановите на претседателот Доналд Трамп за заострување на правилата за гласање по пошта, со важност на национално ниво. Судот во Бостон ја прошири претходната привремена забрана за предложените правила од досегашните 23 на сите 50 сојузни држави. Дополнително, судот утврди дека владата нема право да ги регулира изборите.

Трамп сака својот план да го спроведе уште пред изборите за Конгресот во ноември. Додека тој тврди дека промените се неопходни за да се спречи наводна изборна измама, критичарите сметаат дека вистинската цел е намерно да се отежни гласањето на избирачите кои традиционално ги поддржуваат Демократите. Последниот збор за ова прашање ќе го има Врховниот суд на САД: Министерството за правда неодамна поднесе итно барање до највисокиот суд за да добие зелено светло за сеопфатните измени во изборното законодавство.

Станува збор за испраќање материјали за гласање по пошта

На крајот на март, Трамп нареди Американската поштенска служба (УСПС) да испраќа материјали за гласање по пошта само до лица кои се наоѓаат на списоци изготвени од сојузните држави. Со тоа, поштенската служба би преминала од обичен доставувач на изборни материјали во контролор на изборниот процес. Деталните правила сè уште требаше да бидат разработени. Со привремената мерка, судот ѝ забрани на УСПС да ја спроведе наредбата на Трамп.

На 3 ноември, на таканаречените „Midterms“ (меѓуизбори), повторно ќе се избираат околу една третина од Сенатот и целиот Претставнички дом. Поради тесното мнозинство на Републиканците во двата дома на парламентот, секој поединечен мандат може да биде одлучувачки за тоа кој ќе ја има контролата врз Конгресот и дали Демократите ќе можат да ги блокираат клучните политички иницијативи на Трамп и неговите Републиканци.

Судот: Наредбата на Трамп може да предизвика хаос

Судијката во Бостон нагласи дека постојната состојба мора да остане непроменета за претстојните избори. Таа истакна дека останува сè помалку време гласачите да бидат информирани како построгите правила би влијаеле врз нив доколку сакаат да гласаат по пошта. Според неа, плановите на Трамп создаваат конфузија и постои ризик од хаос. Тужбата ја поднесоа непартиски организации кои, како што наведуваат, имаат цел да ја зголемат излезноста на изборите.

Трамп со години шири недоверба во правичноста на изборите во САД. Тој постојано тврди дека му била украдена победата на претседателските избори во 2020 година, иако тие тврдења повеќепати биле демантирани и побиени.

Short teaser Федерален суд во САД ги блокираше плановите на Доналд Трамп за построги правила за гласање по пошта.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0::%D0%A3%D0%B4%D0%B0%D1%80%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%A2%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BF%3A%20%D0%A1%D1%83%D0%B4%20%D0%B3%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D1%80%D0%B5%20%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BF%D0%BE%20%D0%BF%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B0&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78329879&x4=62065926&x5=%D0%A3%D0%B4%D0%B0%D1%80%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%A2%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BF%3A%20%D0%A1%D1%83%D0%B4%20%D0%B3%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D1%80%D0%B5%20%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BF%D0%BE%20%D0%BF%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B0&x6=0&x7=%2Fmk%2F%D1%83%D0%B4%D0%B0%D1%80-%D0%B7%D0%B0-%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BF-%D1%81%D1%83%D0%B4-%D0%B3%D0%B8-%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D1%80%D0%B5-%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB-%D0%B7%D0%B0-%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BF%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B0%2Fa-78329879&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260812&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/удар-за-трамп-суд-ги-запре-плановите-на-американскиот-претседател-за-гласање-по-пошта/a-78329879?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/70706218_302.jpg
Image caption Судијката во Бостон нагласи дека постојната состојба мора да остане непроменета за претстојните избори. Според неа, плановите на Трамп создаваат конфузија и постои ризик од хаос.
Image source Matt Slocum/AP Photo/picture alliance
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&image=https://static.dw.com/image/70706218_302.jpg&title=%D0%A3%D0%B4%D0%B0%D1%80%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%A2%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BF%3A%20%D0%A1%D1%83%D0%B4%20%D0%B3%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D1%80%D0%B5%20%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BF%D0%BE%20%D0%BF%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B0

Item 39
Id 78316269
Date 2026-08-11
Title Пактот од Мека меѓу Саудиска Арабија, Турција и Пакистан: Дали новиот одбранбен сојуз е насочен кон Иран и Израел?
Short title Кого го таргетира новиот пакт од Мека?
Teaser Пактот од Мека, потпишан од Саудиска Арабија, Турција и Пакистан, има цел да спречи регионална доминација на Иран и Израел, сметаат аналитичарите.

Пактот од Мека меѓу Саудиска Арабија, Турција и Пакистан: Кого всушност таргетира новиот одбранбен сојуз?

Набљудувачите сметаат дека новиот сојуз меѓу Саудиска Арабија, Турција и Пакистан нема да резултира со тоа земјите меѓусебно да војуваат една за друга. Наместо тоа, според нив, целта е да се спречи воспоставување регионална доминација од страна на Иран и Израел.

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија во петокот формализираа историски одбранбен пакт, потпишувајќи договор чија цел е „зајакнување на колективното одвраќање од каков било чин на агресија“.

Таканаречениот „Заеднички одбранбен договор од Мека“ меѓу трите држави со мнозинско сунитско муслиманско население треба да ја зголеми соработката во услови на регионална неизвесност и закани поврзани со војната со Иран.

Договорот беше потпишан во Мека од саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.

Сојузот веќе е споредуван со НАТО, а пакистанското Министерство за надворешни работи во петокот (7.08) соопшти дека напад врз една членка ќе се смета за напад врз сите.

Сепак, експертите и аналитичарите брзо посочија дека договорот најверојатно нема да функционира на тој начин, барем не во почетната фаза.

На пример, за време на викендот јеменската бунтовничка група Хути повторно нападна саудиски нафтени капацитети. Хутите ја сметаат Саудиска Арабија за свој непријател и воедно се блиски со Иран. Техеран, исто така, ја таргетираше Саудиска Арабија откако САД и Израел го нападнаа Иран и ја започнаа војната кон крајот на февруари, бидејќи Саудијците ги смета за американски сојузници.

Но, по нападите на Хутите за време на викендот, ниту Турција ниту Пакистан не застанаа во директна одбрана на Саудиска Арабија. Аналитичарите не очекуваат тие да го нападнат Иран. Напротив, Пакистан во моментов има улога на посредник меѓу Иран и САД.

„Еластичен одбранбен пакт“ и стратегија за одвраќање

Овој аранжман треба повеќе да служи како средство за одвраќање и како „еластичен одбранбен пакт“, изјави за ДВ кон крајот на минатата недела Данија Тафер, извршна директорка на тинк-тенкот „Голф интернешнл форум“ со седиште во Вашингтон.

„Ако ги погледнете потписниците на договорот, ќе видите дека Саудиска Арабија е во центарот на овој конфликт. Но тука се и Турција и Пакистан, кои истовремено имаат односи и со Иран и со Соединетите Американски Држави. Според мене, тоа претставува дополнителен слој на одвраќање за Саудиска Арабија“, објасни Тафер.

„Мислам дека Саудиска Арабија се ориентира кон повеќеслоен пристап за одвраќање од регионалните закани како што тие ќе се појавуваат.“

Камран Бокхари, висок соработник во Советот за блискоисточна политика во Вашингтон, за ДВ изјави дека новиот сојуз најверојатно ќе се развива низ повеќе фази, при што краткорочната цел е „стабилизиран регион“.

Трансфер на технологии и инвестиции како долгорочна цел

Според други експерти, долгорочните цели на пактот ќе бидат поврзани со одбранбена соработка, а не со заедничко учество во воени конфликти.

„Трите држави се надополнуваат на исклучително добар начин“, изјави за агенцијата Франс прес Андреас Криг, предавач по безбедност на Кралскиот колеџ во Лондон.

Тој објаснува дека Саудиска Арабија располага со огромно нафтено богатство, но има ограничени одбранбени технологии и досега силно се потпираше на САД. Од друга страна, Турција и Пакистан имаат потреба од инвестиции, но располагаат со моќни вооружени сили, а Турција има и развиен одбранбено-индустриски сектор. Пакистан е единствената земја меѓу трите што поседува нуклеарно оружје.

„Турција има технологии и производствени капацитети, но ѝ се потребни пазари и инвестиции. Пакистан располага со работна сила, воени институции и нуклеарно одвраќање, но има потреба од финансии и индустриски капацитети“, истакна Криг.

Кого го таргетира пактот од Мека?

Турски функционер, цитиран од Ројтерс, изјави дека договорот има исклучиво одбранбен карактер и е отворен за сите соседни земји кои би сакале да му се приклучат.

Како потенцијален партнер често се споменува Египет, иако Каиро мора да ги земе предвид и своите други сојузништва, вклучително и односите со Обединетите Арапски Емирати. Емиратите засега не се приклучија на иницијативата, а односите меѓу Абу Даби и Ријад моментално се затегнати.

Турскиот функционер нагласи и дека пактот не ги заменува ниту ги поништува претходните билатерални или мултилатерални договори на потписниците, ниту пак е насочен против конкретен актер или закана.

Сепак, речиси нема сомнеж дека договорот се доживува како средство за одвраќање, пред сè кон две држави: Иран и Израел.

Калид ал Џабер, директор на Советот за глобални прашања на Блискиот Исток со седиште во Доха, во неделна колумна за катарската телевизија „Ал Џазира“ напиша дека целите на пактот од Мека не се поврзани со воена победа.

„Станува збор за спречување на хегемонија“, оцени тој.

„Намаленото американско влијание би можело да доведе до регионален поредок во кој правилата ќе ги диктираат само две сили: Израел и Иран“, предупреди Ал Џабер.

„Пактот од Мека најдобро може да се разбере како рана иницијатива за создавање трета оска, блок кој нема потреба да војува ниту со едната ниту со другата сила, но има доволна тежина за да спречи која било од нив да воспостави монопол врз регионот.“

Како реагира Израел?

Две од трите држави потписнички, Саудиска Арабија и Пакистан, не го признаваат Израел и немаат официјални дипломатски односи со него, иако во случајот на Саудиска Арабија се претпоставува постоење на неформални контакти.

Турција го признава Израел, но односите се сериозно нарушени поради израелските операции во Газа, кои Анкара ги опиша како геноцид.

Претседателот Ердоган минатата недела изјави дека и активностите на Израел во Сирија и Либан претставуваат закана за турската безбедност.

„Овој развој на настаните претставува значителен предизвик за Израел, ја оттурнува можноста за нормализација на односите со Ријад и ја прекинува визијата за ‘нов Блиски Исток’“, напиша Ошрит Бирвадкер, истражувач во Ерусалимскиот институт за стратегија и безбедност, во саботна анализа за „Израел Хајом“.

Таа смета дека новиот трилатерален сојуз дополнително ќе го засили растечкото ривалство и тензии меѓу Турција и Израел.

Поделени реакции во Иран

Институтот за национални безбедносни студии при Универзитетот во Тел Авив анализираше како Иран реагира на новиот договор.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи не изгледаше особено вознемирен од формирањето на пактот. На социјалната мрежа X тој порача:

„Кога муслиманите стојат заедно, можеме да се соочиме со секој предизвик што доаѓа од злонамерни надворешни актери.“

Набљудувачите го толкуваа ова како позитивен сигнал и дел од аргументацијата на Иран за намалување на американското влијание во регионот.

Некои ирански аналитичари сметаат дека Саудиска Арабија можеби се обидува да ги искористи подобрите односи што Турција и Пакистан ги имаат со Иран, со цел да ја зголеми сопствената безбедност од потенцијални ирански напади.

Други ирански политичари, пак, беа покритични, оценувајќи дека Саудиска Арабија не била безбедна со САД како сојузник и дека нема да биде побезбедна ниту со Турција и Пакистан.

Short teaser Пактот од Мека меѓу Саудиска Арабија, Турција и Пакистан има цел да спречи регионална доминација.
Analytics pixel
<img width="1" height="1" alt="" src="http://logc279.xiti.com/hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0::%D0%9F%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%82%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%9C%D0%B5%D0%BA%D0%B0%20%D0%BC%D0%B5%D1%93%D1%83%20%D0%A1%D0%B0%D1%83%D0%B4%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%90%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%B8%D1%98%D0%B0%2C%20%D0%A2%D1%83%D1%80%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B8%20%D0%9F%D0%B0%D0%BA%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%3A%20%D0%94%D0%B0%D0%BB%D0%B8%20%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%BE%D0%B4%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B1%D0%B5%D0%BD%20%D1%81%D0%BE%D1%98%D1%83%D0%B7%20%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%BE%D1%87%D0%B5%D0%BD%20%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%98%D1%80%D0%B0%D0%BD%20%D0%B8%20%D0%98%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%3F%20&di=&an=&ac=&x1=1&x2=20&x3=78316269&x4=62065926&x5=%D0%9F%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%82%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%9C%D0%B5%D0%BA%D0%B0%20%D0%BC%D0%B5%D1%93%D1%83%20%D0%A1%D0%B0%D1%83%D0%B4%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%90%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%B8%D1%98%D0%B0%2C%20%D0%A2%D1%83%D1%80%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B8%20%D0%9F%D0%B0%D0%BA%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%3A%20%D0%94%D0%B0%D0%BB%D0%B8%20%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%BE%D0%B4%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B1%D0%B5%D0%BD%20%D1%81%D0%BE%D1%98%D1%83%D0%B7%20%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%BE%D1%87%D0%B5%D0%BD%20%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%98%D1%80%D0%B0%D0%BD%20%D0%B8%20%D0%98%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%3F%20&x6=0&x7=%2Fmk%2F%D0%BF%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%BE%D0%B4-%D0%BC%D0%B5%D0%BA%D0%B0-%D0%BC%D0%B5%D1%93%D1%83-%D1%81%D0%B0%D1%83%D0%B4%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%82%D1%83%D1%80%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B8-%D0%BF%D0%B0%D0%BA%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD-%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%B8-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BE%D0%B4%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B1%D0%B5%D0%BD-%D1%81%D0%BE%D1%98%D1%83%D0%B7-%D0%B5-%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%BE%D1%87%D0%B5%D0%BD-%D0%BA%D0%BE%D0%BD-%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD-%D0%B8-%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%2Fa-78316269&x8=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste&x9=20260811&x10=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste::%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%3A%3A%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0" />
Item URL https://www.dw.com/mk/пактот-од-мека-меѓу-саудиска-арабија-турција-и-пакистан-дали-новиот-одбранбен-сојуз-е-насочен-кон-иран-и-израел/a-78316269?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste
Image URL (460 x 259) https://static.dw.com/image/78279521_302.jpg
Image caption Одбранбениот договор го потпишаа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган (лево), саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман (во средината) и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф
Image source Murat Cetinmuhurdar/Turkish Presidential Press Office/Handout/REUTERS
RSS Player single video URL https://rssplayer.dw.com/index.php?lg=maz&pname=&type=abs&image=https://static.dw.com/image/78279521_302.jpg&title=%D0%9F%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%82%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%9C%D0%B5%D0%BA%D0%B0%20%D0%BC%D0%B5%D1%93%D1%83%20%D0%A1%D0%B0%D1%83%D0%B4%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%90%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%B8%D1%98%D0%B0%2C%20%D0%A2%D1%83%D1%80%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B8%20%D0%9F%D0%B0%D0%BA%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%3A%20%D0%94%D0%B0%D0%BB%D0%B8%20%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%BE%D0%B4%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B1%D0%B5%D0%BD%20%D1%81%D0%BE%D1%98%D1%83%D0%B7%20%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%BE%D1%87%D0%B5%D0%BD%20%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%98%D1%80%D0%B0%D0%BD%20%D0%B8%20%D0%98%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%3F